Европската ракометна федерација, ЕХФ, го презентираше дизајнот на новиот трофеј наменет за победникот во Лигата на шампионите, и тој ќе биде ист за шампионите и во машка и во женска конкуренција.
Трофејот е топка која ја погодува мрежата, но истотака може да симболизира и гол во било кој друг спорт кој се игра со топка и гол. Само знакот на ЛШ на ЕХФ покажува дека станува збор за ракомет.
Дизајнот со направила една шпанска компанија, а изборот го правело жири составено од 27 луѓе од 12 земји. Главна карактеристика му е што за изработката се користени рециклирани материјали.
Во изминатите десет години, откако фајнал-форите се играат во Келн, европскиот првак креваше пехар кој беше во вид на рака која држи топка, и тоа повеќе асоцираше на ракомет.