Кога денеска би се завршила сезоната во кошаркарската Суперлига на Македонија, најтрофејниот клуб според бројот на шампионски титули, Работнички, би испаднал во втора лига.
Работнички рано попладнево загуби од директниот ривал Феникс 2010 со 77-83 и има само теоретски шанси да влезе во топ 6 екипи кои ќе се борат за влез во плејофот. Центарци многу пореално е да бидат во плејаутот каде истотака ќе има шест тима, од кои три ќе испаднат во втора лига.
Ангели се еден сигурен иден второлигаш, и Гостивар е „печен“ за испаѓање ако не направи некое чудо, а за третиот патник ќе се води голема борба. Феникс и Работнички имаат по 7 победи, пред нив е Тиквеш со 8, а кавадарчан имаат и еден меч помалку. На овие тимови, претстојните три-четири меча во првата и потоа уште пет во следната фаза, ќе им бидат пресудни.

