Хамилтон со својот потег покажа дека е голем шампион (Видео)

Актуелниот шампион на Ф1, Луис Хамилтон, како втор ја заврши трката за Големата награда на Канада, но на крајот беше највисоко на пиедесталот. Британецот е победник на трката во Монтреал откако Себастијан Фетел, кој прв помина на целта, беше казнет со пет секунди поради попречување на Британецот.

Многу контроверзии предизвика моментот од 48-миот круг. Фетел за кратко загуби контрола над болидот, излета во тревата, а кога се врати на патеката, практично го затвори Хамилтон да не го помине. Стјуардите одлучија дека тоа е потег кој треба да биде казнет, па на времето на Германецот на крајот му беа додадени пет секунди и затоа заврши како втор.

Фетел беше премногу лут поради оваа одлука и сметаше дека стјуардите му ја украдоа победата, па реши сам да се прогласи за победник.

Хамилтон не влијае на одлуката на стјуардите и тој едноставно беше во ќар од целата ситуација. Сепак, дека на крајот е голем шампион, Британецот покажа кога го повлече Фетел да застане до него на победничкиот пиедестал сакајќи да покаже дека Германецот е победник на оваа трка.

- Оглас -

Најнови вести