Финалето на Лигата на шампионите наместо во Истанбул, ќе се игра во Лисабон?

УЕФА на 17 јуни можеби ќе донесе одлука финалето на фудбалската Лига на шампиони да не се игра во Истанбул, туку во Лисабон. Оваа шпекулација која одекна како бомба во Европа, ја објави новинар на „Њујорк тајмс“, на својот твитер-профил. Наводно, во Турција не можеле да ги гарантираат сите здравствени протоколи.

Голема е веројатноста четвртфиналето, полуфиналето и финалето да бидат само еден меч, но овој плејоф би се играл во Лисабон, а не во Истанбул, како што е планирано. Освен Лисабон, и некои германски градови биле заинтересирани. Завршницата од ЛШ треба да се игра во август, на 7 и 8 август треба да се доигра осминафиналето, а финалето веројатно на 29.

Во фудбалот досега не е видено завршницата да се игра во ваков формат, за разлика од кошарката и ракометот, каде што има фајнал фор турнири.

- Оглас -

Најнови вести