Дома Blog Страница 10712

Зидан доби повик од Бекам да биде тренер на Интер Мајами

Екстренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, доби неочекувана понуда за нова тренерска позиција. Неговиот поранешен соиграч од Реал, Дејвид Бекам, сака да го види Зидан како предводник на клубот кој од неодамна го формира, Интер Мајами, а со работа да започне од 2020 година, кога е планирано овој клуб да почне со учество на натрпеварувања во САД.

Бекам упорно се труди да договори неколку големи ѕвезди, како Роналдо, Меси и многу други, да го облечат дресот на неговиот клуб во иднина, но сака и врвен стратег кој со сигурност ќе носи успеси. Зидан упешно го правеше тоа во Реал, за три сезони освои три титулу во Лигата на шампиони, еднa титула во Шпанија, два пати освои шпански Суперкуп, како и две Светски клупски првенства.

Зидан, сепак, чека повик од два различни клубови за нова работа. Доколку управата на Јунајтед одлучи да ја прекине соработката со Мурињо, Зидан е првиот, и засега единствен, кандидат за клупата на „црвените ѓаволи“. Можно е да се најде и на тренерската позиција на Јувентус, доколку Алегри одлучи по крајот на оваа сезона да го напушти Торино. Се разбира, за тоа да се случи, Јуве ќе треба да ги освои сите натпреварувања во кои учествува.

 

 

Брестовац бара трпение од јавноста

По поразот на домашен терен од Бешикташ од 22:30, во редовите на македонскиот вицепрвак Металург рекоа дека го платиле данокот на неискуството и дека, како по традиција, слабо играат во вторите полувремиња од натпреварите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Тренерот Данило Брестовац не беше изненаден, иако најавуваше победа над Бешикташ.

„Искуството на Прибак, Доне и Толга, противникот го канализираше на најдобар можен начин. Бешикташ е одличен тим со многу искусни играчи. Сега јас се чувствувам како некое мало дете што допрва вади млечни заби, но никако да ги извади. Имавме добри моменти, но и многу лоши. Со младите мораме да бидеме трпеливи, мораме да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со двајца или тројци странци. Знам дека се бараат резултати, но мораме да бидеме трпеливи. Би замолил за поддршка во таа наша намера, бидејќи полза нема да има само клубот Металург туку и репрезентацијата“, рече Брестовац.

Томислав Јагуриновски рече дека тимот игра добро, но само во првите 30 минути, и тоа е клучен проблем.

„Нашата екипа, исто како и на секој натпревар така и со Бешикташ, игра одлично во првото полувреме, но нешто ни недостасува во вториот дел. Како што кажа тренерот, ќе мораме уште повеќе да работиме и да се надеваме на подобри резултати во иднина“, смета Јагуриновски.

Еден тип, 12 парови, 195.000 денари во џеб

Системот со кој се добива, не се менува. Во саботата, во обложувалницата на „Спортлајф“ на „Рузвелтова“ во Скопје, наш типувач само со 50 денари успеа да добие 195.947 денари, со бонус од 55.984 денари, користејќи само еден тип, односно со новата игра, 1 до 3 гола во прво полувреме и 1 до 3 гола во второ полувреме. Најмалиот коефициент во неговиот тикет е 1.78, додека најголема квота за овој тип ја погоди на мечот Хетафе – Атлетико Мадрид со квота од 2.35, средбата која заврши со 2-0 во корист на „јорганџиите“, а реализираа по еден погодок во двете полувремиња.

Типувачот погоди 12 парови, меѓу кои погодени се три парови од Серија А и три парови од Премиер лигата. Исто така три парови се од германските првенства, односно Бундеслига и Бундеслига 2, како и два парови од Ла Лига.

И ВТОРИОТ ТОП ТИКЕТ ВО СКОПЈЕ, ТИПОТ ГОЛ-ГОЛ Е ВИСТИНСКИ ПОГОДОК

Наш редовен уплатувач во „Спортлајф“ кај Зелено Пазарче си ја пробал среќата со натпреварите кои се играат на јужноамериканскиот контитент, односно мечевите кои се играат во доцните часови. Со типот да има барем по еден гол и за двете екипи во текот на целиот меч (ГГ), типувачот одлучил да игра натпревари на кои не често се тресе мрежата, но ризикот очигледно се исплатил, па погоди осум парови со вложени 280 денари, а доби 169.962 денари и бонус од 12.589 денари.

ТИПУВАЧ ОД ПРОБИШТИП ВЕРУВА ВО ДОМАЌИНИТЕ КОИ ДАВААТ ПО ДВА ГОЛА НА ПОЛУВРЕМЕ

Типувач од Пробиштип одигра пет парови на кои очекуваше домаќините да погодат најмалку два погодоци во првото полувреме. Со уплата само од 20 денари, типувачот си доби 78.075 денари, а погоди коефициенти кои се движат од 4.60, до 6.25.

ИАКО ВО НАШИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ МОЖЕ ДА СЕ ОДИГРААТ ДО 40 ПАРОВИ НА ЕДЕН ТИКЕТ, ДОВОЛНИ СЕ САМО ТРИ ТИПОВИ ЗА ГОЛЕМА ДОБИВКА

Типувач од Велес си ја проба среќата со тип – играта ГГ во прво и второ полувреме, односно двете екипи да дадат барем по еден гол во двете полувремиња. Со уплата само од 20 денари, типувачот си замина дома со 54.000 денари.

 

Мбапе се пофали со маица потпишана од Пеле

Најдобриот млад фудбалер на светот, Килијан Мбапе, кого често го споредуваат со легендата Пеле, за подарок доби маичка со потпис и посвета од бразилскиот „крал на фудбалот“. Ѕвездата на Франција и ПСЖ, со гордост, јавно се пофали и се заблагодари.

„Благодарам за овој прекрасен подарок кралу“, напиша Мбапе на „Твитер“, покрај фотографијата на која позира со маичката.

Мбапе годинава даде четири гола на СП, од кои еден во финалето, и стана првиот тинејџер по Пеле од 1958 година кој на Мундијал постигнал повеќе од еден гол на повеќе од еден натпревар. Нему му годат споредбите со Пеле, но сака во кариерата да си трасира свој сопствен пат.

Во дресот на ПСЖ, Мбапе има четири гола и две асистенции на три меча во француската лига сезонава, а моментно одлежува суспензија по добиениот црвен картон. Даде гол и во ЛШ против Ливерпул, а враќањето на терен ќе го има на 29-ти септември. во првенствениот меч против Ница.

Одредени групите за Топ 6 фазата на одбојкарското СП

Репрезентацијата на Италија, која е домаќин на завршницата од Светското првенство во одбојка за мажи, битката за влез во полуфиналето на шампионатот, ќе ја води со Србија и Полска. Другата група од Топ 6 фазата ја сочинуваат Бразил, Русија и САД.

Натпреварите од оваа рунда ќе се играат од 26 до 28 септември, а полуфиналето и финалето на 29 односно 30 септември, во италијанскиот град Торино.

Ова првенство беше во организација на Италија и Бугарија, но нашиот источен сосед ги доби само натпреварите по групи од првата фаза. Бугарите не влегоа меѓу шесте најдобри на светот. Фаворити за освојување на медалите се САД, Бразил и Италија, но никој не смее да ги потцени и останатите три тима, особено што во оваа Топ 6 фаза сите стартуваат од нула.

Светско првенство, Топ 6 фаза:

Група И: Бразил, Русија, САД.

Група Ј: Италија, Србија, Полска. 

Европа подобра од тимот на Светот во Лејвер купот

Тимот на Европа ја одбрани титулата во Лејвер купот откако Александр Зверев го совлада Кевин Андерсон со 2-1 во сетови. Со таа победа тимот на Европа стигна до предност од 13-8, па мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Киргиос немаше потреба да се одигра.

Единствен пораз во сингл-дуелите од тимот на Европа забележа само српскиот тенисер, пред два дена загуби од Андерсон, додека во двојки загубија Федерер и Ѓоковиќ од Андерсон и Сок и двоецот Федерер-Зверев од Иснер и Сок.

Купот кој се одржува во чест на легендарниот Род Лејвер, втора година по ред има ист победник, тимот на Европа успеа да ја одбрани титулата, а шанса за трета титула во низа ќе имаат следната година.

Ако го послушавте, имате добитно ливче: Панче Ќумбев погоди коефициент 19,58!

Во петокот го промовиравме Панче Ќумбев во типстер-експерт кој треба да ви помогне полесно да стигнете до добивка. Дека знае да ги погоди вистинските типови, Ќумбев покажа уште во првото свое типување.

Состави ливче од пет мечеви и успеа да ги погоди сите.

Прв сигурен пар му беше Легија на гостувањето кај Легница. Коефициентот беше 2.50 за двојка, а популарниот полски тим славеше со 4-1. Откако беше 1-1 на полувремето, Легија со три погодоци во вториот дел ја обезбеди победата.

За Ливерпул – Саутемптон немаше многу дилеми. „Единица“ со три гола на „Енфилд роуд“, а Ливерпул уште во првите 45 минути даде три погодоци за триумф од 3-0.

Фиорентина уште во првото полувреме даде два гола против СПАЛ, а на крајот „виолетовите“ победија со сигурни 3-0, па победата на домаќините и типот на Ќумбев беа погодени.

Атлетико Мадрид со 2-0 го доби локалното дерби против Хетафе, што беше лесна „двојка“ за погодување.

Во дуелот на некогашниот со сегашниот тим на Горан Пандев, изборот беше на победа на Лацио. Домаќинот победи со убедливи 4-1, за „пет од пет“ на Панче Ќумбев и погоден коефициент од 19,58.

Ќумбев стартуваше со добитно ливче, па затоа ве советуваме да го послушате неговиот следен совет за типување во петок.

 

 

 

Три причини зошто Модриќ треба да биде фудбалер на годината

Организаторот на играта на Реал Мадрид и na хрватската репрезентација, Лука Модриќ, е главен фаворит за добивање на наградата за најдобар фудбалер на светот за 2018 година, во изборот на ФИФА.

Церемонијата ќе се одржи вечерва во „Ројал фестивал хол“ во Лондон, а тоа што Кристијано Роналдо веројатно нема да присуствува (од Јувентус се заблагодарија на поканите за Роналдо, тренерот Алегри и претседателот Ањели, но најавија дека не можат да стигнат до Лондон), е сигурен сигнал дека тој не е добитникот на признанието. Третиот кандидат е Мохамед Салах, но шансите тој да биде победник, се никакви.

И Реал Мадрид, како и Јуве, има меч вo среда, но експедицијата на европскиот првак денеска во 13 часот ќе полета за Лондон. Минатиот месец, Модриќ стана европски играч на годината и во изборот на УЕФА, а налутениот Роналдо не се појави на церемонијата.

ОВА СЕ ТРИТЕ ПРИЧИНИ ЗОШТО МОДРИЌ ТРЕБА ДА БИДЕ ИГРАЧ НА ГОДИНАТА:

  1. Треба да се награди тој што е најдобар играч на Светското првенство

Мундијалот е најважниот фудбалски настан во светот, играчи како Пеле, Бекенбауер, Милер, Кројф, Марадона, Роси, Матеус, Ромарио, Зидан и Роналдо де Лима токму на таа голема сцена се прославија и до денес се зборува за подвизите. Порано речиси редовно наградата за играч на годината му се даваше на тој што бил најкорисен на СП. Затоа, Модриќ, кој летово беше МВП во Русија, заслужува да има најголем број гласови.

  1. Беше константно добар во Реал Мадрид

Покрај добрата игра на СП, кога Хрватска ја донесе до финалето, Модриќ имаше добра сезона и со Реал Мадрид. Играше на 14 од 15-те меча во Лигата на шампионите и беше „мозокот“ на тимот кој трета година по ред е европски првак. Неговите визија, техника и креативност во средниот ред, како и прецизните додавања, се клучни за играта на Реал.

  1. Потребно е ново лице, Роналдо и Меси станаа здодевни

Од 2009 наваму, наградата на ФИФА ја освојуваа само Кристијано Роналдо и Лионел Меси, како да нема други добри фудбалери во светот. Веќе станува здодевно, дебатата кој е подобар само се зголемуваше. Овојпат Меси не е во првите тројца. Португалецот ќе остане со пет награди на ФИФА, бидејќи капитените, селекторите и навивачите овојпат се решија за освежување и крунисување на нов крал на фудбалот, колку тоа и да не им допаѓа на фановите на Роналдо.

 

Лео Вестерман се врати во Жалгирис

Жалгирис постигна договор со францускиот бек Лео Вестерман на една година, со можност за продолжување на уште една. Вестерман по втор пат ќе го облече дресот на литванскиот гигант, откако за овој тим настапуваше во сезоната 2016/17.

Французинот минатата сезона ги бранеше боите на ЦСКА Москва, каде што во Евролигата одржуваше просек од 46 поени и речиси две асистенции по натпревар, но настапи на мал број натпревари откако се мачеше со повреда на колкот. Вестерман во сезоната 2016/17 со Жалгирис ја освои двојната круна во Литванија.

Ридигер ќе паузира неколку дена, Челзи ќе биде ранлив против Ливерпул

Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, вчера беше принуден да го напушти теренот во ремито без голови меѓу Вест хем и Челзи. Германецот се здоби со мала повреда, по што беше заменет од страна на Гери Кејхил, па иако не се работи за сериозна повреда, Сари вели дека Ридигер ќе мора да паузира неколку дена.

„Не се работи за посериозна повреда, тоа ќе го потврдат и докторите, но, по сè изгледа, Рудигер ќе мора да паузира неколку дена“, истакна Сари вчера, по мечот против „чеканите“.

Ова се непосакувани вести само два дена пред дуелот со Ливерпул во Карабао купот. Италијанскиот стратег ќе мора да комбинира за тешкото гостување, што ја олеснува работата на избраниците на Клоп да остварат победа. Фактот дека се работи за куп-натпревар, двете екипи ќе користат фудбалери кои не играат редовно, па со нивната желба максимално да ги искористат минутите, се очекува интересна пресметка во која со сигурност нема да изостанат голови.

Meдицинскиот тим на Челзи ќе мора да го закрепне Ридигер до следниот викенд, бидејќи веќе во недела повторно играат против Ливерпул, овој пат на „Стемфорд бриџ“, во рамките од седмото коло во Премиер лигата.