Го налутија со шпекулациите дека е здебелен: Дончиќ тренира како луд (фото)

Иако паузата во НБА-лигата уште трае, младата ѕвезда Лука Дончиќ беше тема на разговор откако медиумите во САД го критикуваа дека се здебелил за време на карантинот. Дополнително ја замрси работата неговиот личен тренер со изјавата дека Словенецот не е во форма, но се поправи сакајќи да каже дека Дончиќ сè уште не стигнал до посакуваното физичко ниво.

На таа провокација Дончиќ одговори така што покажа како се подготвува за најавеното рестартирање на сезоната во најтатрактивната кошаркарска лига. Далас маверикс на „Твитер“ објави неколку фотографии како работи Дончиќ во сала за вежбање, а за Американците ова е лесен тренинг.

Во што ли ќе се претвори Лука доколку почне да тренира поинтензивно?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести