Не му одеше во НБА лигата, па се врати во Фенербахче

Марко Гудуруќ по една година пауза се врати во редовите на Фенербахче и потпиша договор до јуни 2023 година. Српскиот интернационалец не се снајде во НБА лигата во дресот на Мемфис гризлис, каде што добиваше минимална минутажа, па одлучи да ја прекине авантурата во САД и повторно да игра во Евролигата.

Гудуриќ треба да биде големо засилување за екипата на Игор Кокошков, која сезонава се мачи на европската сцена и е меѓу најслабите екипи во Евролигата. Гудуриќ во првите две сезони во Фенербахче стана шампион на Турција и го освои турскиот Куп.

Европскиот првак од 2017 година вчера претрпе нов тежок пораз во Евролигата, дебаклот на гости кај Жалгирис беше 10-ти пораз за турскиот состав по 15 натпревари и заостанува три победи зад топ 8 местата.

- Оглас -

Најнови вести