Дома Blog Страница 31

Во Тотенхем е вклучен црвен аларм и мора да победи, Рома сака да ја прекине лошата низа против Аталанта

1004 Тотенхем  Брајтон (18:30 ч.)

Делува неверојатно, но Тотенхем е најслабиот домаќин во Премиер лигата сезонава. Во 16 меча, тимот има само две победи, четири ремија и дури 10 порази. Лондонскиот тим нареди четири порази по ред пред своите навивач, па сега е на 18-тото место на табелата, односно во зоната за испаѓање.

Затоа, едноставно Тотенхем денеска мора да брка победа, но секако нема воопшто да биде лесно со ривал како Брајтон, кој има пет победи во последните шест меча и има реални шанси да се бори за шестото место на табелата, кое носи излез во европските купови.

Традицијата вели дека на последните шест меча на овие ривали секогагаш било ГГ3+, што значи дека и сега може да се очекуваат многу возбудувања.

Предлог тип: ГГ3+ (1.94)

 

1704 Лил – Ница (21:05 ч.)

Лил е во одлична форма и нареди четири победи по ред во француското првенство, па се искачи на третото место на табелата. Главна цел на овој тим е биде на позиција која ќе му овозможи настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

Ница е во сосема поинаква ситуација. Тимот е на 15-тото место, последно кое носи спас од испаѓање. Дури со 56 примени гола во 29 кола, Ница ја има втората најслаба одбрана во лигата.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.50)

 

3005 Рома – Аталанта (20:45 ч.)

Дерби-пресметка посебно ако се знае дека играат шестиот и седмиот на табелата. Рома е со 57 бода, а Аталанта има четири бода помалку, па гостите се тие кои се под притисок ќе бркаат триумф ако сакаат да бараат излез во Европа.

Римската Волчица одлично игра на „Олимпико“ и има 11 победи, две ремија и само три порази. Сепак, ако се погледнат резултатите од меѓусебните дуели, Аталанта има шест победи и едно реми во последните седум пресметки со овој ривал.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.93)

 

1806 Ајнтрахт Франкфурт – Лајпциг (18:30 ч.)

Ајнтрахт има три победи и едно реми во последните четири меча пред своите навивачи, но сега му доаѓа еден опасен ривал. Лајпциг нареди пет победи во последните шест средби во првенството и сега е на посакуваното четврто место, кое води во Лигата на шампионите за следната сезона.

На последните пет дуели на овие ривали секогаш имало најмалку три погодоци, па и сега може да се очекува отворена игра без многу калкулации.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1955 Генчербирлиги – Галатасарај (19 ч.)

Жестока е битката за титулата во Турција, па Галатасарај едноставно не смее да киксира на ова гостување за да ја задржи преднста пред Фенербахче.

Генчербирлиги има четири порази по ред и е само на два бода од зоната за испаѓање, па домаќините реално немаат многу шанси да освојат бодови на овој меч.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.65)

Лудо ветување: Ако станам светски шампион ќе трчам гол од Лондон до Кардиф

Светското првенство во снукер е во фокусот на овој спорт, а Велшанинот Марк Вилијамс е еден од оние кои знае како се стигнува со планетарниот трон. Вилијамс има три светски титули освоени во 2000, 2003 и 20018 година, а сега мечтае да стигне и до четвртото вакво признание.

Интересно е дека во 2018 година пред финалето против Џон Хигинс најави дека доколку победи, ќе се појави гол на прес конференциката. Вилијамс тогаш го доби финалето со 18:16, а потоа пред новинарите се појави само во еден пешкир. Велшанецот екстремно најави дека доколку успее и оваа година да ја освои титулата на турнирот, подготвен е да направи сѐ.

„Би направил сѐ за да освојам нова титула, но годините поминуваат и се помали се шансите за такво нешто. Ќе трчам гол по автопатот М4 од Лондон до Кардиф“, рече Марк Вилијамс во пресрет на дешениот старт на СП.

Минатата година Вилијамс играше во финалето на Светското првенство, но зауби од Џао Синтоно со 12:18, па за прв пат се случи еден Кинез и воопшто натпреварувач од Азија да застане на светскиот трон. Вилијамс моментално е на шестото место на светското рангирање.

„Кога имав 45 години реков дека би сакал да видам на кое место ќе бидам рангиран кога ќе имам 50 години. Не се повлекувам. Сега ме интересира каков би бил мојот рејтинг кога ќе наполнам 55 години. И понатаму продолжувам да се борам. На секој турнир го давам најдоброто од себе. Ако победам, тоа е одлично, но ако загубам не е крај на светот. Со ова се занимавам од мојата осма година. Мојот татко работел во рудник 30 години, мојот дедо дури 50 години. Јас само патувам по светот и ја играм оваа глупава игра, добро сум платен и уживам во тоа“, рече Вилијамс.

 

Зголемени коефициенти за победи на Наполи, Баер Л., Динамо З., Олимпик М., Атлетико М., но и на Денвер, Њујорк…

Фудбалот доминира, но има и два меча од НБА плејофот во денешната понуда на Супер типот каде има многу зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат уште во 13 часот со дуелот меѓу Арминија Билефилд и Нинберг, а за победа на домаќините квотата е 2.04.

Од 14-те понудени натпревари, само на еден има гостински тим кој е во улога на фаворит за триумф, а тоа е Олимпик Марсеј да слави кај Лориен, каде „двојката“ е зголемена на коефициент од 1.76. На дерби дуелите меѓу Рома – Аталанта и Челзи – Манчестер јунајтед има зголемени коефициенти и за „кец“ и за „двојка“.

Од фаворитите, тука се Наполи да слави над Лацио, Атлетико Мадрид да го победи Реал Сосиедад во финалето на Купот на Шпанија, Лил да победи против Ница, а не би требало проблем да има и Баер Леверкузен против Аугсбург.

Возбудувањата од Супер типот ќе завршат со две НБА пресметки на кои Денвер и Њујорк се во улога на фаворити на свој терен против Минесота и Атланта.

Вардар ќе „билда“ гол-разлика против Шкупи, Пелистер нема друг избор освен победа, но и Македонија ЃП бара сламка за спас

Во Скопје и Битола денеска се играат двата меча од 28. коло на фудбалската Прва лига. Нема дилеми дека Вардар ќе го победи Шкупи. Некогаш ова беше скопско дерби, но чаирчани сезонава се не само најслаб тим во нашата лига, туку најслаб прволигаш во цела Европа, со само еден освоен бод од 27 средби.

Скопската пресметка се игра на тренинг центарот „Петер Милошевски крај ФФМ, а ова треба да е добра можност Вардар конечно да добие самодоверба во нападот. На девет од последните 10 меча што ги одигра, Вардар нема дадено повеќе од еден гол. Денеска, ако Вардар даде шест или повеќе голови, Шкупи ќе стигне до троцифрен број на примени голови.

Вардар моментално е втор на табелата со 65 бодови, два помалку од лидерот Шкендија. Тоа е само уште еден мотив повеќе скопските Црвено-црни да го решат денешниот ривал, за повторно да бидат лидери на табелата.

Многу поинтересно се очекува да биде во Битола, каде Пелистер е домаќин на Македонија ЃП. Битолчани имаат 26 бодови и се на деветото место кое води во плејаутот, додека гостите од Ѓорче Петров се 11-ти на табелата (директно испаѓање), но имаат само два помалку од Пелистер, што значи дека и тие имаат калкулации со евентуална победа, да се најдат во малку посигурна зона.

Пет меча од најсилните лиги носат одличен коефициент во Квоти на ден

Дури три меча од Англија и по еден дуел од Германија и Италија се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, се добива вкупен коефициент од 43.59.

Брентфорд и Фулам треба да си постигнат барем по еден гол, а најмалку еден погодок треба да има во првото полувреме, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со коефициент од 2.05.

Борусија Дортмунд гостува кај Хофенхајм и потребно е Милионерите да постигнат барем еден погодок и да бидат постигнати повеќе погодоци во второто полувреме, што носи квота од 2.30.

Њукасл на свој терен да не загуби од Борнмут во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци носи коефициент од 2.15.

Наполи да го победи Лацио во натпревар на кој нема да бидат постигнати повеќе од три погодоци се вреднува со 2.15 коефициент.

На англиското дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед во првото полувреме не треба да има повеќе од два погодоци, додека во вториот дел потребно е да има меѓу еден и два гола, комбинација која носи квота од точно два.

Сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но го разнесе противникот (Видео)

Немили сцени беа видени на меч од азиската Лига на шампиони, а настрада Жаиро Да Силва од тимот на Јохор. Од една сосема обична ситуација и дуел на средината од теренот, Да Силва заработи нокаут од играчот на Ал-Ахли, Али Мајраши.

Додека беа во борба за една топка, фудбалерот на Ал-Ахли сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но наместо топката, удри директно во главата на Да Силва, кој падна како покосен и без свест на тревата. Веднаш реагираа фудбалерите на двата тима, бараа лекарите веднаш да интервенираат.

Мајраши доби црвен картон, а јасно беше дека и на самиот фудбалер му беше криво за немилата случка која беше ненамерно создадена. Жаиро Да Силва веднаш беше префрлен во болница, а според неофицијални извори фудбалерот се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Едерсон направи глупост во 98 минута поради која може Фенербахче да остане без трофејот (Видео)

Екипата на Фенербахче пропушти голема шанса да се најде на првото место на табелата во турското првенство, откако одигра само 2:2 на свој терен против Ризеспор. Турскиот гигант на свој терен важеше за голем фаворит, но на крајот наместо три, освои само еден бод.

По првото полувреме немаше голови, а на стартото од вториот дел, гостите погодија за 0:1. Сепак, Фенербахче успеа да направи пресврт и со погодоците на Талиска од пенал во 80 минута и на Артукоглу во 86 минута стигнаа до водство од 2:1.

Ризеспор беше со играч помалку од 72 минута, но гостите не се предадоа и во 98 минута, буквално во последниот напад, по една уфрлена топка во шеснаесетникот, постигнаа гол. Главен виновник за овој погодок е голманот на Фенербахче, Едерсон кој лошо ја процени топката и згреши, па противникот даде гол за 2:2. Едерсон е голман кој заработува 10 милиони евра годишно, но сега едноставно му подари гол на Ризеспор и Фенербахче остана без два од пласнираните три бода.

Фенербахче сега има 67 бодови од 30 кола, додека Галатасарај ја задржа челната позиција со 68 бодови и еден меч помалку.

Орландо и Феникс се пласираа во плејофот, Шарлот и Голден Стејт ја завршија сезоната (Видео)

Екипите на Орландо меџик и Феникс санс продолжуваат во плејофот на НБА лигата, откако во клучните мечеви славеа против Шарлот и Голден Стејт. Орландо без многу драма, рутински стигна до сигурен триумф над Шарлот од 121:90 и се избори за место во првото коло од плејофот каде ќе се сретне со тимот на Филаделфија.

Паоло Бончеро со 26 поени ги предводеше Магичните до убедливата победа, а одлични беа и Франц Вагнер со 18 поени и Вендел Картер со 16 поени. На спротивната страна, единствен расположен за игра беше Ламело Бол со 23 поени.

Феникс сакс го елиминираше тимот на Голден Стејт победувајќи со 111:96. Џелен Грин беше незапирлив и постигна 36 поени, а и останатите четири кошаркари од стартната постава на Сонцата беа со двоцифрен број на постигнати поени. Девин Букер додаде 20 поени, Џордан Годвин постигна 19, Дилон Брукс беше со 13 поени, а Осо Оходаро даде 10 поени.

Кај Голден Стејт најмногу поени постигна Стеф Кари (17), но имаше очаен шут од поле погодувајќи само четири пати од 16 обиди. Феникс во првото коло на Западот ќе игра против Портланд.

Чкембари ги нападнаа ракометарите на Пелистер!? (Видео)

Битолски Пелистер е елиминиран во полуфиналето од ракометниот куп и речиси сигурно ќе остане сезонава без ниту еден трофеј. Пелистер уште е актуелен шампион, но сезонава е далеку зад Вардар и само теоретски останува Црвено-црните шампионскиот пехар да го префрлат во Скопје.

Освен што не го одбранија трофејот во првенството, Пелистер и во Купот разочара. Иако делуваа дека се фаворити во полуфиналето против Охрид, битолчани многу лесно и убедливо загубија со 26:19.

На фејсбук страната на битолската навивачка група „Чкембари“ се појави видео на кое се гледа како навивачи стојат покрај патот и се подготвени да нападнат некого.

“Баравте проблем. ДОБИВТЕ!“ е пораката која Чкембари ја испратија, а на видеото кое е постирано се гледа дека се работи за класична заседа. Со запалени факели, палки, железни прачки го нападнаа комбето кое пристигна, но за среќа, возачот успеа да избега од оваа заседа. Не е потврдено дали во комбето се наоѓаа ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Македонија во јуни ќе игра пријателски меч против репрезентација која никогаш не била на СП

Македонската фудбалска репрезентација ќе има многу активност на крајот од мај и почетокот на јуни. Тие активности за жал нема да бидат како подоготвка за настап на Светско првенство, затоа што Македонија не успеа да испише историја и да биде дел од завршницата на Мундијалот.

Веќе е потврдено дека Македонија на 29 мај ќе игра во Сараево против Босна и Херцеговина која ќе се подготвува за СП 2026. Потоа следува гостување и во Турција, кога во Истанбул на 1 јуни ќе гостуваме на стадионот на Галатасарај.

Се поверојатно е дека македонската репрезентација ќе остане во Турција во јуни, но од Истанбул ќе се пресели во Анталија. Најавите се дека македонската фудбалска репрезентација ќе игра контролен дуел и против репрезентацијата на Бахреин.

За разлика од БиХ и Турција кои се подготвуваат за настап на планетарлниот собир, Бахреин ја има судбината на Македонија. Оваа азиска земја никогаш не била дел од Светско првенство.