-2.2 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026
Дома Blog Страница 65

Роналд Араухо се врати на тренинзите на Барселона (Видео)

Роналд Араухо се врати на тренинзите на Барселона, правејќи значителен напредок по отсуството поради здравствени причини поврзани со неговото психичко здравје.

Уругвајскиот дефанзивец побара пауза од клубот на почетокот на декември, чувствувајќи психичко исцрпување и неспособност да ги исполни своите спортски обврски, иако немаше физичка повреда.

Барселона му одобри неограничен одмор бидејќи Араухо се плашеше дека неговото присуство на теренот може да му наштети на тимот. Неговата одлука да се повлече од натпреварувачките обврски беше прифатена со целосна поддршка од раководството, тренерскиот тим и соиграчите.


Враќањето на тренинзите по околу еден месец отсуство означува почеток на неговото закрепнување и постепеното враќање во активна игра.

Џошуа се извлече без тешки повреди, но загинаа двајцата негови најблиски соработници

Британскиот боксер Ентони Џошуа поминал со полесни повреди по сообраќајната несреќа што денеска се случи во Нигерија, но трагедијата имала многу потешки последици за неговиот најблизок круг. Во несреќата животот го загубија двајца негови блиски пријатели и долгогодишни соработници.

Станува збор за Сина и Лац, членови на најтесниот тим на Џошуа, со кои само неколку часа претходно пристигнал во африканската земја. Сина Гами, познат и како Сина Еволв, беше задолжен за физичката подготовка и кондицијата на боксерот, а со Џошуа интензивно работеше и за време на подготовките за неодамнешниот меч против Џејк Пол.

Вториот трагично загинат, Лац – со вистинско име Кевин Ајоделе – беше личен тренер на Џошуа и една од личностите кои секојдневно беа покрај него како на тренинзите, така и надвор од рингот. Луѓе од неговата околина истакнуваат дека двајцата беа неизоставен дел од внатрешниот круг на боксерот и личности на кои тој со години се потпираше.

Дополнителна тежина на трагедијата ѝ дава и фактот што Лац само неколку часа пред несреќата објавил фотографија од аеродромот, на која се гледа како тимот се подготвува за патување кон планираната дестинација.

Ентони Џошуа засега јавно не се огласил, но јасно е дека загубата на двајцата блиски соработници оставила длабока трага кај него – и на професионален и на личен план.

Инфантино: Добивме 150 милиони барања за билети за СП, тоа е лудо

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, извести за состојбата со продажбата на билети за натпреварите од Светското првенство кое ќе се одржи налето во САД, Канада и Мексико.

„Имаме од 6 до 7 милиони билети во продажба, а за 15 дена добивме 150 милиони барања за билети. Тоа се 10 милиони барања дневно. Ова покажува колку е моќно Светското првенство. Во текот на речиси 100-годишната историја, ФИФА продаде  вкупно 44 милиони билети. Значи, за две недели теоретски би можеле да продадеме билети како за 300 години светски првенства. Апсолутно е лудо“, вели Инфантино.

Според првиот човек на Светската фудбалска федерација, најмногу барања дошле од САД, а потоа од Германија и од Велика Британија.

Здруженија на навивачи се жалеа и критикуваа поради скапите билети, цените се неколкупати повисоки отколку на претходното СП во Катар, па ФИФА одлучи одредена количина билети да бидат продавани по цена „само“ од 60 долари.

Словенечка доминација, но и бизарна дисквалификација на скокалницата во Оберстдорф

Водечкиот ски-скокач во Светскиот куп, Домен Превц, ја освои првата од четирите станици од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ која се одржува по 74-ти пат.

Брилијантниот Словенец славеше пред сонародникот Тими Зајц, но подоцна Зајц беше дисквалификуван поради несоодветна должина на опремата (ногавицата му била подолга за три милиметри), па Австриецот Даниел Шофениг е втор со 17,5 поени помалку од победникот. Германецот Феликс Хофман го комплетира подиумот по шокантната дисквалификација на Зајц.

Турнеата се сели во Гармиш-Партенкирхен, каде што скокачите ќе се натпреваруваат на 1 јануари.

Словенците досега немаа прва победа на скокалницата во Оберстдоорф, а Примож Петерка засега e единствениот Словенец кој триумфирал на турнејата. Превц има пет победи на последните шест натпревари.

 

Богата вечер во НБА, пет тима одат по трета победа по ред

Богатата НБА-вечер дури со 11 натпревари кои се играат по полноќ треба да биде како магнет за обложувачите да го посетат Sport Life и да уплатат на некоја од бројните опции.

За секој меч има дури по 140 различни игри, а тука се и над 110-мина кошаркари на кои може да погодувате колку поени ќе постигнат.

Шарлот, Вашингтон, Мајами, Хјустон и Њујорк имаат по две победи по ред, вечерва се надеваат на хет-трик, а Феникс и Бруклин одат по четвртите свои победи во низа. Ќе биде интересен дуелот на Вембањама и Мичел во Сан Антонио, додека тинејџерот Купер Флег со Далас гостува кај Портланд и со надеж дека и четврти меч по ред ќе уфрли над 20 поен.

Барса ја најде идеалната „деветка“ во случај на разделба со Левандовски

Душан Влаховиќ е цел на Барселона. Шпански новинар откри дека Барселона повторно воспоставила контакти со агентите на Влаховиќ и има намера да го доведе како замена за Роберт Левандовски.

Полјакот е во последната година од договорот и сè уште нема индикации дека ќе добие понуда за продолжување на соработката, па затоа разделбата делува неизбежна.

Барселона нема многу опции, а бидејќи нема ни многу пари, Влаховиќ, кој би дошол како слободен агент им е интересна опција.

Србинот исто така е во последната година од договорот со Јувентус, а тој е дури 12 години помлад од Левандовски. 

Главната пречка би можела да биде платата на играчот, една од највисоките во Серија А. Барселона не е подготвена да ги исполни условите што ги има Влаховиќ сега во ЈувентусВлаховиќ беше опериран на почетокот на декември.

Нојер откри зошто го одбил Арсенал

Голманот Мануел Нојер од 2011 година е во Баерн Минхен, а додека уште беше член на Шалке 04 како младинец, имал понуди и од Арсенал и од Келн.

Нојер во 2006 почна да брани за првиот тим на Шалке и тогаш го бараа од Арсенал, но не сакаше да се пресели тогаш, туку тоа го стори пет години подоцна. Сега ветеранот откри зошто не се приклучил на Арсенал, потег кој ќе му ја направеше кариерата многу поинаква.

„Во тоа време Арсен Венгер сè уште беше тренер на Арсенал и зборуваше многу јазици. Но, не сакав да одам во странство бидејќи знаев колку тоа е тешко за еден млад голман“, вели Нојер.

 

Поминаа 12 години од скијачкиот инцидент на Шумахер, 12 години молк за неговата состојба

Денеска се навршуваат 12 години од трагичната несреќа во која на Михаел Шумахер засекогаш му се промени животот.

Седумкратниот шампион во Формула 1 имаше сериозен пад на главата додека скијаше на француските Алпи, по што легендата на мотоспортот исчезна од јавноста, а сè уште нема информации за неговата состојба, тоа се чува како најстрога тајна.

Шумахер е единствениот возач кој освоил пет последователни светски титули. Ги држи рекордите и според најмногу победи со еден тим, најмногу титули со Ферари и најмногу трки како лидер во светскиот шампионат. Со години неговото име е синоним за доминација и беспрекорна подготовка. Тој исто така имаше две титули и со тимот на Бенетон.

Од сериозната несреќа во декември 2013 година, грижата за Михаел Шумахер ја презеде првенствено неговата сопруга Корина, која строго ја заштитува приватноста на семејството. Информациите за неговата состојба се максимално ограничени, а роднините ја нагласуваат потребата од дискреција и почитување на приватноста.

Според германските медиуми, Шумахер не е во можност да зборува и му е потребна постојана медицинска нега, целосно е зависен од тим старатели кои се грижат за него во неговиот дом во близина на Женева, под надзор на неговата сопруга.

И покрај неговата сериозна состојба, има и мали позитивни знаци – како што е потпишување кацига за добротворна организација. Некои извори известуваат дека тој може да комуницира само со очите, што медицински се смета за форма на минимална интеракција.

Долгогодишни пријатели и некои личности од Формула 1 признаваат дека фановите веројатно никогаш нема да го видат јавно.

Лина Ѓорческа: Сон на секој тенисер е настап на гранслем-турнир

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата сезона ја очекува настапот на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Таа по третпат во кариерата ќе биде дел од квалификациите на овој голем турнир. Во својот прв настап во Мелбурн во 2017 година беше на чекор до главниот турнир, а во 2024 испадна во првото коло.

„Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Отвореното првенство на Австралија. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот и ќе изборам пласман на главниот турнир. Сон на секој тенисер е да учествува на гранслем-турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе имам учество и на главен турнир, а оваа година ќе имам и настапи на повеќе ВТА-турнири“, изјави Ѓорческа.

Таа во Скопје ќе се подготвува за настапот во Мелбурн, а за Австралија патува на 4 јануари.

Ѓоковиќ: Убаво би било ако во исто време дојдам до 25 гранслема и Роналдо до 1.000 голови!

Кристијано Роналдо и Новак Ѓоковиќ се инспирираат еден со друг и тоа е една од причините што долги години се на врвот или при врвот. Некои од нивните рекорди уште долго нема да бидат урнати, а и двајцата уште имаат цели и амбиции во кариерите.

Роналдо сонува да стане првиот фудбалер во историјата со 1.000 постигнати голови, а Ѓоковиќ може да биде првиот со 25 гранслем-титули, иако и со актуелните 24 е рекордер.

Проценките се Роналдо, кој има дадено 40 гола откако наполни 40 години, до магичната бројка од 1.000 погодоци може да дојде во 2027 година. Сега е на 956 и ако повредите не го спречат, верува дека може да успее во намерата, по што би ставил крај на кариерата.

Ѓоковиќ во 2023 го освои својот последен гранслем-трофеј, а веројатно ќе има уште десетина обиди за 25-ти, со кој би влегол во тениската вечност како единствен маж или жена со такво достигнување. Србинот ги спомнува Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година како настан на кој би сакал да игра и можеби да ја заврши блескавата кариера.