2.6 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026
Дома Blog Страница 48

Црвена ѕвезда го декласираше Ефес

Кошаркарите на Црвена ѕвезда одлично ја започнаа новата 2026 година, победувајќи го Анадолу Ефес на гости со убедливи 65-87 во 19-тото коло на Евролигата. Со овој триумф, Ѕвезда го завршува првиот круг со скор 11-6, додека домаќините доживеаја трет пораз по ред и вкупно тринаесетти во сезоната.

Екипата на Саша Обрадовиќ полека се разигруваше по почетните пет минути кога Ефес водеше со 8-3. Џордан Нвора направи серија од 11-0, носејќи водство од 14-8, а потоа и до „плус девет“, 19-10. Првиот дел заврши со максимални 43-23 за гостите, а Нвора постигна 14 поени до полувремето.

Во вториот дел, Црвено-белите ја задржаа контролата и по 22 минути од третата четвртина водеа 27-51, и ја одржаа предноста до крајот на натпреварот.


Кај победничкиот тим, Нвора беше најдобар со 24 поени и пет скока, Монеке додаде 16 поени и осум скока, а Батлер имаше 10 поени, шест асистенции и четири скока.

Кај домаќините, Вајлер-Беб постигна 17 поени, Швајдер 13, а Џонс 11, но Ефес имаше само 4/24 за три поени, од кои 0/11 во првото полувреме.

Ненад Димитријевиќ пред трансфер во Баерн Минхен

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ е на прагот да се врати во Евролигата. Плејмејкерот на рускиот Зенит е во преговори со Баерн Минхен на чие кормилото застаната легендарниот Светислав Пешиќ. Тој смета дека Нено Димитријевиќ би бил големо засилување на плејмејкерската позиција во неговиот состав.


Германскиот тим веќе му упатил понуда, а Димитријевиќ преговара за условите за раскин на договорот со клубот од Санкт Петербург.

Ненад Димитријевиќ пристигна во Зенит летото 2025 година и оваа сезона има просек од 11,5 поени, 2,9 скока и 5,7 асистенции по натпревар во 10 настапи. Претходно настапуваше за УНИКС, со кој стана шампион и МВП на сезоната и плеј-офот.

Баерн Минхен по 18 кола во Евролигата го зазема последното, 20-то место, со пет победи и 13 порази.

Неверојатен трансфер, од просечен четвртолигаш директно во тим од Лигата на шампионите

Белгискиот клуб Ројал унион Сен Жилоа кој се натпреварува и во Лигата на шампионите, реши да купи фудбалер кој досега настапуваше во Ајнтрахт Трир, клуб кој е 11-ти на табелата во четвртата германска лига.

Станува збор за 22-годишниот офанзивец Матео Биондиќ кој има и германско и хрватско државјанство.

Биондиќ одигра 17 натпревари за Ајнтрахт Трир во Регионалната лига Јужен Запад оваа сезона и постигна седум гола и пет асистенции.

Досега играше против полуаматерски клубови каков што е и тимот од Трир, а сега за него ќе платат 100.000 евра и тој ќе има прилика наскоро да игра во ЛШ против Баерн Минхен и Аталанта.

Оклахома вечер може да стане првиот тим со 30 победи сезонава во НБА

Вечерва после полноќ се играат десет натпревари во кошаркарската НБА лига, па затоа има и околу 100 играчи на кои во Sport Life може да се обложите за број на поени.

Еден од поинтересните мечеви треба да биде Голден стејт – Оклахома сити, на кој ако победат гостите, ќе станат првиот тим во лигата со 30 победи сезонава (имаат и пет порази).

Квотите велат дека најголема сигурица е победа на Кливленд над ослабениот Денвер. Кај Нагетс кој е трети на Западот, не само што е повреден главниот играч Никола Јокиќ, туку го нема и неговата прва резерва на центарската позиција, Јонас Валанчунас.

ЛА Лејкерс предводен од најдобриот стрелец во НБА, Лука Дончиќ, го пречекува Мемфис, и тука домашните се големи фаворити, а квотата за нивна победа е примамлива.

Модриќ: Да не бев фудбалер, ќе работев како келнер!

Фудбалерот на Милан, 40-годишниот Хрват Лука Модриќ, во новогодишно интервју за „Кориере дела Сера“ изјави дека Росонерите имаат шанса да го освојат Скудетото, а откри и што ќе правел доколку не успеел во светот на фудбалот.

Модриќ се здоби со слава благодарение на своите настапи за Реал Мадрид, со кој освои бројни трофеи, а во 2018 беше прогласен и за најдобар фудбалер на светот.

„Ми се допаѓа нормалноста. Сакам нормално семејство, нормален живот, мали нешта. Не се чувствувам посебен. Во целиот мој живот никогаш не сум помислил дека сум над некој друг. Да не бев фудбалер, ќе сакав да бидам келнер. Бев добар во тоа, ја обожував таа работа. Студирав хотелски менаџмент во угостителско училиште. Во мојата прва година, бевме на пракса во ресторанот „Марина“ во Задар, каде што се одржуваа свадбени приеми. Послужував пијалоци, а на хрватските свадби има многу пиење. Единственото нешто што не ми се допадна беше миењето садови“, раскажа Модриќ. 

 

Јамал ги „тролал“ Шпанците откако Мароко ја победи Фуријата на СП 2022 (Видео)

Се појави видео на кое Ламин Јамал облечен во марокански дрес ги „трола“ своите шпански другари откако Мароко ја елиминираше Шпанија на Светското првенство во 2022 година.

Мароко е земја од која е неговиот татко, па и Ламин беше во игра да заигра за Мароко. Снимката од декември 2022 е уште еден доказ дека постоела голема веројатност Јамал да го носи дресот на Мароко, но на крајот, сепак одлучи да ги брани боите на Шпанија.

Последниот обид на Мароко да го натера Јамал да игра за „Лавовите од Атлас“ се случи тој кога имаше 16 години. Тогаш одличниот фудбалер вечераше со селекторот Валид Реграги во ресторан во Барселона. Јамал веќе играше за јуниорските тимови на Шпанија, а кратко по средбата со Реграги доби покана за селекцијата А на Шпанија, со која ја освои титулата европски шампион во 2024 година.

Вуко Борозан наскоро си оди од Вардар?

Црногорскиот лев бек Вуко Борозан би можел изненадувачки наскоро да го напушти Вардар 1961 и да се пресели во амбициозниот ГРК Охрид.

Се шушка дека најтрофејниот македонски клуб кој е лидер на суперлигашката табела и се бори за титулата во домашното првенство, уште зимава ќе остане без Борозан, и дека најзаинтересиран за неговите услуги е Охрид, а дали навистина ќе се оствари овој трансфер, останува да се види.

Напаѓач од Египет е првото засилување за Барселона во јануарскиот преоден рок

Барселона го реализира првиот трансфер во јануарскиот преоден рок, а иако многумина очекуваа тоа да биде звучно име, сепак се работи за млад, 18-годишен напаѓач од Египет.

Фудбалерот на Ал-Ахли од Каиро, Хамза Абдел Карим, следните шест месеци ќе ги мине како позајмен во редовите на Барселона, а доколку задоволи, тогаш неговиот договор ќе биде откупен за 1,5 милиони евра. Во тој случај, екипата од Египет ќе добие и 15% од неговиот следен трансфер.

Најдобриот кошаркар на Ѕвезда со пеење на познат балкански хит се спрема за Ефес (Видео)

Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Коди Милер-Мекинтаер, преку песни го учи јазикот на земјата во која што живее, а на социјалните мрежи се појави и снимка која стана хит меѓу навивачите.

Американецот кој има и бугарски пасош, си ја пееше „Паришке капије“ од Харис Џиновиќ.

„Дали е ова добра песна за дочек на нова година?“, ги праша Коди своите пријатели и следбеници.

Вечерва од 18 часот Ѕвезда гостува во Истанбул кај Анадолу Ефес во евролигашки меч, а Милер-Мекинтаер ќе биде еден од главните адути на Црвено-белите.

Официјално: Никлас Фулкруг е новата „9-ка“ на Милан!

Германскиот напаѓач Никлас Фулкруг од Вест хем се пресели во Милан на позајмица, со опција за откуп. Во клубот од Милано тој ќе го носи дресот со број 9.

Фулкруг одигра девет натпревари во сите натпреварувања за Вест хем оваа сезона, но не постигна гол. Тој потпиша за англискиот клуб во август 2024 година од тогашниот финалист на ЛШ, Борусија Дортмунд, за 27 милиони фунти. Во дресот на Чеканите даде само три гола на 29 меча во Премиер лигата во овие 18 месеци. 

Дебито на Фулкруг се очекува уште вечерва против Каљари, но секако не како стартер, туку да влезе од клупата за резерви.