Дома Blog Страница 79

На Реал Мадрид вечерва ќе му треба „магијата на Пандев“ (Видео)

Баерн Минхен само еднаш бил елиминиран во Лигата на шампионите откако победил на гости во првиот меч, тоа се случи во 2011 година против тогаш актуелниот првак Интер, кога решавачкиот гол во Минхен го постигна нашиот Горан Пандев во 88-мата минута.

Баварците славеа со 2-1 во Милано, а водеа со 2-1 и на реваншот на „Алијанц арена“, но на крајот Интер победи со 3-2 и отиде понатаму (тогаш уште важеше правилото за повеќе голови на гости), а победничкиот гол кој ги шокира Германците беше на Пандев. Само тогаш и никогаш повеќе Баерн не бил елиминиран кога играл реванш дома по победа на гости.

Токму затоа на Реал Мадрид тој гол на Пандев и таа победа на Интер му се инспирација и мотивација дека може да изненади вечерва во Минхен.

Баерн пред осум дена победи во Мадрид со 2-1, но во Реал се надеваат дека може да испишат историја. Кралскиот клуб само еднаш (пред 55 години) одел понатаму по пораз дома на првиот меч во нокаут-фазата во елитното европско натпреварување. Ќе им треба херојско дело како тоа на Пандев пред 15 години.

Ширер со критики за Исак: „Тој не учествуваше во натпревари, само петпати ја допре топката“

Легендата на англискиот фудбал и на Њукасл, Алан Ширер, го критикуваше напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак. Црвените го купија  минатото лето по големи контроверзии токму од Страчките.

Швеѓанецот беше надвор од терените поголем дел од сезоната поради сериозна повреда, но имаше одлична шанса да се докаже со настапот за Ливерпул против ПСЖ откако доби место во стартниот состав. Сепак, не успеа да направи ништо значајно.

„Тој речиси и не учествуваше во натпреварот. Само пет допири на топката во едно полувреме, не направи доволно, не изгледаше во форма. И мислам дека Арне Слот го кажа тоа пред натпреварот, нели?“

Слот одлучи да го стартува Исак, оставајќи го надвор од почетниот состав Мохамед Салах. Ова предизвика многу коментари, особено ако се знае дека Салах постигна гол во победата од 2:0 против Фулам за време на викендот.

Арбелоа верува: Историјата на Реал Мадрид е изградена врз невозможни нешта

Реал Мадрид ќе има тешка задача да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб загуби со 1:2 по првиот меч одигран во Мадрид од Баерн Минхен и вечерва на „Алијанц арената“ ќе се обиде да ја надополни негативата. Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, е полн со оптимизам дека 15-кратниот европски првак може да се пласира во полуфиналето од елитното натпреварување на УЕФА.

„Имаме голема желба. Убедени сме дека можеме да направиме пресврт. Подготвени сме да одиграме еден голем натпревар. Ако има клуб кој верува во пресврт, тоа секако сме ние. Никој не знае каков ќе биде резултатот на крајот. Не знам дали ова ќе биде финале пред финале, но факт е дека двата клуба се со богата историја. Според мене, нема да биде чудо ако победиме. Сите оние кои го познаваат Реал Мадрид, знаат дека евентуална наша победа нема да биде никакво чудо. Историјата на Реал Мадрид е изградена на невозможни нешта. Ние сме подготвени да се бориме и да ја направиме уште поголема историјата на клубот. На првиот меч, за најдобар играч на средбата беше прогласен нивниот голман. Затоа никој нема да биде изненаден ако победиме во Минхен“, рече Арбелоа.

Стратегот на Реал потенцира дека уште сега го знае почетниот состав и додаде дека верува во квалитетот на неговите фудбалери.

„Го знам стартниот тим со којшто ќе му се спротивставиме на Баерн Минхен и тоа ми дава дополнителна самодоверба. Верувам и во играчите кои ќе бидат на клупата за резерви и кои ќе влезат на теренот. Играчите веруваат, сите во клубот веруваат“, додаде Арбелоа.

Легендарниот Пујол распали „остро и на прва“: „Ова е грабеж сред бел ден!“

Легендарниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол, ја имаше најжестоката изјава по елиминацијата на Каталонците во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Според многумина, но и според Пујол, Барселона е елиминирана „благодарение“ на судиите.

„Ова не е фудбал. Ми се смачи од изговорите! Јас ја играв оваа игра цел живот и никогаш не сум видел толку патетичен двоен стандард. Го праќате Ерик Гарсија надвор за ‘лесен допир’ на грбот – нешто што се случува педесет пати во натпревар, но кога Олмо е јасно фаулиран во шеснаесетникот, не гледате ништо? Кажете ми, која е разликата меѓу тие два фаула? Едниот е црвен картон, а другиот не вреди ни за да се свирне? Тоа е грабеж среде бел ден. Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на шоуто, треба да се пензионираат и да се приклучат во циркус. Ова е срамота за Лигата на шампионите и навреда за Барселона. Доста е“, рече Пујол.

Сити викендов ќе дојде на чекор од титулата, Јунајтед нема да го победи Челзи

Поминаа само 24 часа од почетокот на типувањето на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а веќе се наѕираат победниците на најинтересните натпревари викендов што следува.

Се играат неколку дерби-пресметки, а посебно интересни се оние во Англија. Манчестер сити и Арсенал играат меч кој можеби ќе ја одлучи титулата во Премиер лигата, а 72% од типувачите очекуваат триумф на Граѓаните.

Дерби-меч играат и Челзи и Манчестер јунајтед, а шансите за гостински триумф на Црвените ѓаволи се минимални, барем според играчите на Спортската прогноза. Дури 58% од нив очекуваат триумф на Сините, а само 20% веруваат во Манчестер јунајтед.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Реал Мадрид е аутсајдер како ретко кога, Арсенал само треба да го потврди пласманот во полуфиналето (Фото)

Погледите на светската фудбалска јавност се насочени кон Минхен и Лондон, градовите во кои вечерва ќе ги дознаеме двете екипи кои ќе им се придружат на Атлетико Мадрид и ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Баерн со предност од 2-1 го пречекува Реал Мадрид, а Кралевите како ретко кога се аутсајдери на гостувањето во Минхен. Квотата за нова победа на Баварците е 1.56, додека триумф на Реал Мадрид има квота од 4.40.

Хари Кејн е фаворит за стрелец, а доколку се искомбинира со победа на Баерн, би добиле квота од 2.00. Квотите за оваа игра достигнуваат и до 9.00, додека само за стрелец има квоти и до 100.00.

Во Sport Life може да се одигра на статистичките елементи, како што се корнери, картони, пенали, офсајди, фаули, замени …

Арсенал славеше со 0-1 на гостувањето кај Спортинг во Лисабон, па вечерва во Лондон само ќе треба да го потврди пласманот помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.

И за овој меч во специјалната понуда на Sport Life може да се најдат стотици игри и комбинации, како што се стрелците, но и статистичките елементи, а комплетната понуда може да ја погледнете на следниов ЛИНК.

ТФТ сака да испише историја: Една победа ги дели од пласман во финалето на АБА-2 лигата (Фото)

Кошаркарите на ТФТ вечерва играат меч за историја, меч за финале во АБА-2 лигата. По победата од 88-93 на гостувањето кај Сутјеска, сега им е потребна само уште една победа, пред преполната сала „Лазар Лечиќ“, или по старо „Градски парк“, за да се најдат во финалето од АБА-2 лигата и на чекор од влез во елитното јадранско друштво.

И квотите во Sport Life се на страната на нашиот претставник, па квотата за победа на ТФТ е 1.84, додека рибрејк на Сутјеска и израмнување на серијата на 1-1 има квота од 2.02.

Веќе е јасно дека противник на ТФТ во големото финале би била екипата на Широки Брег од Босна и Херцеговина, но екипата од скопско Тафталиџе најпрво ќе мора да ја заврши домашната работа и вечерва да победи.

Вардар се засили со репрезентативец на Египет од германскиот гигант Кил

Ракометниот клуб Вардар го засили својот ростер со ангажманот на десниот бек Мохаб Абделхак, еден од најперспективните египетски ракометари од својата генерација. Станува збор за леворак бек кој доаѓа од германскиот гигант Кил, а зад себе веќе има сериозно меѓународно искуство и настапи на високо ниво и покрај младата возраст. Абделхак е роден на 20 јануари 2003 година во Каиро, игра на позицијата десен бек и е дел од сениорската репрезентација на Египет.
Новиот член на „црвено-црните“ својата кариера ја градеше во силна и препознатлива средина. Првите големи чекори ги направи во Ал-Ахли, еден од најтрофејните клубови во Египет, а потоа следуваше трансфер во француски Ним, каде што продолжи да се развива во едно од најквалитетните европски првенства. Добрата игра во Франција му донесе и трансфер во Кил, клуб кој официјално го претстави како млад египетски репрезентативец и значајно засилување за составот.
Со неговото доаѓање, Вардар добива играч со силен шут, современ профил за десен бек и ракометар кој веќе почувствувал што значи настапување во врвни европски клубови и натпреварувања. Воедно, клубот добива и дополнителна ширина во ростерот за предизвиците што следуваат.
„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.

Неверојатни квоти и до 85.00 во Бет билдерот на Sport Life (Фото)

Вечерва ќе бидат познати двете екипи кои ќе го комплетираат полуфиналето во Лигата на шампионите, а во Sport Life може да најдете 10 набилдани опции со квоти кои достигнуваат и до 85.00.

Најголемите квоти се во дневниот микс, 25.00 и 85.00, а игрите делуваат реални и лесно може да се случи да бидат добитни.

За мечот на Баерн Минхен и Реал Мадрид има четири опции со квоти кои се движат помеѓу 14.00 и 22.00.

Четирите опции за дуелот на Арсенал и Спортинг Лисабон се со квоти од 12.00 до 35.00.

Де Јонг: Моментот од првиот меч кога не добивме пенал е круцијален

Помина повеќе од една деценија откако Барселона последен пат стана европски првак. Сезонава Каталонците се елиминирани од Атлетико Мадрид, а разочараниот Френки де Јонг потенцира дека неговиот тим немал доволно среќа, но не заборави да го потенцира и моментот од првиот натпревар кога играчите на Барселона сметаа дека треба да добијат пенал по играњето со рака, кога Атлетико требаше да изведе по еден гол-аут.

„Мислам дека одигравме добар натпревар. Дадовме сѐ од себе, се обидовме апсолутно сѐ. Чувствувам дека среќата едноставно не беше на наша страна. Мора да продолжиме напред затоа што сезоната уште не е завршена. Имаше многу чудни одлуки, посебно на првиот меч. Моментот кога играчот на Атлетико ја фати топката со раце во својот шеснаесетник го смени текот на овој двомеч“, изјави Де Јонг по синоќешната елиминација на Барселона во четвртфиналето од ЛШ.