Дончиќ се врати на теренот и одигра спектакуларно

Навивачите на Далас имаа двојна причина за славење. Нивниот тим победи, и тоа убедливо против Сакраменто со 130:111, а на теренот по повредата се врати и Лука Дончиќ. Словенецот пропушти неколку дуели поради повреда на глуждот на ногата, но дека таа повреда е минато, покажа со постигнување на 33 поени за 32 минути поминати на теренот.

Дончиќ беше прв стрелец на мечот, и тоа со одличен шут од поле погодувајќи 10 од 18 удари, додека од линијата за слободни фрлања шутираше 10 од 12, а имаше и осум асистенции. Покрај Дончиќ, одличен кај Далас беше и Кристапс Порзингис со 27 поени, 13 скока и 5 асистенции, па кога Словенецот и Летонецот ќе се разиграат, нема спас за противниците.

Дончиќ имаше и еден магичен потег во стилот на Харлем Глобтротерси, а тој потег може да го погледнете ТУКА.

Резултати: Кливленд – Аталанта 127:105, Орландо – Детроит 116:112 по продолжение, Бруклин – Торонто 101:91, Индијана – Милвоки 118:111, Њујорк – Вашингтон 96:114, Мемфис – Портланд 111:104, Минесота – Шарлот 108:115, Далас – Сакраменто 130:111, Феникс – Голден стејт 112:106, Јута – Мајами 116:101, Денивер – ЛА лејкерс 116:120.

 

- Оглас -

Најнови вести