12.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025
Дома Blog Страница 10059

Почина најстариот фудбалски судија

Британскиот арбитер Вилијам Харди почина од срцев удар на два дена пред својот 92-ри роденден, а овој човек се прослави со тоа што до својата 88-ма година од животот судеше на фудбалски натпревари.

Харди својата кариера како фудбалски судија ја почна во 1959 година, а ја заврши во 2015. Има судено повеќе од 3.000 мечеви. Во 2013 година, лично од принцот Вилијам доби медал за посветеност кон фудбалот, а има и медал на британската империја, кој се доделува по повод прославите на родендените на кралицата.

Неговите стари пријатели велат дека Харди бил талентиран фудбалер, но кога ја скршил ногата, решил да не се занимава активно со играње, туку се префрлил на судење.

Барселона го избриша името од своето лого

Портпаролот на Барселона, Жозеп Вивес, го обелодени новото, како што велат во клубот, модерно лого. Новиот амблем за три недели ќе треба да биде одобрен од собранието на клубот, пред и официјално да го замени сегашното кое се користи од 2002 година наваму.

Барселона во својата 119-годишна историја имала 10 различни лога, а новото, 11-то по ред, ќе се разликува од претходните девет по тоа што ќе ги нема трите букви ФКБ што е кратенка од Фудбалски клуб Барселона, како што е името на спортското друштво.

Само на првото лого од 1899 година немаше букви, а од 1910 наваму, сите логоа се слични. Новина е и тоа што во долната половина сега има пет потесни линии, додека во новото ќе има пет подебели линии.

Помалите измени се бришењето на црните линии, кои сега се како граница на трите симболи, а и онаа старовремска топка ќе биде за нијанса поголема.

Милан не го победи Емполи, ќе настрада Гатузо

Милан не успеа да го победи Емполи, ремизираше 1-1, што е трет нерешен резултат на последните три меча, а овој исход веројатно ќе донесе отказ за легендата Џенаро Гатузо.

Популарниот Рино имаше императив да ги добие трите следни дуели, но падна веднаш на првиот чекор. Милан поведе со голот на Билја, но не издржа докрај.

Во второто полувреме со гол од пенал израмни Капуто и ги зголеми маките на фаворитот. Повеќекратниот италијански првак има мизерен старт само со пет освоени бодови од шест натпревари и неочекувано е во долниот дел од табелата.

На играчите на Милан не им помогна ниту логистиката од трибините, каде што пристуни беа и Малдини, Леонардо и поголем дел од раководството на гигантот.

Полска лекција за Србија

Полска ја победи Србија со 3:0 и е на чекор до ново полуфинале на Мундијалите. Актуелните светски прваци имаа и доза на среќа во првите два сета, што ги добија во тај-брејк со 28:26 на поени, а решевачкиот сет го решија во своја корист со 25:22.

Ова е прва победа за актуелнито светски првак во првиот меч од групата, во која е уште и домаќинот Италија. Србите и покрај поразот, се кандидати за настап во полуфиналето.

Вечерва им требаше еден сет за да бидат сигурни, а сега ќе се надеваат на победа на Полска против Италија. Во првиот меч од оваа група, Србите ја победија Италија со 3:0 и имаат солидна позиција пред последниот дуел во групата.

Потонаа Леванте и Барди

Црната серија од пет меча без победа на Леванте продолжи и вечерва со пораз од Валјадолид на гостински терен. Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди дозволи пресврт само за пет минути и загуби со 1-2.

Постиго им донесе предност на гостите од Валенсија во 48-мата минута, но потоа следуваше експресен пресврт за победа на Валјаадолид. Во 50-тата минута Унал израмни на 1-1, потоа беше исклучен Вукчевиќ кај Леванте, а предноста од играч повеќе на теренот ја искористи Начо со победнички гол во 55-тата минута. Возбудливи седум минути што му донесоа нов пораз на Леванте. Екипа која сега е на делба на последната позиција во Ла Лига само со 4 бода.

Валјадолид со шест е на 13-тото место. Во вториот меч вечерва Алавес и Хетафе ремизираа 1-1. Од 22 часот ќе се игра последниот натпревар од шестото коло меѓу Жирона и Бетис.

Сасуоло е хит во Серија А

Сасуоло игра одлично на стартот на новата сезона во Серија А и со четвртата победа, денеска против СПАЛ со 2-0, остана на третото место на таблета.

Со головите на Аџапонг и на ветеранот Матри, гостите ги освоија бодовите и сега со 13 повторно се трети на табелата во Калчото, зад лидерот Јувентус со 18 и Наполи, кој има 15 бодови.

Ова е најдобар старт на Сасуоло во Серија А по шест одиграни кола. СПАЛ со девет бодови е на делба на седмото место со Џенова, но има меч повеќе.

 

Кочов: Играчите веруваат во тоа што се работи на тренинзите

По победата на МЗТ над Хелиос во првото коло од АБА 2-лигата, тренерот Ѓорѓи Кочов и крилниот центар Иве Иванов ги кажаа своите ставови околу текот на средбата.

„Првата четвртина беше нервозна, доста грешевме. Во второто полувреме ја отпуштивме рачната сопирачка, игравме поедноставно во нападот и заслужено победивме“, рече Хрватот Иванов.

Кочов им се заблагодари на соработниците и на играчите.

„Им честитам на моите играчи за карактерот и пожртвуваноста. И моите помошници одработеа добар скаутинг, иако во првата четвртина тоа не функционираше, како и кондицискиот тренер кој ги подготви играчите. Хендикеп ни беше што Младеновски поради болест,не можеше да игра и примавме лесни поени во рекет. Ова ни беше прв тест со странски тим и битно ми е што играчите веруваат во тоа што го работиме на тренинзите. Да не беше грчот на стартот, мечот порано ќе беше одлучен. МЗТ е напаѓачка екипа, сите се добри шутери, но ќе инсистираме на агресивна игра и да ги тераме противниците да играат брзо. Се надевам дека на следните дуели ќе бидеме уште подобри“, анализираше тренерот Ѓорѓи Кочов.

Во Хелиос беа незадоволни од играта во второто полувреме, во кое примија 50 поени и се предадоа предвреме, а како најопасни играчи на МЗТ ги посочија Бојиќ и Вудард. За тренерот Беадер, МЗТ заедно со Борац и Приморска се фаворити за влез во АБА-лигата.

Прво, па победа за МЗТ во втората јадранска лига

МЗТ Скопје Аеродром со 92:79 ја победи словенечката екипа Хелиос санс и триумфално ја стартуваше сезоната во втората АБА-лига. Аеродромци за кои ова е прв официјален меч сезонава, се мачеа во првото полувреме, а потоа го покажаа вистинско лице, па добија аплауз од присутните во „Јане Сандански“.

Во првата четвртина, МЗТ потфрли во одбраната, прими 27 поени, ја немаше најавуваната агресивност, како да сакаа да му дозволат на противникот да покаже што знае.

Вторите десет минути минаа во знак на домашните, па МЗТ на пауза замина со позитива од три поени разлика. Најголем проблем за МЗТ во првото полувреме беше лошата реализација на шутот за три поени (1/9).

„Штрковите“ во второто полувреме се опуштија, во 23-тата минута направија двоцифрена разлика, a во средината на третиот период семафорот покажуваше највисоки 61-45. Гостите ја преполовија негативата, но потоа МЗТ повторно воспостави контрола и направи разлика која знаеше да ја зачува до крај.

Новина кај МЗТ е што капитенот Дамјан Стојановски го носеше дресот со број 16, а „неговата“ 19-ка сезонава ќе биде на грбот на Андрија Бојиќ.

Најдобри поединци во македонскиот тим беа Бојиќ (22 поени, 5 скока), Џејмс Вудард (19 п., 5 ск,,4 ас), Иве Иванов (13 п.,7ск.) и Стојановски (16 п.). На Лестер Медфорд му фалеше една асистенција за дабл-дабл.

Македонија подобра од Италија во Автокоманда

Македонија ја победи Италија со 26:23 во првиот од двата договорени контролни натпревари на женските ракометни репрезентации.

На крилјата на расположената Сара Ристевска, која постигна 7 погодоци, нашата селекција имаше успешен прв тест против ривалките од Италија.

Клучна за победата беше серијата од 8-1 на стартот од второто полувреме за предност од 16-13, откако по првиот дел Италија имаше предност од 12-8.

Покрај Ристовска, ефикасни беа и Штерјова и Саздова со по пет погодоци. Вториот тест-меч тие противнички ќе го играат утре, повторно во салата во Автокоманда од 16 часот.

Секс-скандал ја тресе фудбалска Италија

Голем секс-скандал ја тресе фудбалска Италија, а на клупата за обвинети ќе седне поранешниот претседател на фудбалската федерација на Италија, Карло Тавекио. И тоа по обидот за сексуален напад на претседателката на Лацио, Елизабета Кортани.

Адвокатите на Тавекио бараа воопшто да нема процес против нивниот клиент, но Судот нареди истрага.

„Ова не е само моја победа во битката против сексуалните напади од страна на мажите, туку е триумф на сите жени во светот“, изјави Кортани, по одлуката на Судот сепак да има истрага и соочување со можна казна за Тавекио.