Дома Blog Страница 80

Скопје ќе биде град на младоста и спортот, се надеваме на некој медал

Од 21 до 29 април ќе се игра Светско првенство во ракомет за ученици, отворањето ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19.30 часот, а на дефилето ќе има околу 700 учесници. Се надеваме дека ќе бидеме добри домаќини, ќе се игра во шест училишни сали.

„Уште немаме дефинирано во кои сали ќе игра македонската репрезентација, тоа треба да биде одредено откако ќе помине инспекцијата на техничката комисија. Амбициите ни се да освоиме некој медал“, вели Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата за училиштен спорт.

„Како држава и Министерство во соработка со РФМ и Федерацијата за училишен спорт ќе се заложуваме ваквите настани да бидат што поприсутни кај нас, ова е и промоција на државата. Сите дечиња кои се на почетокот на кариерата ќе имаат можност пред поширок аудиториум да се презентираат и тоа е одлично за нив. Честитки до сите, сигурен сум дека спремни ќе го дочекаме овој настан, не оставаме ништо на случајност“, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Индира Кастратовиќ ќе биде шеф на делегацијата на Македонија.

„Ова е чест, но и голема одговорност. Скопје во тие денови ќе биде град на младоста, град на спортот. Верувам дека децата ќе си заминат со нови пријателства. Се надевам дека ќе се претставиме во добро светло и ќе освоиме медали“, рече Кастратовиќ.

Освен дуелите во ЛШ, возбудувања има и во Словенија, Бугарија и Саудиска Арабија

6002 Арсенал – Спортинг Лисабон (21 ч.)

Со три порази во последните четири меча што ги одигра, Арсенал покажа дека е во лоша форма. Сепак, кога се работи за Лигата на шампионите, Топчиите славеа со 1:0 на гости во Лисабон од Спортинг и сега на свој терен треба да го потврдат пласманот во полуфиналето.

Спортинг во претходната фаза од ЛШ направи чудо кога надополни негатива од три гола, но тогаш реваншот го играше на свој терен, а противник му беше Бодо/Глимт, додека сега игра против Арсенал и тоа во Лондон. Овие две екипи досега играле шестпати, а билансот е три победи на Арсенал, три нерешени и ниту еден триумф на Спортинг.

Предлог тип: Т1 1+I& 1+II (2.40)

 

6001 Баерн Минхен – Реал Мадрид (21 ч.)

Баерн победи со 2:1 во Мадрид и сега има голема предност на свој терен, но кога ривалот е Реал Мадрид, ништо не се знае предвреме. Во последните 15 меча што Баерн ги одигра во сите натпреварувања има 13 победи и две ремија, додека Реал нема победа на последните три средби што ги играше (порази од Мајорка и Баерн и реми со Жирона).

Кога играат овие два ривала, головите се гаранција. На последните осум меѓусебни дуели било ГГ3+, а ако се знае дека Реал вечерва нема што многу да калкулира, сигурно може да се очекуваат многу возбудувања и погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ4+ (1.84)

 

3174 Целје – Олимпија Љубљана (18:30 ч.)

Целје е убедлив лидер во првенството на Словенија и со победа може да ја запечати титулата. Целје на свој терен сезонава има 10 победи и три ремија без пораз. Олимпија Љубљана се бори да стигне до третото место на табелата, а интересно е дека сезонава двапати го победуваше Целје (еднаш во првенството со 3:1 и во Купот со 1:0).

Сепак, формата сега е на страната на Целје и сигурно домашниот тим ќе атакува на освојување на трите бода.

Предлог тип: 0-1 I &0-2 II (1.70)

 

3158 Арда – Лудогорец (19:30 ч.)

Гостите се во улога на фаворити, но не треба да се заборави дека Арда во есенскиот дел направи чудо и го победи Лудогорец на гости со 3:2. На четири од последните пет средби на овие ривали имало барем 4+ погодоци. Лудогорец со освојување на три бода би останал во чекор со лидерот Левски, што е само мотив плус да атакува на триумф.

Предлог тип: 2&2-4 (2.20)

 

5609 Ал Наср – Ал Етифак (20 ч.)

Нема дилеми дека Ал-Наср е огромен фаворит за победа. Тимот на Кристијано Роналдо чека конечно на Португалецот да му даде можност да се израдува на освојување на првиот гол-трофеј, а оваа сезона е вистинска можност за такво нешто. Ал-Наср е лидер на табелата со 73 бода, пет повеќе од Ал-Хилал.

Во просек Ал-Наср постигнува по три гола на меч, додека Ал-Етифак има лоша одбрана и во просек прима речиси два погодока на средба.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.56)

 

Артета: Се обидуваме да направиме нешто што во клубот никој не успеал да го направи 140 години

Арсенал имаше одлична сезона, но во последните неколку недели ги разочара своите фанови откако остана без трофејот во Лига купот, испадна и од ФА купот и сега му е загрозена челната позиција во Премиер лигата. Сепак, Топчиите уште имаат шанси за трофеј, и тоа во Лигтаа на шампионите, каде што вечерва на свој терен ќе играат против Спортинг Лисабон во реваншот од четвртфиналето.

Англискиот гигант има предност од 1:0 по првиот меч во Португалија и сега е фаворит да се пласира во полуфиналето. Тренерот на лондончани, Микел Артета, потенцира дека Арсенал е клуб кој никогаш не триумфирал во најзначајното натпреварување на УЕФА и дека сега се обидува да испише историја.

„Се обидуваме да стигнеме до титулата во ЛШ, а тоа е многу тешко. Тоа што се обидуваме да го направиме на овој турнир е нешто што во 140-годишната историја на Арсенал никој никогаш не успеал да го направи. За првпат во историјата на клубот, Арсенал три сезони по ред е во четвртфиналето од ЛШ. Сакаме да се пласираме во полуфиналето. Во Премиер лигата сме лидери и се обидуваме по пауза од 22 години да го освоиме трофејот. Ако сакаме да го направиме следниот чекор, секако дека треба да веруваме во нашите квалитети“, вели Артета.

На првиот меч во Лисабон, Арсенал победи со 1:0, и тоа со гол постигнат во последните моменти од средбата.

„Нашата главна задача е да се фокусираме на денешниот меч. Спортинг е многу квалитетен ривал и тоа го покажа на првиот натпревар. Знаеме дека ни претстои уште еден тежок натпревар“, додаде Артета.

Зголемени коефициенти за победи на Арсенал, Баерн Минхен, Бодо/Глимт, Браво, Крузеиро, Флуминесе…

Возбудувањата од денешниот Супер тип ќе започнат со тениски пресметки, а ќе продолжат со фудбал. Има неколку интересни тениски дуели на кои се зголемени коефициенти за победи на Де Минаур (1.47 коефициент), Шелтон (1.81), Паркс (1.52), Коболи (1.68) Андреева (1.45) и Нори за чија победа зголемениот коефициент сега изнесува 1.59.

Фудбалските пресметки започнуваат со два меча од словенечкото првенство, каде што има зголемени коефициенти за победи на домаќините Браво и Целје. Во Норвешка, Бодо/Глимт, кој беше хит во Лигата на шампионите, да го победи Сарпсборг на гости е со квота од 1.53.

Речиси идентични се коефициентите за триумфи на Арсенал и Баерн Минхен во пресметките против Спортинг Лисабон и Реал Мадрид во дуелите од Лигата на шампионите. Возбудувањата во Супертипот ќе завршат со два полноќни дуела од Копа Либертадорес, каде што зголемени се коефициентите за победи на домаќините Крузеиро и Флуминезе.

Јамал само со 18 години покажа што значи да се биде лидер и во толку болна елиминација (Видео)

Ламин Јамал има само 18 години, веќе има завидна листа на освоени трофеи. Сепак, на листата го нема пехарот од Лигата на шампионите, а од синоќа е јасно дека тинејџерот ќе мора да почека најмалку уште една сезона затоа што неговата Барселона е елиминирана од Атлетико Мадрид.

Барселона синоќа во Мадрид победи со 2:1, Јамал даде гол, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 0:2 што каталонскиот гигант ја имаше по средбата на „Камп ноу“. По завршувањето на дуелот на стадионот „Ванда Метрополитано“, речиси сите фудбалери на Барселона разочарани, со наведнати глави стоеја на теренот, додека Јамал реши стоечки да го прифати фактот дека е елиминиран.

Само што заврши средбата, Јамал отиде да се поздрави буквално со сите свои соиграчи, да им даде поддршка во моментите кога се најразочарани. Едноставно, тинејџерот покажува дека освен што се претвори во лидер на теренот додека трае натпреварот, тој е лидер и во најтешките моменти и оној кој им дава поддршка на своите соиграчи.

За пет меча во Квотите на денот, вкупниот коефициент е точно 50

Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите, но има и други мечеви кои привлекуваат внимание, па се дел до понудата во Квотите на денот. Ако сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е точно 50.13.

Сарпсборг е домаќин на Бодо/Глимт, а иако гостите ја имаат фаворитската улога, понудата е домаќинот да постигне меѓу еден и два гола во второто полувреме. Оваа комбинација се вреднува со квота 2.05 квота.

Ал-Наср е домаќин на Ал-Етифак во меч од првенството на Саудиска Арабија, а опцијата која носи квота од 2.15 вели дека домашниот тим во првото полувреме не треба да даде повеќе од еден гол, додека во второто полувреме Ал-Наср не смее да постигне повеќе од два погодока.

Лутон и Нортхемптон да одиграат меч барем со по еден погодок во мрежите на двата тима и гол да има во првото полувреме носи коефициент од 2.20.

Арсенал во Лондон да не загуби од Спортинг во дуел на кој во првото и во второто полувреме ќе има меѓу еден и три гола се вреднува со квота од 2.20.

Победник треба да има на пресметката меѓу титаните Баерн Минхен и Реал Мадрид, но и да има меѓу два и четири погодоци за да биде добитна квотата од 2.35.

Диего Симеоне „удри“ по Јамал: Не се плашам од тинејџер кој прави трикови, далеку е од Роналдо

Атлетико Мадрид вторпат сезонава ја исфрла Барселона од едно натпреварување. По елиминацијата во полуфиналето на Купот на Шпанија, Атлетико сега беше подобар од каталонскиот гигант и во четвртфиналето од Лигата на шампионите. По мечот, тренерот на мадриѓаните, Диего Симеоне, со солзи радосници во очите го прослави успехот на неговиот тим, а потоа имаше и порака до тинејџерската ѕвезда во редовите на Барселона, Ламин Јамал.

„Јамал е добар и талентиран дечко. Пред мечот бараше да му дозволиме да игра еден на еден, а потоа даде гол уште во третата минута. Ако тие беа во полуфиналето, медиумите сега ќе го крунисаа Јамал за крал. Но, во фудбалот единствено е важно кој ќе биде во следната фаза. Медиумите мислат дека се плашам од тинејџер кој прави трикови и дава самоуверени изјави. Ајде, ви се молам…“, рече Симеоне.

Според Симеоне, Јамал уште е далеку од Кристијано Роналдо, кој речиси една деценија настапуваше за Реал Мадрид, а аргентинскиот стратег на чело на Атлетико вели дека бил немоќен кога гледал како Португалецот доминирал на теренот.

„Десет години стоев покрај аут-линијата и го гледав Кристијано Роналдо како постигнува хет-трикови и го исфрлаше нашиот тим од ова натпреварување. Тоа е вистински терор. Ламин вечерва одигра прекрасен меч, но реалноста е дека ние одиме во полуфиналето, а тој ќе оди дома да нè гледа на телевизија. Голема е разликата од тоа да одиграш прекрасен меч и од тоа да бидеш ноќна мора“, додаде Симеоне.

„Луди“ завршници во првите два меча од разигрувањето во НБА-лигата (Видео)

Портланд трејл блејзерс на гостински терен го победи Феникс санс со 114:110 во мини турнирот кој треба да ги даде последните патници во плејофот. Со овој триумф Портланд го обезбеди седмото место во НБА-разигрувањето, каде што во првото коло ќе игра против Сан Антонио спарс.

Вистински лидер на Портланд во победата над Феникс беше израелскиот крилен играч Дени Авдија, кој постигна 41 поен. Посебно Авдија се истакна во завршницата. На 40 секунди до крајот Феникс водеше со 108:107, а Авдија ги постигна клучните пет поени по ред за победа на Портланд. Феникс имаше шут за победа во последниот напад, но домаќините промашија и потоа Портланд го завери успехот.

Кај Феникс најефикасен беше Џелејн Грин со 35 поени, а на Сонцата сега им останува да се борат за осмото место во плејофот на Западната конференција, и тоа против подобриот од дуелот меѓу Голден стејт и ЛА клиперс.

Во вториот меч кој се одигра ноќеска, 48 минути беа малку да се дознае победникот, па на крајот Шарлот славеше со 127:126 против Мајами по продолжение од пет минути. Ламело Бол со 30 поени беше предводник во победничкиот тим, а одличен беше и Бриџис со 28 поени.

Сега Шарлот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Орландо и Филаделфија и ќе се бори за осмото место на Истокот, додека за Мајами заврши оваа сезона во НБА. Шарлот последен пат играл во плејофот во 2016 година, што значи дека 10 години чекаат за да бидат во разигрување за титулата.

Симеоне: Може да го освоиме трофејот затоа што чувствувам дека овој тим има нешто специјално

Атлетико Мадрид од 2017 година чекаше да биде дел од полуфиналето во Лига на шампиони и сега успеа во тоа. Мадридскиот тим се радуваше на место меѓу најдобрите четири екипи, иако синоќа на свој терен загуби со 1:2 од Барселона. Атлетико оди понатаму благодарение на победата од 2:0 на првата средба. што значи дека е подобар со вкупни 3:2 по двете средби.

„И покрај грешките што го направивме во првиот дел од мечот, успеавме да дадеме гол и да намалиме на 1:2. Тоа беше фантастичен погодок. Второто полувреме беше многу побалансирано. Играчите кои влегоа од клупата за резерви дадоа дополнителна свежина во играта и енергија. Фантастично е тоа што се пласиравме во полуфиналето и што сме меѓу најдобрите четири екипи во Европа“, вели Симеоне.

Атлетико Мадрид два пати играл во финале на ЛШ и во двата случаи губеше од градскиот ривал Реал Мадрид.

„Продолжуваме со целата верба и ентузијазам. Ги знаеме нашите добри, но и лоши страни. Подготвени сме да го направиме тоа за кое што работиме толку години. Чувствував нешто магично. Едноставно чувствувам дека може да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Симеоне.

Флик: Ако се гледа играта во двата меча, заслуживме да играме во полуфиналето од ЛШ

Барселона повторно не успеа во обидот да стигне до трофејот во Лига на шампионите. Овојпат Атлетико Мадрид застана на патот на каталонскиот гигант и со вкупни 3:2 се пласира во полуфиналето. Во синоќешниот дуел во Мадрид, Барселона победи со 2:1, но Атлетико се радува благодарение на победата од 2:0 пред една недела на „Камп ноу.“

По мечот, тренерот на Барселона, Ханси Флик, прво не сакаше да коментира дали неговиот тим требало да добие пенал по една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на противникот, а потоа го коментираше тоа што се случуваше на теренот.

„Не знам, секогаш е исто, секогаш зборуваме за судиите. Не ја видов ситуацијата. Горд сум на мојот тим. Имавме фантастичен пристап кон мечот, го покажавме вистинскиот менталитет на теренот. Горд сум на мојот тим. Создадовме многу шанси, но на крајот пропуштивме неколку големи можности и треба да го прифатиме фактот дека не сме во следната рунда од ЛШ. Мислам дека посебно во првото полувреме му дадовме на противникот многу отворен простор. Мораше покомпактно да се браниме. Во моментов, тоа што го играме, стилот што го негуваме е тој на Барселона. Ако се погледне како игравме во двата меча, заслуживме да играме во полуфиналето, но немавме среќа“, рече Флик, по елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од ЛШ.