Лион скапо ја плати лудоста на хулиганите: Исфрлање од Францускиот куп и забрана за гостување на навивачите

Фудбалската федерација на Франција жестоко реагираше на инцидентите коишто ги правеа навивачите на Лион на гостувањето кај Париз.

На средбата од треттото коло од францускиот куп, хулиганите на великанот се степаа со „ривалите“ од трибините, па поради тоа и двата клуба се исфрлени од ова натпреварување.

Навивачите на Лион добија и двегодишна забрана да одат на гостувањата на својот тим.

Ова, секако, е голем удар за членот во најсилната лига на Франција, којшто имаше големи амбиции да дојде до самата завршница и да се бори за трофејот.

- Оглас -

Најнови вести