Фетел ја објасни целата ситуација и се чуди како пред очи му ја украдоа победата

Луис Хамилтон синоќа стигна до петтата победа во седмата трка сезонава во Формула 1 шампионатот. Хамилтон се радуваше, иако прв низ целта помина Себастијан Фетел. Сепак, Фетел беше казнет со пет секунди поради инцидентот кој се случи во 48-миот круг. Германецот за кратко излета од патеката, а потоа се врати и успеа да затвори да не го помине Хамилтон. Но овој потег на Фетел беше оценет како прекршок од страна на стјуардите, па на крајот Германецот заврши на второто место.

По инцидентот и одлуката да биде казнет со пет секунди, Фетел беше многу лут, па преку тимското радио порача: „Каде по ѓаволите требаше да одам? Имав трева на тркалата. Грешка на Хамилтон е што сакаше да ме затвори. Да тргнеше од внатрешната страна, ќе ме поминеше“, објаснуваше Фетел, а потоа од тимското радио доби совет да остане фокусиран. „Фокусиран сум, но ни ја крадат победата пред очи“, додаде Фетел.

Германецот беше многу лут по трката, па дури и сам си се прогласи за победник. 

Хамилтон, кој само ја продолжи доминацијата сезонава, кога застана на пиедесталот, покрај себе го повика да застане и Фетел. 

- Оглас -

Најнови вести