30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9470

Јапонското чудо влезе во историјата на „Четири скокалници“

Риоју Кобајаши е освојувач на традиционалното натпреварување „Четири скокалници“. Јапонскиот скокач едноставно немаше конкуренција и на доминантен начин стигна до тронот. Кобајаши не само што триумфираше на „Четири скокалници“, туку стана само третиот ски скокач кои успеал да победи на сите четири натпревари. Претходно ова им успеало само на Свен Ханевалд и Камил Сток.

На денешната последна скокалница во Бишофсхофен, фантастичниот јапонски натпреварувач беше на четврто место по првиот скок, кога стигна до 135 метри.  Сепак, за да ја потврди доминацијата, Кобајаши во вториот скок успеа да стигне до 137,5 метри, а доби и одлични оценки. Добиените бодови на крајот беа доволно за да стигне до првото место. Маркус Есенбихлер кој беше најдобар по првата серија, на крајот заврши на петото место во Бишофсхофен.

Во вкупниот поредок на „Четири скокалници“, Кобајаши освои 1.098 поени, а зад него остана Есенбихлер со 1.035,9 поени.

Индиец го претрка Меси, пред него е само Кристијано (Видео)

Фудбалерот Сунил Четри е непознат за пошироката јавност, но тој денеска стана втор стрелец меѓу активните играчи, кога станува збор за голови за репрезентацијата. Четри на денешниот дуел против Тајланд на азиското првенство во ОАЕ, даде два гола, и сега има 66 во дресот со националниот грб.

Повеќе голови за својата земја од активните фудбалери има постигнато само Кристијано Роналдо кој за Португалија дал 85 гола. Четри со денешните голови го надмина Лионел Меси, кој има 65 гола во настапите за Аргентина. Четри најпрвин од пенал се изедначи со Меси, а потоа го претрка со убав гол.

Четри има 34 години и игра за клубот Бенгалуру од Мумбаи. Погледнете го неговиот гол број 66 во дресот на репрезентацијата:

https://www.youtube.com/watch?v=yKbvMyKY7Ew

Севилја и Атлетико ѝ направија услуга на Барселона (Видео)

Севилја и Атлетико Мадрид се клубовите кои најчесто играле нерешено меѓусебе во шпанската лига (48 пати), а денешниот резултатот од 1:1 помеѓу нив, тие го оствариле во дури 26 пресметки, што истотака е рекорд во Шпанија.

Двата тима освоија по еден бод, и ова е резултат кој со задоволство го прифаќаат во Барселона. Лидерот вечерва има прилика со победа кај Хетафе да побегне на пет бода во однос на Атлетико, и седум пред третата Севилја.

Головите паднаа во последните осум минути од првото полувреме. Најпрвин Севилја дојде во водство. За стрелецот Висам Бен Једер, погодокот против Атлетико е негов прв против овој ривал, а вкупно деветти гол сезонава во шпанската лига за Французинот.

Антоан Гриезман израмни од слободен удар. Тој во четири кола по ред дава гол, а има низа и од четири меча против Севилја во кои ја тресе противничката мрежа. Погледнете ја мајсторијата на Гриезман:

https://www.youtube.com/watch?v=2VOF5Q7bY08

 

Историски срам за Марсеј

Олимпик Марсеј загуби од четвртолигашот Андрезио со 0:2 во 32-финалето на Купот на Франција и ова е еден од најсрамните порази во клупската историја на некогашниот европски првак.

Марсеј не го потцени противникот, на терен истрча со полн состав во кој беа Паје, Товен, Луис Густаво, Окампос, голманот Манданда, но овие ѕвезди се посрамотија.

Домашните поведоа со 17 минута, потоа Марсеј напаѓаше, правеше шанси, имаше 28 шута кон голот од кои 10 одеа во рамките, но не даде гол, па во финишот дојде казната и Андрезио постигна уште еден гол, со што си обезбеди место во следното коло. Олимпик Марсеј нема победа на последните седум меча во сите натпреварувања.

Тимот на Војдан Стојановски гази во Бундеслигата

ЕВЕ баскетс Олденбург со добра игра во второто полувреме, славеше на гостувањето кај Мителдојчер со 89:74, и за тимот на македонскиот репрезентативен капитен Војдан Стојановски, ова е седми триумф по ред.

Војдан за 22 минути игра, имаше придонес од 7 поени, 4 скока и 4 асистенции.

Олденбург се наоѓа на втората позиција на табелата во Бундеслигата, има скор 12-2, а поразите им беа на 3 и 11 ноември, од кои едниот од непоразениот Баерн Минхен.

Во следното коло, на 13 јануари Олденбург игра дома со Алба Берлин која е трета на табелата. Алба е поранешен клуб на Стојановски, тој го носеше нивниот дрес од 2013 до 2015 година.

Четвртолигаш го „преврте“ Фулам

Победата на Олдам на гостувањето кај Фулам од 2:1, е најголемото изненадување во денешната попладневна програма од третото коло на англискиот ФА куп.

Лондонскиот премиерлигаш поведе на почетокот на второто полувреме, но тимот од Лига 2, која е четврта по квалитет во Англија, изедначи на 1-1. Во 84 минута, во игра кај Фулам влезе Србинот Митровиќ со цел да постигне гол од пенал, но незагреаниот Александар најстрогата казна не ја претвори во гол, а казната дојде во 88 минута, кога Олдам даде гол за шок кај домашните фанови.

Големо изненадување претставува и славјето на полуаматерскиот Барнет кај Шефилд јунајтед, а во аут е и Лидс на Езџан Алиоски. Македонскиот репрезентативец доби жолт картон во финишот.

Манчестер сити му даде седум гола на Ротерам, а вториот погодок беше дело на Фоден, кој со 18 години и 223 дена е најмлад стрелец за Сити во купот после пет години. „Граѓаните“ од 1968 година наваму немаа дадено седум гола на куп меч, а Гундоган е прв играч во Англија после пет години кој имал четири асистенции на еден официјален дуел.

РЕЗУЛТАТИ: Фулам – Олдам 1:2, Манчестер сити – Ротерам 7:0, Милвол – Хал 2:1, Престон – Донкастер 1:3, КПР – Лидс 2:1, Шефилд јунајтед – Барнет 0:1, Вокинг – Вотфорд 0:2.

Хиршер славеше на слаломот во Загреб

Австрискиот специјалист за слалом, Марсел Хиршер, е победник на денешната слаломска трка на планината Слијеме крај Загреб. Второто место го освои Алексис Пантуро од Франција со заостанување од 60 стотинки, додека третата позиција му припадна на Мануел Фелер од Австрија, со 62 стоти делови од секундата послабо вкупно време од победникот и негов сонародник.

Трагичар на трката беше Марко Шварц, кој беше најбрз по првото возење, но не го заврши втората возење и остана без шанса да се најде на подиумот. Од Хрватите, кои имаа поддршка од десетина илјади фанови, најдобар беше Исток Родеш кој го освои седмото место и тоа му е најдобар пласман во кариерата.

За Хиршер, ова е 64-та победа во кариерата, а 30-та во слалом, а петта во Загреб.

Од судбината не се бега, Малком сепак ќе заврши во Рим?

Бразилското крило Малком летоска беше на прагот од Бордо да премине во Рома, но во последен момент се премисли и потпиша за Барселона, но откако виде дека конкуренцијата во Барса е пресилна за него, ќе мора да си замине и да игра како позајмен на друго место.

Според весникот „Спорт“ од Барселона, Малком до крајот на сезонава ќе настапува за најголемиот ривал на Рома, Лацио. Ова ќе биде уште една причина повеќе за фановите на „волчицата“ да го мразат уште повеќе, откако ги извиси на аеродром кога го чекаа, а тој наместо во Рим, летна за Барселона.

За Малком се интересираше кинескиот клуб Гуангџу евергранд, кој нудеше 50 милиони евра, но тој сака да игра во Европа. Малком даде гол против Интер во Милано, во меч од Лигата на шампионите и можеби почувствува дека во италијанската лига би се снашол полесно. Лацио ќе има тешки дуели со Севилја во Лига Европа.

Допингуван 90-годишен велосипедист

На 90-годишниот велосипедист Карл Гроув, му била пронајдена недозволена супстанца епитренболон во крвта, па му била одземена титулата на Мастерс првенството на САД во спринт за велосипедисти на возраст од 90 до 94 години, одржано во јули.

Велосипедистот кој ја помина деветтата деценија од животот, на таа трка постави светски рекорд, па и рекордот ќе му биде одземен.

Гроув се брани дека вечерта пред настапот, јадел месо кое веројатно било контаминирано, но тој намерно или ненамерно, веќе ги нарушил анти-допинг правилата и беше казнет од страна на анти-допинг агенцијата на САД. Во прилог на неговата теорија оди и тоа дека пред да го изеде месото, му бил направен друг тест, кој бил негативен.

 

Буфон: Кога играв со синот на Киеза, помислив на повлекување

Џанлуиџи Буфон и на 40 години сезонава со успех ја брани мрежата на Пари Сен Жермен, а иако неодамна велеше дека можеби ќе брани уште десет години, сепак на моменти размислува за пензионирање. Легендарниот Џиџи повеќе од две децении ги чува головите на највисоко ниво, па почна да игра и со децата на негови поранешни соиграчи.

Буфон во средината на 90-тите години, во Парма беше клупски колега со Енрико Киеза, а во минатата сезона, како голман на Јувентус, во противничкиот напад беше синот на Енрико, Федерико Киеза кој игра за Фиорентина.

„Кога играв против Федерико Киеза, за првпат се чувствував дезориентирано. Играв против син на мој поранешен соиграч. Во тие моменти, помислував дека е време да заминам во пензија“ – изјави Буфон кој сепак продолжи да настапува активно и тоа надвор од Италија.