Надал се жени денеска, дали ги покани Ѓоковиќ и Федерер?

Шпанската тениска суперѕвезда, Рафаел Надал, кој за многумина е и најдобар шпански спортист на сите времиња, денеска на пладне ќе стапи во брак со неговата девојка Мери „Чиска“ Перелјо. Рафа и Чиска се во врска дури 14 години (таа му донесе среќа во годината кога првпат го освои Ролан Гарос), и конечно ќе го кажат судбоносното „да“.

Свадбената церемонија ќе се одржи во една преубава вила на островот Мајорка. Тоа е всушност тврдина распространета на 20.000 квадратни метри, и во неа има шест куќи, два базени, 17 гостински соби итн. Газда на имотот е Британец, кој ја купил пред 30 години за 40 милиони евра, и во тоа време, имотот бил најскапо платен во Шпанија. Таму свадби правеа и фудбалерот Герет Бејл и кошаркарот Руди Фернандес.

Објавено е дека ќе биде забрането надлетување на имотот со приватни авиони или хеликоптери, а нема да биде дозволена употреба ниту на мобилни телефони. Ако некој се обиде да снима од воздух, ќе добие казна од 30 до 50 илјади евра.

На листата на гости кои добија покани има многу спортисти. Од најголемите ривали на Надал, поканет е и Роџер Федерер за кого не се знае дали ќе се појави, а за Новак Ѓоковиќ се зборува дека не добил покана.

- Оглас -

Најнови вести