Македонскиот селектор уште вечерва би можел да ја заврши тренерската кариера

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, даде интересна изјава пред вечерашниот меч на неговиот клуб Игокеа против белградски Партизан во АБА лигата.

На Бајиќ му е толку голема чест што за првпат ќе се надмудрува со големиот Жељко Обрадовиќ, што вели дека после мечот, со мирна душа би можел и да ја заврши тренерската кариера.

„Овој натпревар е посебен за мене, имам емоции. Сум имал привилегија да водам екипи против тренерски величини како Маљковиќ, Вујошевиќ, Пешиќ, па и против Скариоло пред една недела, но денот кога ќе водам тим против Обрадовиќ, е шлаг на тортата која е во прашање мојата тренерска кариера. Кога би престанал од утре да се занимавам со оваа работа, не би жалел“ – изјави Бајиќ.

Најтрофејниот европски тренер го пофали Бајиќ дека работи извонредно, и дека има концепт кој функционира во Игокеа.

- Оглас -

Најнови вести