Дома Blog Страница 15

Легендата на Барселона ќе биде нов селектор на Мексико

Легендарниот дефанзивец Рафаел Маркес ќе ја води репрезентацијата на Мексико. Сепак, тој ќе ја преземе функцијата по завршувањето на Светското првенство 2026. Во моментов 47-годишниот поранешен фудбалер на Барселона е асистент на актуелниот селектор Хавиер Агире, кој ќе се повлече по крајот на Светското првенство.

Помошник на Рафа Маркес ќе биде Андрес Гуардадо, кој изгради солидна кариера во Шпанија со Бетис, Валенсија и Ла Коруња. Триесет и деветгодишниот поранешен играч од средниот ред има статус на легенда во Мексико откако одигра 180 натпревари за националниот тим.

Дел од стручниот штаб ќе бидат и Алфредо Талавера (тренер на голманите) и Видал Палома (помошник-тренер).

Рафаел Маркес е првиот фудбалер кој ја предводел својата репрезентација како капитен на натпревари на пет светски првенства – 2002, 2006, 2010, 2014 и 2018. За Мексико има одиграно 146 натпревари и има постигнато 19 гола.

Ново коло, нови предизвици: Во преден план е дерби-дуелот во Серија А

Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна. Првиот натпревар започнува во сабота од 13:30 часот, а тоа значи дека дотогаш ќе може да ги пополнувате вашите прогнози за натпреварите од најквалитетните европски лиги.

Во преден план е дерби-дуелот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Јувентус.

Најмногу натпревари, вкупно четири, се од шпанската Ла Лига, по три меча има од германската Бундеслига и италијанската Серија А. Два натпревари се од англиската Премиер лига и еден од француската Лига 1. Тоа се 13-те меча кои треба да бидат погодени за освојување на подарок.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Европската фудбалска елита налето се сели во Хонг Конг: Натпревари ќе играат Сити, Челзи, Интер …

Екипите на Манчестер сити, Челзи, Интер и Јувентус ќе одиграат пријателски натпревари во Хонг Конг во август, соопштија клубовите.

На модерниот стадион „Каи Так стадиум“ со капацитет од 50.000 гледачи, кој беше отворен пред една година, тимот предводен од Пеп Гвардиола ќе се соочи со Интер на први август (сабота), на отворањето на „Хонг Конг фудбал фестивал“.

Овој мини-турнир пред почетокот на сезоната ќе заврши на петти август, со натпреварот меѓу Челзи и Јувентус.

Четирите клуба ќе ги отворат и своите тренинзи за јавноста пред натпреварите, овозможувајќи им на навивачите да ги следат во живо.

Во меѓувреме, Баерн Минхен и Астон вила исто така најавија пријателски меч на седми август во Хонг Конг, каде што минатата година Ливерпул и Тотенхем играа против Милан и Арсенал.

 

Иднината на Рашфорд на „Камп ноу“ е неизвесна, Барселона неговата замена ја гледа во ПСЖ

Раководството на Барселона планира да го засили тимот на Ханси Флик најмалку со две сериозни засилувања во летниот преоден рок, при што главни приоритети се Алесандро Бастони и Хулијан Алварес. Паралелно, клубот разгледува и опција за замена за Маркус Рашфорд бидејќи шансите тој да остане на „Камп ноу“ се мали.

Според информациите, интересот е насочен кон крилото на ПСЖ – Бредли Баркола. Во Барселона би сакале Рашфорд да остане, но единствено прифатлива опција е нова позајмица, што Манчестер јунајтед веќе ја одбил. Тоа значително ги намалува шансите Англичанецот да продолжи во Каталонија.

Во меѓувреме, евентуалната достапност на Баркола може целосно да ги промени приоритетите на Каталонците. Доколку стане достапен на пазарот, тој би можело да стане главна цел за засилување на нападот. Интерес за него покажува и Ливерпул. Нејаснотијата околу неговиот нов договор отвора прашања за неговата иднина во ПСЖ.

Доколку Барселона ослободи доволно средства преку можни заминувања на Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен и Марк-Андре тер Штеген, клубот би можело сериозно да влезе во трката за потписот на Баркола, кој одамна е на радарот на спортскиот директор Деко.

Иако неговите квалитети се високо ценети на „Камп ноу“, односите со неговиот агент Муса Сисоко може да претставуваат проблем. Тој беше клучна фигура и при заминувањето на Усман Дембеле во 2023 година.

Се смета дека сума од околу 80 милиони евра би можела да биде доволна за трансферот, но останува да се види дали Барселона ќе има финансиска моќ, со оглед дека приоритети остануваат доведување централен дефанзивец и класичен напаѓач.

Голот на Кварацхелија донесе добивка од над 500.000 денари во Струмица, во Кавадарци има мајстор за игри на голови (Фото)

Викендот што измина навистина беше среќен за играчите во Sport Life, а за тоа доказ се и двата тикета во продолжение.

Во Струмица беше одигран неверојатен тикет, кој на крајот донесе добивка од 524.511 денари нето, а влогот беше само 310 денари. Беа одиграни 11 натпревари, од кои два веќе беа започнати и се од „обложување во живо“, а игрите се вистински микс од конечен тип, комбинации со голови, игри на голови и тимови.

Погодените квоти се движат помеѓу 1.39 и 3.40, а како клучен може да се смета голот на Кварацхелија кој го ублажи поразот на ПСЖ од Лион на домашен терен.

Одлично одигра и играчот на Sport Life од Кавадарци, кој се одлучи за иста игра – еден или два гола во првото и во второто полувреме. На крајот погодени беа шесте меча, па со влог само од 100 денари си доби нето-износ од 97.373 денари.

Во Гостивар беа погодени два пресврта, па играчот заслужено си доби 121.960 денари нето, со влог од само 250 денари. Погодените квоти се фантастични – 22,50 и 25,50.

Фудбалерот на Верона се кае за инцидентот во кој се степа со навивач на тимот за којшто игра

Напаѓачот на Верона, Гифт Орбан, јавно се извини за инцидентот што го направи по завршувањето на мечот против Милан. Верона го загуби тој дуел со 0:1 на свој терен, а по средбата, пред стадионот Орбан физички се пресмета со еден домашен навивач.

Инцидентот се случи кога Орбан одби да се фотографира со навивачот, а лутиот фан удри по колата на фудбалерот. Тогаш Орбан излезе од автомобилот и го нападна навивачот. Поголем инцидент спречија случајните минувачи, кои го раздвоија Орбан од намерата да продолжи да се тепа.

Од клубот Верона веднаш стигна реакција во која се вели дека осудуваат секаков вид насилство и дека дополнително ќе го разгледаат овој инцидент. Подоцна се извини и самиот Орбан.

„Најискрено жалам поради мојата реакција. Нема оправдување за губењето на контролата и целосно ја преземам одговорноста. Ветувам дека ќе извлечам поука од оваа грешка и дека ќе бидам подобар во иднина. Навивачите се темел на овој клуб и ја ценам страста и лојалноста која ја покажуваат на секој натпревар. Напорно ќе работам за повторно да стекнам поголема доверба. Тоа ќе го покажам со дела не само со зборови“, рече фудбалерот на Верона во своето извинување за инцидентот што го предизвика. Верона размислува да го казни Орбан, но засега нема никаква официјална реакција.

Како изгледаше моментот кога Орбан излезе од автомобилот за да се тепа со навивачот, може да погледнете ТУКА.

Англискиот првак од 2016 година денеска ќе испадне во трета лига!?

Поминаа точно 10 години откако во англиската Премиер лига се случи едно од најголемите изненадувања, Лестер стана шампион. Во таа 2016 година на Лестер му се даваа мали шанси дека може да не испадне од елитното друштво, а тој тим предводен од Џејми Варди и Нголо Канте на крајот се радуваше на шампионскиот трофеј.

Потоа Лестер го освои и ФА купот и играше во Лигата на шампионите. Тоа беа најубавите денови во клупската историја, но едвај деценија подоцна се случува кошмар за Лестер. Тимот испадна во Чемпионшип, а сега многу веројатно е дека од следната сезона ќе игра во третото по ранг натпреварување во Англија, Лига Еден.

По 43 одиграни кола, Лестер е на претпоследното место на табелата само со 41 бод, дури осум помалку од Блекбурн, кој е на последната сигурна позиција за опстанок. Лестер вечерва на свој терен игра против Хал и доколку не победи, сигурно ќе испадне од Чемпионшип.

Дури и со победа на Лестер не му е загарантирано дека денеска нема да испадне. Ако победат Блекбурн, ВБА и Чарлтон, на Лестер секако нема да му има спас дури и да ги освои трите бода на свој терен вечерва.

Распоредот комплетиран: Познати саатниците кога ќе играат македонските репрезентации на СП

Свеченото отворање на Светското првенство во училиштен ракомет ќе биде вечерва на плоштадот „Македонија“ во строгиот центар на Скопје, а веќе од утре започнуваат возбудувањата на теренот. По одржаниот технички состанок беа одредени и термините за настап на македонските кадетски селекции.

Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“, според следниот распоред:

22.04.2026 (10:30 часот) Македонија – Бугарија,

23.04.2026 (08:30 часот) Грузија – Македонија

24.04.2026 (10:30 часот) Република Српска – Македонија

26.04.2026 (14:30 часот) С.Арабија – Македонија

Женската кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги одигра во салата „Крсте Мисирков“ – Петровец, според следниот распоред:

22.04.2026 (10:30 часот), Белгија – Македонија

23.04.2026 (10:30 часот), Грузија – Македонија

24.04.2026 (10:30 часот), Македонија – Словачка.

Реал конечно мора да победи, Челзи не е фаворит за победа

1010 Брајтон – Челзи (21 ч.)

Во последните четири кола Брајтон има три победи и едно реми, додека Челзи нареди четири порази и не освои ниеден бод. Со овој очаен биланс Челзи заостана дури седум бода зад петопласираниот Ливерпул и сега има само теоретски шанси да се бори за место кое води во Лигата на шампионите.

Брајтон на свој терен сезонава во 16 меча претрпе само три порази, а интересно е дека ако се погледнат меѓусебните дуели, Брајтон трипати по ред го победува Челзи. На девет од последните 10 меѓусебни дуели имало по три или повеќе голови

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.20)

 

1302 Мајорка – Валенсија (19 ч.)

Дуел на две екипи кои грчевито се борат за опстанок. Мајорка има 34 бода и само два повеќе од Елче, кој е во зоната за испаѓање. Валенсија е со 35 бода едно место понапред. Традицијата вели дека тука не треба да се очекуваат многу голови затоа што на пет од последните шест пресметки немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.19)

 

1304 Реал Мадрид – Алавес (21:30 ч.)

Како ретко кога, Реал Мадрид има три порази и едно реми во последните четири меча во сите натпреварувања. Токму затоа, Алавес е ривал кој доаѓа во најдобар можен момент на „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб има низа од осум победи по ред со овој ривал и јасно е дека таа низа треба и вечерва да продолжи.

Алавес нема загубено четири кола по меч, а интересно е дека на четири од последните пет средби на овој тим имало четири или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1&4+ (3.05)

 

3142 Хајдук – Осиек (18:45 ч.)

Хајдук сигурно ќе заврши втор на крајот од сезоната, додека Осиек е на претпоследното девето место и е во опасност дури и да биде последен. Токму затоа бодовите им се попотребни на гостите, но прашање е колку имаат квалитет да изненадат на „Пољуд“.

На последните пет дуели на овие ривали бил НГ, односно еден од двата тима да не даде гол, но можеби сега е ред таа традиција да биде прекината.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

1655 Генк – Шарлроа (20:30 ч.)

Шарлроа е во неверојатно лоша низа и во последните 12 меча што го одигра претрпе девет порази, двапати одигра нерешено и само еднаш победи. Генк е во добар ритам и во првенството нема пораз на последните пет средби.

Во последните 10 меѓусебни дуели Генк има четири победи, Шарлроа се радувал само еднаш, а петпати било нерешено. Само еднаш во последните 50 меѓусебни дуели немало голови, што значи дека треба да се очекуваат погодоци

Предлог тип:1Х&3+ (2.35)

 

Алкарас беше прогласен за најдобар спортист во светот, а потоа следуваше шок

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас синоќа беше прогласен за спортист на годината добивајќи ја престижната награда „Лауреус“, на гала-церемонија која се одржа во Мадрид. Алкарас беше одличен во минатата година, кога ги освои гранслемите „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД, а сезоната ја заврши на првото место на светската ранг-листа. 

За малку повеќе од еден месец ќе започнат возбудувањата токму на „Ролан Гарос“, каде што Алкарас треба да го брани тронот, но многу веројатно е дека Шпанецот нема да настапи. Тој уште има лонгета на раката и прашање е дали ќе може навреме да се подготви за таков голем предизвик.

Дури и самиот Алкарас како да сакаше да најави дека нема да настапи оваа сезона во Париз.

„Подобро би се вратил подоцна, но во одлична форма отколку да брзам и да не се чувствувам 100%. Се надевам дека ќе имам долга кариера. Тоа што толку многу се притискам за да играм на ‘Ролан Гарос’ може да ми наштети за идните турнири. Вакви работи се случуваат во професионалниот спорт. Морам да ги прифатам. Морам целосно да закрепнам ако не сакам ова да ме засегне во иднина“, рече Карлитос по добивањето на наградата ‘Лауреус’ за спортист на годината“ во 2025 година.

Сепак, Алкарас не губи надеж дека можеби и ќе може да настапи на „Ролан Гарос“ затоа што допрва треба да го направи клучниот медицинси тест. „Следните прегледи и тестирања ќе бидат клучни“, додаде Алкарас.