Манчестер понижен од Ватфорд, дали ова беше последниот меч за Солскјер?

Манчестер јунајтед загуби убедливо со 4:1 на гостувањето кај Ватфорд, клуб кој до минатата сезона беше во втора лига. Црвените ѓаволи беа надиграни во сите елементи на фудбалската игра, па Ватфорд имаше повеќе шутеви кон голот, повеќе корнери, повеќе шанси, па затоа овој резултат и не треба да е изненадување.

Ватфорд од првата минута тргна офанзивно, а Сар промаши два пенали за две минути, благодарение на одличните одбрани на Давид де Хеа. И покрај промашените пенали, домаќините не се разочараа, туку продолжија да напаѓаат.

Тоа резултираше со два погодоци во првото полувреме. Кинг го отвори резултатот во 28 минута, а Сар се „извади“ за промашените пенали и погоди за 2:0 во 44 минута.

Манчестер преку Ван де Бек намали на 1:2 во 50 минута, но наместо гостите да продолжат да напаѓаат, се случи обратното. Во 70 минута, капитенот на Манчестер Хари Мегваер доби црвен картон, а тоа го искористи Ватфорд.

Со два гола во судиското надополнување преку Педро и Денис, Ватофрд го понижи ангислкиот гигант.

Резултати: Лестер – Челзи 0:3, Астон вила – Брајтон 2:0, Барнли – Кристал Палас 3:3, Њукасл – Брентфорд 3:3, Норвич – Саутемптон 2:1, Вулверхемптон – Вест хем 1:0.

- Оглас -

Најнови вести