Дома Blog Страница 66

Зголемени коефициенти за победи на Наполи, Баер Л., Динамо З., Олимпик М., Атлетико М., но и на Денвер, Њујорк…

Фудбалот доминира, но има и два меча од НБА плејофот во денешната понуда на Супер типот каде има многу зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат уште во 13 часот со дуелот меѓу Арминија Билефилд и Нинберг, а за победа на домаќините квотата е 2.04.

Од 14-те понудени натпревари, само на еден има гостински тим кој е во улога на фаворит за триумф, а тоа е Олимпик Марсеј да слави кај Лориен, каде „двојката“ е зголемена на коефициент од 1.76. На дерби дуелите меѓу Рома – Аталанта и Челзи – Манчестер јунајтед има зголемени коефициенти и за „кец“ и за „двојка“.

Од фаворитите, тука се Наполи да слави над Лацио, Атлетико Мадрид да го победи Реал Сосиедад во финалето на Купот на Шпанија, Лил да победи против Ница, а не би требало проблем да има и Баер Леверкузен против Аугсбург.

Возбудувањата од Супер типот ќе завршат со две НБА пресметки на кои Денвер и Њујорк се во улога на фаворити на свој терен против Минесота и Атланта.

Вардар ќе „билда“ гол-разлика против Шкупи, Пелистер нема друг избор освен победа, но и Македонија ЃП бара сламка за спас

Во Скопје и Битола денеска се играат двата меча од 28. коло на фудбалската Прва лига. Нема дилеми дека Вардар ќе го победи Шкупи. Некогаш ова беше скопско дерби, но чаирчани сезонава се не само најслаб тим во нашата лига, туку најслаб прволигаш во цела Европа, со само еден освоен бод од 27 средби.

Скопската пресметка се игра на тренинг центарот „Петер Милошевски крај ФФМ, а ова треба да е добра можност Вардар конечно да добие самодоверба во нападот. На девет од последните 10 меча што ги одигра, Вардар нема дадено повеќе од еден гол. Денеска, ако Вардар даде шест или повеќе голови, Шкупи ќе стигне до троцифрен број на примени голови.

Вардар моментално е втор на табелата со 65 бодови, два помалку од лидерот Шкендија. Тоа е само уште еден мотив повеќе скопските Црвено-црни да го решат денешниот ривал, за повторно да бидат лидери на табелата.

Многу поинтересно се очекува да биде во Битола, каде Пелистер е домаќин на Македонија ЃП. Битолчани имаат 26 бодови и се на деветото место кое води во плејаутот, додека гостите од Ѓорче Петров се 11-ти на табелата (директно испаѓање), но имаат само два помалку од Пелистер, што значи дека и тие имаат калкулации со евентуална победа, да се најдат во малку посигурна зона.

Пет меча од најсилните лиги носат одличен коефициент во Квоти на ден

Дури три меча од Англија и по еден дуел од Германија и Италија се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, се добива вкупен коефициент од 43.59.

Брентфорд и Фулам треба да си постигнат барем по еден гол, а најмалку еден погодок треба да има во првото полувреме, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со коефициент од 2.05.

Борусија Дортмунд гостува кај Хофенхајм и потребно е Милионерите да постигнат барем еден погодок и да бидат постигнати повеќе погодоци во второто полувреме, што носи квота од 2.30.

Њукасл на свој терен да не загуби од Борнмут во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци носи коефициент од 2.15.

Наполи да го победи Лацио во натпревар на кој нема да бидат постигнати повеќе од три погодоци се вреднува со 2.15 коефициент.

На англиското дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед во првото полувреме не треба да има повеќе од два погодоци, додека во вториот дел потребно е да има меѓу еден и два гола, комбинација која носи квота од точно два.

Сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но го разнесе противникот (Видео)

Немили сцени беа видени на меч од азиската Лига на шампиони, а настрада Жаиро Да Силва од тимот на Јохор. Од една сосема обична ситуација и дуел на средината од теренот, Да Силва заработи нокаут од играчот на Ал-Ахли, Али Мајраши.

Додека беа во борба за една топка, фудбалерот на Ал-Ахли сакаше со „ножички“ да ја удри топката, но наместо топката, удри директно во главата на Да Силва, кој падна како покосен и без свест на тревата. Веднаш реагираа фудбалерите на двата тима, бараа лекарите веднаш да интервенираат.

Мајраши доби црвен картон, а јасно беше дека и на самиот фудбалер му беше криво за немилата случка која беше ненамерно создадена. Жаиро Да Силва веднаш беше префрлен во болница, а според неофицијални извори фудбалерот се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Едерсон направи глупост во 98 минута поради која може Фенербахче да остане без трофејот (Видео)

Екипата на Фенербахче пропушти голема шанса да се најде на првото место на табелата во турското првенство, откако одигра само 2:2 на свој терен против Ризеспор. Турскиот гигант на свој терен важеше за голем фаворит, но на крајот наместо три, освои само еден бод.

По првото полувреме немаше голови, а на стартото од вториот дел, гостите погодија за 0:1. Сепак, Фенербахче успеа да направи пресврт и со погодоците на Талиска од пенал во 80 минута и на Артукоглу во 86 минута стигнаа до водство од 2:1.

Ризеспор беше со играч помалку од 72 минута, но гостите не се предадоа и во 98 минута, буквално во последниот напад, по една уфрлена топка во шеснаесетникот, постигнаа гол. Главен виновник за овој погодок е голманот на Фенербахче, Едерсон кој лошо ја процени топката и згреши, па противникот даде гол за 2:2. Едерсон е голман кој заработува 10 милиони евра годишно, но сега едноставно му подари гол на Ризеспор и Фенербахче остана без два од пласнираните три бода.

Фенербахче сега има 67 бодови од 30 кола, додека Галатасарај ја задржа челната позиција со 68 бодови и еден меч помалку.

Орландо и Феникс се пласираа во плејофот, Шарлот и Голден Стејт ја завршија сезоната (Видео)

Екипите на Орландо меџик и Феникс санс продолжуваат во плејофот на НБА лигата, откако во клучните мечеви славеа против Шарлот и Голден Стејт. Орландо без многу драма, рутински стигна до сигурен триумф над Шарлот од 121:90 и се избори за место во првото коло од плејофот каде ќе се сретне со тимот на Филаделфија.

Паоло Бончеро со 26 поени ги предводеше Магичните до убедливата победа, а одлични беа и Франц Вагнер со 18 поени и Вендел Картер со 16 поени. На спротивната страна, единствен расположен за игра беше Ламело Бол со 23 поени.

Феникс сакс го елиминираше тимот на Голден Стејт победувајќи со 111:96. Џелен Грин беше незапирлив и постигна 36 поени, а и останатите четири кошаркари од стартната постава на Сонцата беа со двоцифрен број на постигнати поени. Девин Букер додаде 20 поени, Џордан Годвин постигна 19, Дилон Брукс беше со 13 поени, а Осо Оходаро даде 10 поени.

Кај Голден Стејт најмногу поени постигна Стеф Кари (17), но имаше очаен шут од поле погодувајќи само четири пати од 16 обиди. Феникс во првото коло на Западот ќе игра против Портланд.

Чкембари ги нападнаа ракометарите на Пелистер!? (Видео)

Битолски Пелистер е елиминиран во полуфиналето од ракометниот куп и речиси сигурно ќе остане сезонава без ниту еден трофеј. Пелистер уште е актуелен шампион, но сезонава е далеку зад Вардар и само теоретски останува Црвено-црните шампионскиот пехар да го префрлат во Скопје.

Освен што не го одбранија трофејот во првенството, Пелистер и во Купот разочара. Иако делуваа дека се фаворити во полуфиналето против Охрид, битолчани многу лесно и убедливо загубија со 26:19.

На фејсбук страната на битолската навивачка група „Чкембари“ се појави видео на кое се гледа како навивачи стојат покрај патот и се подготвени да нападнат некого.

“Баравте проблем. ДОБИВТЕ!“ е пораката која Чкембари ја испратија, а на видеото кое е постирано се гледа дека се работи за класична заседа. Со запалени факели, палки, железни прачки го нападнаа комбето кое пристигна, но за среќа, возачот успеа да избега од оваа заседа. Не е потврдено дали во комбето се наоѓаа ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Македонија во јуни ќе игра пријателски меч против репрезентација која никогаш не била на СП

Македонската фудбалска репрезентација ќе има многу активност на крајот од мај и почетокот на јуни. Тие активности за жал нема да бидат како подоготвка за настап на Светско првенство, затоа што Македонија не успеа да испише историја и да биде дел од завршницата на Мундијалот.

Веќе е потврдено дека Македонија на 29 мај ќе игра во Сараево против Босна и Херцеговина која ќе се подготвува за СП 2026. Потоа следува гостување и во Турција, кога во Истанбул на 1 јуни ќе гостуваме на стадионот на Галатасарај.

Се поверојатно е дека македонската репрезентација ќе остане во Турција во јуни, но од Истанбул ќе се пресели во Анталија. Најавите се дека македонската фудбалска репрезентација ќе игра контролен дуел и против репрезентацијата на Бахреин.

За разлика од БиХ и Турција кои се подготвуваат за настап на планетарлниот собир, Бахреин ја има судбината на Македонија. Оваа азиска земја никогаш не била дел од Светско првенство.

Почина Оскар Шмит, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња

Бразилската кошаркарска легенда Оскар Шмит почина на 68-годишна возраст. Шмит, познат како „Светата Рака“, беше познат по тоа што го носеше дресот со број 14 за бразилската репрезентација. Тој се бореше со тумор на мозокот во последните 15 години. Неговиот портпарол ја потврди веста за неговата смрт.

Оскар беше однесен во Општинската болница Сантана Ана во Сантана де Парнаиба откако се разболе, но за жал не преживеа. На почетокот на април, неговиот син Фелипе Шмит доби почест во име на својот татко од Бразилскиот олимписки комитет.

Портпаролот изјави дека погребот ќе се одржи во тајност. На социјалните мрежи, синот на Оскар се збогува со својот татко со трогателна порака. „Како син, можам само да кажам: Тато, ќе ми недостигаш. Ќе го почитувам сè што ме научи за тоа да се биде маж и ќе се обидам да бидам барем 10 проценти од човекот што беше ти. Ти беше мој пример и никогаш, ама баш никогаш нема да те заборавам“, напиша Фелипе Шмит.

Оскар Шмит, познат низ целиот свет како Светата Рака, е едно од најголемите имиња во историјата на кошарката. Тој го држи бразилскиот рекорд за најмногу настапи на Олимписките игри, учествувајќи на пет последователни Игри, а е и единствениот спортист кој постигнал 1.000 поени во историјата на натпреварувањето (1.093).

Поголемиот дел од својата кариера го помина во родниот Бразил, играјќи за Палмеирас, Сирио, Америка до Рио, Коринтијанс и Фламенго, но остави значаен белег и во Европа, каде што играше за италијанските тимови Казерта и Павија, како и за шпанскиот тим Ваљадолид. Тој беше најдобар стрелец во италијанската лига седум пати, го освои Купот на Италија и доминираше во Бразил, освојувајќи ја титулата најдобар стрелец во лигата десет пати и три национални првенства.

Освои три јужноамерикански првенства и Панамериканските игри со националниот тим, а тука е и бронзениот медал на Светското првенство во 1978 година. Како икона на меѓународните спортови, тој беше примен во Салата на славните на ФИБА и, единствено, во Салата на славните на НБА, иако никогаш не играл во таа лига. Поради неговата генијалност и глобално влијание, тој беше избран меѓу 100-те најголеми кошаркари на сите времиња.

„Со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на Оскар Шмит, едно од најголемите имиња во историјата на светската кошарка и личност со исклучителна човечка и спортска величина. Оскар се бореше со тумор на мозокот со храброст, достоинство и упорност повеќе од 15 години, останувајќи пример за решителност, великодушност и љубов кон животот.

Препознатлив по својата брилијантна кариера на теренот и неговата впечатлива личност надвор од него, Оскар остава наследство кое ги надминува границите на спортот и инспирира генерации спортисти и навивачи во Бразил и низ целиот свет. Последното збогување ќе се одржи во семејниот круг, во согласност со нивната желба за интимен момент на жалост.

Семејството, длабоко трогнато, им се заблагодарува на сите изрази на сочувство, почит и солидарност и бара разбирање за потребата од приватност во ова тешко време. Неговото наследство ќе остане живо во колективната меморија и историјата на спортот, како и во срцата на сите оние кои беа допрени од неговата животна приказна“, стои во соопштението на портпаролот.

Нема кој да го сопре Интер, Нераѕурите чекор понапред до Скудетото (Видео)

Интер не дозволи никакво изненадување и со 3:0 славеше над Калјари во меч од 33. коло во италијанската Серија А. Со овој триумф Нераѕурите стигнаа до 78 бодови и имаат дури 12 повеќе од второпласираниот Наполи кој утре го чека дерби пресметка со Лацио.

Калјари кој е во долниот дел од табелата, издржа едно полувреме, но на почетокот на вториот дел Интер ја покажа силата. Во период од 52 до 56 минута, Нераѕурите постигнаа два гола. Отпорот на калјари беше скршен во 52 минута кога Тирам погоди по одлично изведениот напад на домашниот тим. Погодокот на Тирам може да го видите ТУКА.

Само четири минути по погодокот на Тирам, следуваше нова радост за Интер. Николо Барела погоди за 2:0 и ги реши сите дилеми околу победникот. Погодкот на Барела може да го видите ТУКА.

Во судиското надополнување Зиелински го постави конечниот резултат од 3:0 за Интер.