Дома Blog Страница 10736

Малдини имаше најдобар наследник во историјата

Според француски „Л`екип“, Чезаре и Паоло Малдини се најдобрите татко и син кои играле фудбал. Италијанците се првите татко и син кои играле и освоиле титула во Лигата на шампионите, двајацата се легенди на Милан, а истотака се и единствените капитени од исто семејство, кои го кренале пехарот наменет за европскиот клупски првак.

Во рангирањето на најдобри татко и син што играле фудбал, зад Малдини се Мануел и Маноло Санчис. Двајцата беа одлични дефанзивци во Реал Мадрид и шпанската репрезентација. Потоа тука се Жан и Јури Џоркаеф. За помладите, Јури е многу попознат, но и татко му 48 пати играше за Франција.

Фудбалерот на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, имаше татко кој беше добар фудбалер и во 1994 стана светски првак со Бразил, а сите го знаат како Мазињо. На петто место се Пабло и Диего Форлан. Пабло на клупски план беше одличен, со Уругвај играше на две светски првенства, но Диего со 112 меча за репрезентацијата и со награда за најдобар играч на СП 2010, го надмина родителот.

Во топ 10 татковци и синови, влегуваат уште Перико и Чаби Алонсо, Арнор и Еидур Гудјонсен, Мигел и Пепе Реина, Абеди Пеле и Андре Ају, како и Јохан и Жорди Кројф.

Вредни за споменување се и Хуан Рамон и Хуан Себастијан Верон, Дани и Дени Блинд, Клаус и Матијас Замер, Иан Рајт и Шон Рајт Филипс, Петер и Каспер Шмајхел, а Французите веруваат дека Енцо Зидан ќе напредува доволно за да се најде покрај татко му Зинедин, на ваква листа во иднина.

Кина веќе не е „ветената земја“ за фудбалерите

Карлос Тевез, Жервињо, Паулињо, Витсел, Оскар, Демба Ба, Мохамед Сисоко, Асамоа Гијан, се дел од фудбалерите кои настапуваа(т) за кинески клубови, а врвот на популарноста, кинеската лига го достигна пред две години, кога врвни фудбалери заминуваа таму.

„Дојдов во Кина поради пари, не ми е грижа што не играм на Светско првенство. Не сакам да бидам сиромашен кога ќе остарам и да живеам од сеќавањата дека некогаш сум играл за Бразил на СП“ – изјави Оскар, кој во јануари 2017 прејде од Челзи во Шангај.

Но, Суперлигата на најголемата земја на светот по бројот на жители, не го направи планираниот бум, и веќе не е „мека“. Toa се одрази и на спонзорите, ТВ компаниите, лигата веќе не е толку атрактивна, па играчите се решаваат да се вратат во Европа.

Си заминаа Аксел Витсел кој од Тијанџин се пресели во Борусија Дортмунд, Жервињо е нов член на Парма, Гаел Какута замина во Рајо Валјекано, Џексон Мартинез е позајмен во Портимоненсе во Португалија, Жозе Фонте е во Лил, Немања Гудељ во Спортинг Лисабон. Сите овие играчи летово ја напуштија Кина.

Трајковски: Чекор по чекор, ќе дојдеме до целта

Единствениот македонски кошаркар кој доби и аплаузи и беше навредуван од поединци во салата во Приштина, Бојан Трајковски, смета дека триумфот над Косово е голем чекор напред, но не треба да се залетуваме дека работата околу пласманот во квалификациите за Евробаскетот 2021  е завршена.

Трајковски со 17 поени беше најефикасен поединец во македонскиот тим, и заедно со Ричард Хендрикс имаа дабл-дабли. Тој истакна дека чекор по чекор, Македонија би требало да го освои првото место во групата и да се најде во европската елита од 32 тима, кои ќе играат квалификации за 24-те места на ЕП 2021. Наредниот меч е задутре во Скопје против Романија.

„Тргнавме од дното. Летово игравме и во Швајцарија, а сакаме да ја вратиме македонската кошарка таму каде што мора да биде. Чекор по чекор, натпревар по натпревар, ќе финишираме како први во групата. Што се однесува до дуелот со Косово, добро почнавме, цврсто, направивме предност, и мислам дека победата ја посакувавме малку повеќе од противникот“ – изјави Трајковски кој е еден од нашите главни адути во нападот.

Шегобиецот Роналдо најде време и за забава (видео)

Кристијано Роналдо не само што го подигна нивото на тренинзите во Јуве, туку ја покажа и неговата забавна страна. Португалецот очигледно минува убави денови во Торино, неговиот тим реди победи иако тој се уште трага по првенецот, а дека најмалку се грижи за головите покажа на ова видео, откако одлучи да се пошегува со новинарот кој известува за официјалната телевизија на клубот.

https://twitter.com/Soccer_Laduma/status/1040480507434291200

Нејмар денес ќе одмора, за да биде свеж за гостувањето на „Енфилд“

ПСЖ во следното коло од француската лига ќе игра без најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, со цел Бразилецот да биде подготвен за тешкото гостување во Ливерпул во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. „Светците“ вечерва на свое тло ќе го пречекаат Сент Етјен, па Тухел одлучи да го изостави Нејмар, трите бода ќе ги „брка“ со помош на Кавани и Мбапе.

Гостувањето на „Енфилд“ е закажано за во вторник, со почеток од 21 часот, ПСЖ уште во првиот меч гo очекува тешка борба, меч кој може да одлучува за понатамошниот развој во групата Ц, каде се наоѓаат уште Наполи и Црвена звезда.

ФИБА ја тргна забраната за нови играчи на Галатасарај

Турскиот кошаркарски клуб Галатасарај, денес соопшти дека исплати голем дел од долговите на одредени играчи и агенти, како и тренери, по што ФИБА ја тргна забраната за нови ангажмани. Долги години турскиот клуб се мачеше со финансиски проблеми, по што ФИБА им ја спушти „рампата“ на трансфер пазарот, но, раководстовото полека го враќа сјајот на клубот.

„Забраната за трансфери доделена од страна на ФИБА конечно е тргната, откако голем дел од долговите од сезоните 15/16, 16/17 и 17/18 ги исплативме на играчите и агентите. Во текот на неделава беа средени сите документи, по што  ФИБА ги одобри исплатите. Се надеваме дека брзоќе го вратиме клубот на вистинската патека“, пишува во воопштението на клубот.

Галатасарај речиси да го скрои ростерот за новата сезона, но новите аквизиции не можеа да бидат пријавени поради оваа забрана.

Челзи веќе најде замена за Сари?

Раководството на Челзи мисли на иднината. Клубот од Лондон летово го смени Антонио Конте со друг италијански менаџер, Маурисио Сари, но дури и за него веќе е пронајдена замена.

Наводно, легендарниот дефанзивец на „сините“, Џон Тери, има намера да се врати и да работи со младинците во клубот, со што Челзи би го подготвувал за големата сцена. Трансферот на искусниот Англичанец во Спартак Москва пропадна, а според англиските медиуми, причина за тоа било можноста повторно да соработува со клубот каде направи импресивна кариера. Тери треба само да одлучи кога конечно ќе ги обеси копачките и ќе стави крај на фудбалската кариера пред да заплива во менаџерските води.

Неколку негови колеги, меѓу кои е Стивен Џерард, се одлучија за овој потег и засега се покажа како вистински избор. По извесно работење во младинските категории на Ливерпул, Џерард седна на менаџерското столче на Глазгов Ренџерс и засега добро му оди. По завршувањето на фудбалската кариера и Френк Лампард одлучи да го покаже своето тренерско знаење, па сега ја предводи екипата на Дерби каунти, тимот кој се наптерварува во втората англиска лига.

Иднината на Формула 1 – Од 2021 година ќе се возат нови болиди

Новиот дизајн на болидите најверојатно ќе се појави за три години на патеките, а денес беа објавени првите фотографии како ќе изгледаат „машините“ кои ќе ги возат Хамилтон, Фетел и останатите.

Формула 1 соопшти дека е во соработка со меѓународната автомобилска федерација, заедно го составуваат новиот модел на болиди кои ќе се возат во иднина и ќе имаат подобри перформанси.

Еден од поранешните шефови на Мерцедес тимот, истакна дека на моделот се работело во последните година дена, а најголемо внимание се обрнувало на аеродинамиката. Приоритет во измените бил предниот дел на болидите, односно предните сполјери. Целта е да се намали заостатокот на возилата кои имаат пред себе друго возило.

Во текот на следната година, првиот прототип на новите болиди ќе биде тестиран, а потоа и усовршуван, со цел да бидат максимално подготвени за официјалното претставување и ставање во употреба.

https://twitter.com/F1/status/1040547144011341826?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1040547144011341826&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fauto-moto%2Fbuducnost-formule-1-objavljene-prve-slike-novih-bolida-351609.html

Дербито Пелистер – Еурофарм Работник одложено поради технички проблеми

Новата сезона во ракометната Суперлига нема да се отвори како што беше планирано, со градското дерби во Битола. Мечот Пелистер- Еуфорфарм Работник нема да се игра утре, откако управата на зелените“ поднесе барање до федерацијата да се одложи мечот.

Причините се технички проблеми во салата „Боро Чурлевски“, а по барањето до федерацијата се согласи и противникот на Пелистер. Дербито најверојатно ќе се одигра во вторник, во предвиденото исто време од 18:30 часот.

Во останатите средби во првото суперлигашко коло, силите ќе ги одмерат,  Борец – Струга (19ч, сабота), Вардар Јуниор – Радовиш (18.30ч сабота), Бутел – Прилеп 2010 (12ч недела), Пролет – Охрид (19.30ч недела).

Романија без двајцата капитени ќе дојде во Скопје

Кошаркарската репрезентација на Романија во Скопје ќе допатува без двајцата капитени во составот, Андреј Мандаке и Влад Молдавеану. Новиот селектор Тудор Костеску одлучи да не ги вклучува последните двајца капитени во составот кој треба да се пресмета со избраниците на Јорданчо Давитков.

Исто така, Јулијан Орбенау пред извесно време заработи повреда на еден од контролните натпревари, па неговиот настап засега е под знак прашалник.

Комплетниот состав на Романија за дуелот против Македонија:

Дан Лукас Тохатан, Џордан Вотсон, Драгош Дикулеску, Мирел Лав, Јулијан Орбеану, Тудор Георге, Раду Палициуц, Богдан Никулеску, Александру Олах, Емануел Каце, Нандор Куци, Антон Диаконеску.

Средбата е закажана за во недела, 16-ти септември, со почеток од 18:15 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.