20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025
Дома Blog Страница 42

Тудор: Десет играчи ми побараа замена против Реал Мадрид

Игор Тудор изјави дека дури десет фудбалери побарале замена поради физички проблеми во поразот на неговиот Јувентус од Реал Мадрид (0-1) во осминафиналето на Светското клупско првенство, но потенцираше дека е задоволен од тактичкиот настап на неговиот тим.

Натпреварот во Мајами беше исклучително интензивен, а единствениот гол го постигна Гонзало Гарсија со удар со глава по центаршут од Трент Александер-Арнолд. Голманот Микеле Ди Грегорио го одржа Јувентус во игра со неколку фантастични интервенции против Џуд Белингам, Федерико Валверде и Арда Ѓулер, додека Рандал Коло Муани ја пропушти најдобрата шанса за Италијанците на почетокот, кога ја префрли топката над голот.

„Мора да им честитам на момците. Се држеа до договорената тактика и дадоа сè од себе во дадените околности. На крајот, дури десетмина побараа замена“, изјави Тудор за „Спорт Медиасет“.

Во текот на натпреварот, Лојд Кели беше заменет поради мускулна повреда, додека Федерико Гати настапи со симптоми на грип, што дополнително ги усложни дефанзивните проблеми. Најмногу внимание привлече замената на Кенан Јилдиз во 71-тата минута, со оглед дека 20-годишниот турски напаѓачна клупскиот Мундијал имаше три гола и две асистенции во четири натпревари.

„Јилдиз се истегнуваше, се плашевме дека може да се повреди. И другите беа во слична состојба. Имавме уште една замена, сакав да внесам офанзивец, но се повреди Консеисао, па се плашев да не останеме со десетмина играчи“, објасни хрватскиот стратег.

Јувентус го заврши настапот на Светското клупско првенство со две победи и два порази, но Тудор смета дека тимот одигра многу подобро отколку против Манчестер сити, кога загуби со 5-2.

„Против два врвни тима буквално учевме фудбал. Но, вреди да се споредиме со нив за да видиме каде сме и да учиме. Против Реал имавме сосема поинаква стратегија. Освен тоа, натпреварот со Сити беше без натпреварувачко значење, а овој беше елиминациски“, нагласи тој.

Тудор досега има седум победи, три нерешени и три порази на клупата на Јувентус.

„Не знаеш кога Реал е поопасен – кога комбинира или кога оди во контранапад. И ние имавме свои шанси. Им честитав на играчите и од тука продолжуваме да градиме“, рече Тудор.

На прашањето што ќе му биде најпотребно на тимот за следната сезона, Тудор одговори со насмевка.

„Сега не е време за такви прашања. Прво малку одмор, па потоа ќе се подготвиме за новата сезона. Нека се одморат сите добро“, заврши хрватскиот тренер.

Тенисот го презеде приматот во денешниот Супер тип (Фото)

Вимблдон е „главен“ оваа среда, во ситуација кога завршија сите осминафинални натпревари од Светското клупско првенство во САД. Со оглед на тоа тениските мечеви се најзастапени и во понудата на Супер типот на Sport Life. Се разбира, со најголемите коефициенти кои можат воопшто да се пронајдат.

Понудата со зголемени квоти во Sport Life стартува напладне токму со тениски мечеви од Ол Ингланд клуб во Лондон, а потоа се селиме на фудбал во Финска.

Во вечерната понуда повторно тенис и фудбал, а вие останува да го одберете вашиот фаворит.

Манчестер јунајтед сака да го доведе Чалханоглу на „Олд Трафорд“

Манчестер jунајтед официјално испратил прашање до Интер за статусот на турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу, со цел да му го „украде“ трансферот пред носот на Галатасарај. Црвените ѓаволи се вклучиле во трката за играчот, каде конкуренција им се Фулам и турскиот гигант, а интерес покажуваат и неколку клубови од Саудиска Арабија.

Каква е ситуацијата со Чалханоглу? Галатасарај го сака, но моментно не може да понуди повеќе од 15 милиони евра. Интер, пак, бара износ блиску до 40 милиони евра. Манчестер јунајтед и Фулам неодамна контактирале со агентите на играчот, по претходен интерес и на клубови од Саудиска Арабија.

Интер цврсто стои на својата проценка за Чалханоглу и не е подготвен да го пушти за пониска сума, што најверојатно ќе го исклучи Галатасарај од битката. Сепак, фудбалерот за врска изрази желба да се врати во Турција и да го облече дресот на Галатасарај, но е отворен за други опции.

Минатата сезона, Чалханоглу настапи на 47 натпревари за Интер, беше клучна фигура во пласманот во финалето на Лигата на шампионите и во борбата за титула во Серија А, каде Интер заврши на второто место зад Наполи.


По четири години поминати во Милано, 30-годишниот играч од средниот ред изгледа е подготвен за нов предизвик.

Петте Квоти на денот нудат вкупен коефициент 67,5

Тенисот сериозно се наметнува оваа среда со понудата од Вимблдон, но во Квотите на денот фудбалот е „главен“. Во понудата на Sport Life подготвени се пет нови предлози, кои носат вкупен коефициент – 67,5. Секој од нив поединечно најмалку го удвојува влогот, но и многу повеќе од тоа.

Хелсинки е фаворит против Јаро, а квотата на денот е 2.45, ако домаќинот постигне три гола, од кои барем еден во првото полувреме.

Илвес го пречекува КТП, а квотата на денот е 2.10, доколку победи на полувреме и на крај, и на мечот бидат постигнати од три до шест гола.

ВПС игра против Хака, и ако не загуби, а двете екипи постигнат барем по еден гол, квотата на денот е 2.10.

Фудбалерките на Швајцарија и на Норвешка ќе имаат интересен дуел, а квотата на денот е 2.55, ако има три гола и двете екипи постигнат барем по еден погодок.

Расинг е домаќин на Сан Мартин, и квотата на денот е 2.45, ако домаќинот победи и на мечот бидат постигнати од два до четири гола.

Чаби Алонсо го пофали стрелецот Гонзало Гарсија: „Тој има инстинкти на вистински голгетер“

Чаби Алонсо изрази задоволство од победата на Реал Мадрид над Јувентус со 1-0, која го однесе „кралскиот клуб“ во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

„Задоволни сме од резултатот, од играта и од пласманот во следната рунда. Првите 15 минути беа тешки, ни требаше време да го најдеме вистинскиот ритам. Им реков на играчите да ја преземат контролата на средината и да ги користат просторите по крилата, каде што можевме да му направиме проблеми на Јувентус“, изјави Алонсо.

Тренерот на „кралскиот клуб“ упати пофалби за Гонзало Гарсија, стрелецот на победничкиот гол.

„Гонзало е извонреден. Има инстинкти на вистински голгетер. Треба да му се оддаде признание, беше на вистинското место во вистинско време.“

На крајот, Алонсо се осврна и на Килијан Мбапе.

„Мбапе не беше целосно подготвен, но ќе има време да влезе во форма. Тој е многу важен играч за нас“, додаде стратегот на Реал.

Ѓоковиќ „пумпаше“ после првиот триумф на Вимблдон: „Сите победи ќе ги славам на таков начин“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на Вимблдон, совладувајќи го Французинот Александре Мулер (41. на АТП листата) со 3-1 во сетови (6-1, 6-7, 6-2, 6-2).

Најдобриот тенисер на сите времиња ѝ отпоздрави на публиката на Централниот терен во Лондон, а потоа симулираше движење на „пумпање“ – гест кој стана симбол на студентските протести против режимот во Србија, по трагедијата со падот на настрешницата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица.

Иако потешко од очекувањата, по речиси три часа борба, Ѓоковиќ избори пласман во второто коло на третиот гранслем турнир во сезоната.

На прес-конференцијата по мечот, тој го објасни значењето на движењето со „пумпање“ што го направи по победата.

„Тоа е нешто помеѓу мене и моите деца. Имаме две песни што често ги слушаме во последно време. Разговаравме дека таа кореографија би била одлична за прослава по победите на Вимблдон. Така ќе славам и понатаму на турнирот. Се работи за симболична паралела“, изјави Ѓоковиќ.

Тој ги откри и двете песни што ја инспирирале кореографијата.

„Едната е странска ‘денс’ песна по име „Pump It Up“, а другата е „Баци све са себе“, каде што во еден момент се пее: ‘пумпај, пумпај, зошто застана’“, додаде насмеаниот тенисер.

Во второто коло, Новак Ѓоковиќ ќе игра против британскиот тенисер Даниел Еванс, кој се наоѓа на 154. место на АТП листата.

Борусија Дортмунд е последниот четвртфиналист на Светското клупско првенство (Видео)

Борусија Дортмунд е последниот четвртфиналист на Светското клупско првенство. Со два гола на Серху Гираси уште до полувремето, германскиот тим славеше со 2-1 против мексиканскиот клуб Монтереј и си обезбеди дуел со Реал Мадрид во реприза на финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2023/24.

Натпреварот на „Мерцедес-Бенц стејдиум“ во Атланта беше исполнет со тензија, но Борусија ја постигна својата цел, иако му дозволи на противникот да ја врати неизвесноста со погодокот на Ерман Бертераме на стартот од второто полувреме.
Серхио Рамос и неговите соиграчи пружија жесток отпор, а поранешниот шпански репрезентативец можеше да израмни во последните секунди, но шутираше крај голот од поволна позиција.

Во групната фаза, Борусија Дортмунд одигра нерешено без голови против Флуминенсе, а потоа оствари две победи со минимална разлика против Мамелоди сандаунс (4-3) и Улсан Хјундаи (1-0), што беше доволно за прво место во групата Ф.

Монтереј беше дел од групата Е, каде што се натпреваруваше со Интер и со Ривер Плата. Серхио Рамос и неговите соиграчи одиграа нерешено против двата главни ривали, а потоа го декласираа тимот на Урава ред дајмондс со 4-0 и ја освоија втората позиција, што им обезбеди место во осминафиналето.

Реал ќе одговара за вршење притисок врз судии

Мадридскиот суд одлучи повторно да ја отвори постапката против клупската телевизија на Реал Мадрид. Централниот административен суд во Мадрид ја прифатил жалбата на Ла Лига и ѝ наложи на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), преку својата дисциплинска комисија, повторно да ја отвори истрагата за видеата од судиите кои беа објавувани на телевизијата на Реал.

Жалбата беше поднесена против одлуката на Судот за административни прекршоци за спорт (TAD) од 21 ноември 2024 година, кој одби да ја разгледа жалбата на Ла Лига за прекинување на дисциплинската постапка против Кралскиот клуб. Според подносителите на жалбата, со овие снимки се вршело притисок врз судиите пред голем број натпревари.

Постапката беше покрената на 1 март 2024 година по жалбите од Севиља и Ла Лига до дисциплинската комисија на РФЕФ. Тие тврдеа дека Реал преку својот клупски телевизиски канал, систематски вршел кампања на притисок врз судиите назначени за неговите натпревари, објавувајќи материјали што ја доведуваат во прашање нивната професионалност.

Ѓоковиќ мораше да игра над три часа за да го помине првото коло во јубилејниот 20-ти настап на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон. Српскиот тенисер со 3:1 во сетови го елиминираше Александре Милер од Франција, во меч кој траеше речиси три и пол часа.

Фуриозно започна Ѓоковиќ во првиот сет. По 1:1 во гемови, следуваше шоу на Ноле кој направи три брејка и го освои првиот сет со 6:1. Во вториот сет Милер одигра на ниво и не дозволи ниту еден брејк, па стигна до 6:6, а во тајбрејкот Французинот беше подобар со 9:7, израмнувајќи на 1:1 во сетови.

Ѓоковиќ не се збуни по загубениот сет и продолжи фуриозно во третиот сет, кој успеа да го добие со 6:2, а потоа си истиот резултат го доби и четвртиот сет за победа од 3:1 во сетови.

Баерн Минхен тргна по потписот на ѕвездата на Ливерпул

Баерн Минхен е подготвен во новата сезона да биде уште посилен. Според најавите, баварскиот гигант тргна по потписот на Луис Диаз од Ливерпул. Иако уште нема испратено официјална понуда за колумбискиот репрезентативец, Баерн веќе е фокусиран да го добие потписот на ѕвездата од англискиот првак.

„Можам да ги потврдам информациите кои ги лиферуваше Билд. Баерн стапи во контакт со луѓето кои се грижат за кариерата на Луис Диаз. Уште нема никаква официјална понуда. Се работи само на разговори. Баерн сака да ја согледа целосната ситуација околу овој фудбалер. Не е нереално да има реализација на овој трансфер“, пишува новинарот Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери.

Луис Диаз во Ливерпул дојде во 2022 година и тоа за трансфер од 54 милиони евра од Порто. Тој има актуелен договор со Ливерпул до јуни 2027 година. Досега, за англискиот првак има одиграно 148 меча во кои постигнал 41 гол, а има и 23 асистенции.