14.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025
Дома Blog Страница 10047

Пламен Константинов веќе не е селектор на Бугарија

По освоеното незадоволително деветто место на Светското првенство во одбојка, на кое Бугарија беше еден од домаќините заедно со Италија, Федерацијата на нашиот источен сосед се откажа од услугите на селекторот Пламен Константинов.

Шпекулациите дека Константинов ќе биде разрешен беа силни во првите денови по завршувањето на првенството на кое Полска ја освои титулата, потоа се намалија, но тоа било само привидно и Пламен сепак го напушта кормилото.

Константинов имал состанок со претседателот на Бугарската одбојкарска федерација, Данчо Лазаров, и се договориле дека е најдобро соработката да биде прекината. Константинов како тренер работи во Русија.

 

Зошто фановите на Сити ја исвиркуваат химната на ЛШ?

Најголемиот дел од навивачите на Манчестер сити не ги слушаат тренерот Пеп Гвардиола и останатите поддржувачи дека треба да прекинат со исвиркување на химната на Лигата на шампионите, која се интонира пред секој меч од елитното натпреварување.

Отпорот кон УЕФА почна во 2012 година, кога Сити беше казнет со 30.000 евра за почнување на второто полувреме од еден меч од Лигата на Европа со доцнење од 60 секунди. Една недела пред тоа, Порто беше казнет со 20.000 евра за расистичко скандирање кон Марио Балотели, кој тогаш беше член на „граѓаните“.

Подоцна, УЕФА го казни клубот и за прекршување на финансискиот фер плеј, па навивачите уште повеќе се налутија бидејќи сметаат дека се прави неправда. Дојде и задоцнето затворањето на стадионот во Москва, на кој играше ЦСКА, откако претходно многу навивачи на Сити имаа резервирано авионски билети и сместување.

Затоа, на „Етихад“ секогаш има гласно негодување и исвиркување на химната.

Кројф пред 16 години ги предвиде проблемите со ВАР

Во својата книга од 2002 година, „Ми се допаѓа фудбалот“, сега веќе покојниот Јохан Кројф напиша работи по кои може да се заклучи дека бил визионер. Холандската легенда направи револуција во фудбалот и како играч и како тренер, а во минатото погоди и некои работи кои сега се случуваат.

Со почетокот на употребата на видеотехнологијата во шпанското првенство, има и полемики дали со ВАР секогаш се носат правилни одлуки и колку често треба да се проверуваат спорните моменти.

Три клуба се бунеа кај техничкиот судиски комитет околу сомнителните пенали во минатото коло во Ла Лига.

Кројф во 2002 година напиша: „Ако фудбалот е вистински спорт, нема потреба од ставање камери и во случај на спорни моменти да се прекине мечот, да се гледа снимка, да се донесе одлука и потоа да кажете, ајде, сега продолжуваме со играта. Вакви работи има во некои спортови во САД, но во фудбалот навистина нема смисла. Знам дека многу луѓе сметаат дека така е поправично. Лично, мислам дека во својата длабочина фудбалот е многу правичен“.

 

 

Арсиќ: МЗТ и Борац ќе прикажат ефикасна кошарка

Поранешниот македонски селектор, Јовица Арсиќ, како тренер на Борац Чачак утре ќе гостува кај МЗТ Скопје Аеродром во втората АБА-лига и ќе треба да атакува на победа за да се извади за неочекуваниот пораз во првото коло, дома од сараевски Спарс.

Дуелот на МЗТ и Борац е дерби во второто коло, средбата се игра во „Јане Сандански“, со почеток во 19 часот, и ќе биде сериозен тест за можностите на „штрковите“.

Арсиќ, кој има работено во репрезентацијата со некои од актуелните играчи на МЗТ, очекува Борац да одигра подобро отколку против Спарс, а во неговиот состав е и Ѓорѓе Мајсторовиќ, кој во минатата сезона го носеше дресот на МЗТ, па добро го познаваат противникот.

„Поразот од Спарс минатата недела не беше толку голем проблем колку што беше проблем начинот на којшто игравме. Лошо скокавме, шутот ни беше слаб, а тоа не е карактеристично за Борац. Се надевам дека утре ќе шутираме подобро за три поени. Поради стилот на игра кој го негува МЗТ, верувам дека на мечот ќе има голем број поени“, најавува Арсиќ, за кого ова е прва средба со МЗТ, по оној „пријателски“ меч кога дојде како тренер на Черкаски мавпи и во старата сала се случи голем инцидент и тепачка.

Нов почеток за АЕК и Бенфика, во Атина се тргнува од нула

Почеток од нула за АЕК и Бенфика ќе има вечерва на „Спирос Луис“ во Атина, по поразите на двете екипи во стартните мечеви во Лигата на шампионите.

АЕК беше декласиран во Амстердам од Ајакс со 3-0, а ништо подобро не мина ниту Бенфика. „Орлите“ слетаа ниско во дуелот со Баерн на домашен терен и загубија со 0-2, па сега и немаат преголем избор, како и АЕК.

На двете екипи им конвенира само победа, ако сакаат да останат во трката за првите две места кои водат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите.

Во 2009 година двете екипи ги одиграа двата единствени официјални мечеви меѓу себе во европските купови и билансот е израмнет. АЕК победи дома со 1-0, но и испадна тогаш во групната фаза во Лигата на Европа, а Бенфика славеше на „Луж“ во Лисабон со 2-1, го освои првото место во групата И и се пласира во следната рунда, тогаш во конкуренција уште и на Евертон и на БАТЕ Борисов.

Шахтар во ново сафари со „лавови“

Шахтар Донецк повторно ќе оди на сафари со „лавови“ и вечерва на „Стад Жерлан“ ќе се обиде да ги скроти француските лавови од Лион. Во меч од Лигата на шампионите двете екипи ќе се обидат да го задржат добриот старт. Украинците очекуваа победа против Хофенхајм, но со оглед на тоа како се одвиваше мечот, треба да се задоволни и со ремито 2-2, бидејќи имаа негатива од 0-1 и 1-2.

Лион приреди сензација со триумфот во Манчестер против Сити со 2-1 и вечерва ќе бие битка за втора победа и чекор поблиску до нокаут-фазата.

Украинците пристигнаа на „Стад Жерлан“ со победа од 6-1 против Карпати во домашното првенство. Против екипа, која, исто како и Лион, го носи прекарот „лавови“. Но, француските „лавови“ се многу посериозен и потежок ривал за Шахтар од Карпати и немаат пораз од денешниот ривал.

На двата досега одиграни дуели, пријателски, Лион еднаш победи со 4-1 и еднаш ремизираше, 1-1 против Шахтар. Вечерва за првпат играат меч во Лигата на шампионите, а ќе се игра пред празни трибини. Лион е казнет со еден меч без публика поради ланските инциденти на навивачите во дуелите од Лигата на Европа.

 

<script>
var pid=1861166;
var nb=16;
</script>

На 94 години му ја исполнија желбата да даде гол од пенал (Видео)

Англија е колевка на фудбалот, каде што многу пати се покажало дека тоа е нешто многу повеќе од игра. Нотс каунти е еден од најстарите клубови во светот, кој покажа дека знае како да се грижи за сите свои навивачи. Четвртолигашот викендов му ја исполни желбата на својот 94-годишен навивач, Рој Прентис.

Дедо Рој како една од своите последни желби во животот му било да изведе пенал на теренот на својот омилен тим. Од Нотс каунти му ја исполнија желбата. На полувреме од мечот против Кру, Рој со дрес на Нотс каунти, на кој беше бројот 94, се појави на теренот и застана пред белата точка.

Старецот шутираше пенал и успеа да погоди за воодушевување кај публиката и остварување на неговата голема желба.

https://twitter.com/Official_NCFC/status/1046726583501901825

 

Не се минува лесно кај Стоилов и Криштопанс – Вози одговорно и добиј билет за ЛШ (Видео)

Стојанче Стоилов и Дајнис Криштопанс немаат милост со Вардар во Лигата на шампионите, но имаа разбирање за учесниците во сообраќајот кај нас, во координираната акција на ракометниот шампион и македонската полиција под мотото „Вози одговорно и добиј билет за Лигата на шампионите“.

Непоразените во ЛШ, сега имаа поинаква улога, како асистенти на сообраќајната полиција. И за разлика од настапите на терените ширум Европа, каде што немаат милост и газат без проблем, денеска имаа разбирање за возачите на скопските улици.

 

Ќумбев: Гвардиола има голем избор, Манчестер сити ќе го победи Хофенхајм

Панче Ќумбев се покажа како врвен познавач на европскиот фудбал. На стартот од соработката со СПОРТ МАНИЈА, во два викенди погоди девет од десетте типувани натпревари, а денеска ќе ни биде специјален гостин за Лигата на шампионите.
Велешанецот со одлично фудбалско педигре типува добра вечер за домашните екипи, која, според него, може да ја расипе само Манчестер сити.
Еве ја анализата и предлог-типовите на Ќумбев за шест од осумте натпревари во ЛШ. Шест од нив ќе се играат денеска, а за утре остануваат само дуелите меѓу Борусија Дортмунд и Монако и Порто – Галатасарај.
Хофенхајм – Манчестер сити (денеска 18.55 часот)
Верувам дека по киксот против Лион во првото коло, Манчестер сити денеска ќе го добие овој дуел. Лесно нема да му биде, бидејќи по традиција германските тимови се многу незгодни за Англичаните, но квалитетот е на страната на гостинот. Преголемиот избор на квалитетни играчи што го има Гвардиола ми дава за право да типувам двојка.
Предлог тип: 2 (1.40)
Јувентус-Јанг бојс (денеска, 18.55 часот)
Јасно е кој е фаворит на овој дуел. Јувентус има амбиции да ја освои Лигата на шампионите, а овој меч е само еден во низата на патот до евентуалното освојување на европскиот врв, што е желба на сите во Торино. Единицата е извесна, а мислам дека ќе има и најмалку три гола на натпреварот. Јуве има одлични играчи и верувам дека денеска Манџукиќ, Дибала и останатите ќе имаат ефикасен натпревар.
Предлог тип 1&3+ (1.52)
Лион – Шахтар (денеска, 21.00 часот)
Лион е поквалитен тим и фактот дека е домаќин на овој натпревар ми дава право да му дадам предност.Одличната партија во првото коло против Сити не беше случајна и верувам дека и вечерва ќе слават за две победи по првите две кола.
Предлог тип: 1 (1.97) Бонус тип
Борусија Дортмунд – Монако (утре, 21.00 часот)
Интересен дуел. Домашните се во одлична форма, додека гостинот е непрепознатлив во првиот дел од сезоната. Монако игра неочекувано слабо во француското првенство, а загуби и во првото коло во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид на свој терен. Сепак, верувам дека може барем еднаш да ја затресе мрежата на Борусија во дуел со многу голови, и тоа на двете страни.
Предлог тип ГГ3+ (2.02)
Рома- П’лзењ (денеска, 21.00 часот)
Рома денеска мора да победи доколку сака да се бори за првите две места на табелата. Има квалитетен состав и иако осцилира со формата, ја има улогата на апсолутен фаворит. Затоа типувам единица со најмалку три гола на натпреварот.
Предлог тип: 1&3+ (1.83)
Порто – Галатасарај (утре, 21.00 часот)
Мислам дека Порто е фаворит овде затоа што игра одлично на домашен терен, за разлика од Галатасарај, екипата која е неубедлива на гости. Единицата е најреална и очекувам лесна победа на Порто.
Предлог тип: 1 (1.51)

Да се биде или не за Мурињо

Ова е дуел кој може да биде и последен за тренерот на домаќините, Жозе Мурињо. Португалскиот стратег е под притисок бидејќи Манчестер игра слабо во Премиер лигата, каде што е на десеттото место на табелата. Сепак, кога се работи за Лигата на шампионите, „црвените ѓаволи“ тргнаа победнички, и тоа на гости кај Јанг бојс (3-0).

Одбраната на Манчестер делува многу слабо, и тоа е главен проблем. Навивачите на „Олд Трафорд“ сигурно ќе бараат триумф против Валенсија, која последните пет меча во сите натпреварувања ги игра од 0-2 гола. Рашфорд, Лукаку и Мата се во нападот и треба да го скршат отпорот на гостите.

Манчестер по 22-ри пат е во групната фаза од ЛШ, а поредовни учесници се само Реал Мадрид, Барселона и Порто, кои учествуваат по 23-ти пат во групите. Валенсија од гостувањата на англиско тло, има биланс од три победи, девет нерешени и четири порази, додека Манчестер во дуелите со противниците од Шпанија пред своите навивачи има 9 победи, 10 ремија и 5 порази.

Овие два тима меѓу себе досега играле осум пати. Манчестер има две победи, пет средби биле нерешено, а Валенсија победила само еднаш. На „Олд Трафорд“ играле четири пати и еве како завршувале досегашните мечеви:

07.12.2010           Манчестер ј. – Валенсија 1-1

20.02.2001           Манчестер ј. – Валенсија 1-1

08.12.1999           Манчестер ј. – Валенсија 3-0

15.09.1982           Манчестер ј. – Валенсија 0-0

Типувајте во коментар под текстот, вашиот алиас на Facebook и конечниот резултат на натпреварот (во полето за име и е-пошта не морате да ги внесете вистинските податоци, само да ја имате лајкнато страницата на СПОРТ МАНИЈА на Facebook за да може да ве пронајдеме). Коментарите на Facebook нема да бидат земени предвид.

Најбрзите десетмина кои ќе го погодат резултатот ќе добијат ваучер од 200 денари од SPORT LIFE Обложувалници.

 

Точниот резултат 0:0 го погодија: Igor, Elvis, Dejan Mladenovski и Ace кои треба да си го проверат email сандачето.

Честитки за добитниците, на останатите им посакуваме повеќе среќа во следното типување!