Одбројува часовникот за Спортска прогноза, типувајте до 15.30 часот

Хановер и Мајнц во 15.30 часот денеска ќе го означат почетокот на актуелното коло на Спортската прогноза, а токму до тој термин имате можност да типувате во играта што заедно ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Типувањето е многу едноставно, играта е бесплатна, а нуди вредни награди, меѓу нив и премијата за секое коло, прекрасниот „iPhone XS“. Веднаш зад него како втора награда е уште еден одличен мобилен телефон „Samsung Galaxy A6 2018“.

Има и ваучери од 500 и од 200 денари за најуспешните прогнозери, кои ќе забележат најмногу погодоци на популарната 13-ка на нашата Спортска Прогноза.

Треба да се внимава при типувањето и на двата резервни парови, кои се сметаат во поредокот за Генерален пласман, уште една игра која посебно се наградува со електричен тротинет, велосипед и ваучери од 1.000, 500 и 300 денари.

Како и секогаш има интересни двојки, меѓу нив посебно се издвојуваат дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус и англиската пресметка за Лигата на шампионите меѓу Манчестер јунајтед и Челси.

И останатите двојки се атрактивни, а предизвикот е пред вас со можност за типување до 15.30 часот денеска.

 

- Оглас -

Најнови вести