28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9471

Нема побрз од Симоновски во Романија (Видео)

Марко Симоновски одигра одлична полусезона во Романија, за Сепси постигна 5 голови, а неговиот погодок во седмото коло против Калараши е најбрз во досегашните 21. коло.

Македонскиот интернационалец погоди со глава во втората минута и се уште е на врвот, бидејќи ниту еден фудбалер потоа не успеа да постигне гол побрзо од тој на Симоновски. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Марко е втор стрелец на тимот зад францускиот ас Ибрахима Тандија, а ако прдолжи во ист стил, Сепси тешко ќе ги задржи и двајцата во своите редови. Веќе има понуди и за Симоновски и за Тандија, но тие веројатно ќе одиграат за Сепси до крајот на сезоната.

Симоновски додаде и три асистенции за одличен учинок во редовите на четвртопласираната екипа во романската Прва лига.

Плишкова ја врати титулата во Бризбејн, сефте за Нишикори

Катарина Плишкова се врати на врвот во Бризбејн и по вторпат во три години е победничка на тенискиот турнир, а во машка конкуренција нов шампион е Кеи Нишикори.

Плишкова успеа да направи пресврт во финалето против Лесија Цуренко, откако Украинката поведе со 1:0. Го доби првиот сет со 6:4, но потоа возврати шампионката од 2017 година и израмни на 1:1. Во решавачкиот сет чешката тенисерка беше супериорна, го доби со 6:2 и освои нова титула на тунирот кој е лакмус за формата на тенисерките пред настапот на Австралија опен.

Во три сета се играше и машкото финале, а Нишикори го покори Медведев. Вториот носител од Јапонија го доби првиот сет со 6:4, потоа Медведев ја презеде иницијативата и израмни на 1:1, но попушти во сетот што одлучуваше.

Нишикори беше подобар во финишот, славеше со 6:2 и ја освои 12-та титула во кариерата.

Форбс објави: Роналдо е институција, само од Најк ќе заработи 870 милиони евра

Нема зима за Кристијано Роналдо, кога се во прашање парите, а како што објави Форбс, само од договорот со познатиот производител на спортска опрема Најк ќе заработи фантастични 870 милиони евра.

Двете страни соработуваат од 2003 година и пред три години потпишаа таканаречен доживотен договор за соработка. Само тројца спортисти на светот имаат такви договори со Најк, а покрај Роналдо во трилингот гиганти се и Мајл Џордан и Леброн Џејмс.

Португалецот заработува одлично и во Јувентус, годишната плата му е околу 30 милиони евра, но има уште толку од останатите спонзори, не сметајќи го гигантскиот договор со Најк.

Еве ја листата на светски брендови кои имаат договор со Роналдо:

Кастрол – 16 милиони евра за двегодишен договор

ЗТЕ – 4.5 милиони евра за една година

Емпорио Армани – 4.2 милиони евра за четири години

Хербалајф – 2.2 милиони евра  за пет години

КФЦ – 1.9 милиони евра за тригодишен аранжман

Клиер – 1.7 милиони евра за една година

Панцер глас – 870 илјади евра за една година

Американ Туристер – 350 илјади евра за една година

Еџипшн стил & ЕА Спортс – сумата не е објавена

Гергес ја сопре сензационалната Андреску и ја одбрани титулата во Окленд

Јулија Гергес ја продолжи успешната серија настапи на ВТА турнирот во Окленд, Нов Зеланд и ја освои втората титула по ред на турнирот со победа против Бјанка Андреску.

Германката нема пораз на овој турнир од полуфиналето во 2017 година, а ја почна тениската сезона во стилот на ланската. Во 2018 година имаше 46 победи на ВТА турнирите, што е трет најдобар ефект кај дамите.

Денеска во финалето почна лошо, го загуби првиот сет со 2:6, но продолжи победнички. Го доби вториот сет со 7:5 и потоа ја декласира сензацијата од Канада со 6:1 и ја одбрани титулата.

За Гергес ова е седма титула во кариерата, а нејзината противничка го играше првото финале во кариерата.

Андреску има само 18 години, а приреди вистинска сензација на турнирот, откако преку квалификации се пласира на главната сцена и ги победи Каролине Вознијачки, Венус Вилијамс и третата носителка Си Су-Веи.

Сити најавува демолирање, Барса убедливо ќе слави кај Хетафе

Манчестер сити – Ротерам (15 часот)

„Граѓаните“ често знаат да постигнат по пет или повеќе гола на еден натпревар во Премиер лигата, па зошто да не се случи истото и денес во ФА Купот. Гвардиола ќе го пречека нисколигашот Ротерам во рамките од третото коло на најстариот фудбалски куп во светот, па со подмладен состав не би требало да има некакви проблеми.

Тотенхем, Арсенал, Челзи и Манчестер јунајтед веќе си обезбедија пласман во следната рунда, а денес се очекува и останатите фаворите да им се придружат.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.20)

 

Хетафе – Барселона (20:45 часот)

Вториот дел од сезоната за Барселона во Ла Лига стартува од денес. Пред нив е непријатно гостување кај Хетафе, но „каталонците“ само еднаш не успеале да триумфираат на стадионот „Алфонсо Перес“ во последните пет гостувања. Покрај тоа, главните ѕвезди на шпанскиот првак се враќаат на терените по зимската пауза и ќе сакаат да продолжат онаму каде што застанаа во 2018 година, особено Меси, кој никако да се засити од погодоци.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.20)

 

Бордо – Ле Авр (17:15 часот)

По лошиот старт на сезоната Бордо значително ја поправи својата игра и веќе 10 меча во сите натпреварувања нема претрпено пораз. И во Франција се одмораше одреден период, а фудбалот се враќа преку националниот Куп. „Жирондинците“ не смеат да потфрлат против второлигашот Ле Авр, иако гостите ќе се обидат да се надигруваат со фаворитот.

Предлог тим 1 & 2-4 (2.40)

 

Севилја – Атлетико Мадрид (16:15 часот)

Во Андалузија ќе се бие битка за второто место меѓу Севилја и Атлетико Мардид. Двете екипи се зад лидерите Барселона на табелата во Ла Лига, а „јорганџиите“ (34) имаат предност од два бода во однос на екипата која ја предводи Пабло Манчин (32).  Атлетико има убави спомени од последното гостување на „Рамон Санчез Писхуан“, славеше убедливо со 5-2, но Севилја сезонава игра многу подобро од тогаш, што значи дека на фудбалерите на Диего Симеоне воопшто нема да им биде лесно.

Иако Атлетико е тим кој ретко дозволува голови во својата мрежа, денес Андалужаните ќе мора да им ја затресат барем еднаш.

Предлог тип: GG3+ (2.55)

 

Бенфика – Рио Аве (18:30 часот)

„Орлите“ и без тренер ќе треба да покажат зошто се гиганти во Португалија. Раководството на Бенфика му врачи отказ на Руи Виторија пред неколку дена, но тоа не значи дека фудбалери треба да чекаат да дојде нов предводник за тие да им се вратат на победите. Рио Аве е одличен противник за фудбалерите да докажат дека не е во нив проблемот за лошите резултати, особено што против оваа екипа не знаат за пораз веќе три години.

Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.83

Херојот на Ривер плејт во преговори со Манчестер сити

Фудбалерот на Порто Хуан Фернандо Кинтеро, кој настапува како позајмен играч за јужноамериканскиот првак Ривер плејт, се најде на радарот на Манчестер сити. Колумбиецот потврди дека неговиот агент започнал преговори околу евентуална преселба во редовите на англискиот шампион.

За Кинтеро се слушна низ цела Европа откако ја покори Бока јуниорс во реванш дуелот во финалето од Либертадорес купот кој се одигра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а токму колумбискиот офанзивец го постигна водечкиот гол за Ривер во продолженијата.

„Знам дека мојот агент преговараше со преставници на Манчестер сити, и можам да кажам дека сум горд што голем клуб се интересира за мене. Но ако се вратам во Европа, сакам да го направам вистинскиот потег од секој аспект, не само финансиски гледано. Имам понуди и од Кина, што е супер ако се земат во предвид финансиите, но тоа засега не ме интересира“, истакна Кинтеро.

Тој веќе трета сезона се шета низ светот преку позајмици, играше за Рен, Индепендиенте, па сега Ривер плејт, додека неговиот договор со Порто важи до 2021 година. Доколку успее да обезбеди трансфер во Сити, навистина ќе му биде најголем во неговата кариера. Клаузулата според договорот со „змејовите“ е 40 милиони евра, а засега не е познато дали „граѓаните“ веднаш ќе ја активираат истата, или ќе се обидат да заштедат.

Погодокот на Кинтеро за 2-1 против Бока јуниорс:

https://www.youtube.com/watch?v=8OPcx5IngsA

Самарџиски повторно во дресот на МЗТ Скопје

Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски, потпиша договор со МЗТ Скопје до крајот на оваа сезона. Искусниот центар се враќа во „јатото штркови“, откако ги бранеше боите на шесткраниот национален првак во сезоната 2014/15, кога и ја освои шампионската титула.

Тој во изминатите две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски, кој веќе втор месец се рехабилитира по скршеницата на раката. Пред „металци“ е серија тешки натпревари, поради што од клубот се надеваат дека искуството на Самарџиски и тоа како ќе им помогне во играта под двата коша.

Самарџиски кариерата ја започна во Водњански лисици, а уште како тинејџер замина во  Партизан. Играше и за ФМП, Црвена звезда, Литвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече. За репрезентацијата на Македонија првпат настапи во 2008 година, а последниот настап во жолто-црвениот дрес го забележа на ЕП 2015 година во Загреб.

Четири гиганти во „војна“ за еден Италијанец

Николо Барела привлекува многу внимание во изминатиов период. Играчот за врска на Калјари игра одлично сезонава, а откако репрезентацијата на Италија ја презеде Роберто Манчини, тој е редовен стартер за „аѕурите“.

Овој дваесет и едногодишен фудбалер поседува огромен потенцијал и квалитет, а тоа го приметија Челзи, Манчестер јунајтед, Интер и Наполи. Како што наведуваат италијанските медиуми, „сините“ веќе контактирале со претставници на Калјари околу услугите на овој Италијанец, клубот од Лондон е подготвен да издвои 50 милиони евра, цена која е прифатлива за калчолигашот.

И „нероаѕурите“ не седат со скрстени раце. Наводно и тие ќе подготват идентична сума за Барела, додека Јунајтед и Наполи чекаат реакција од Калјари, па доколу понудите од Челзи и Интер бидат одбиени, тие ќе се обидат со „подебела“ сума.

На крајот, одлуката останува на самиот фудбалер, да одбере за кој тим ќе да ги брани боите – Дали ќе остане во Серија А, или ќе се проба во Премиер лигата.

Виткање глужд по рецепт на Кари (видео)

Средбата помеѓу Голден стејт вориорс и Сакраменто кингс ќе се памети по новиот НБА рекорд, комбинирани 41 тројки во победата на „воините“.

Ѕвездата на актуелните шампиони, Стеф Кари, заврши со високи 42 поени од кои 30 ги реализираше од линијата за три поени, но во своето шутерско шоу успеа да му продаде стара финта на Џастин Џексон. Познато како „аnkle breaker“, Кари со еде потег го избезуми противникот и тоа без да ја тропне топката.

https://www.youtube.com/watch?v=1KE2-0RbJAY

Ајкулите не се плашат од грмотевици

Сан Хозе шаркс ја прекина победничката серија на Тампа беј лајтнинг од седум меча, па ноќеска со убедливи 5-2 славеа победа над лидерот од Источната конференција. Домаќините имаа еден го предност по два периоди, а со два гола во решавачката третина го осигураа вкупно 23-от триумф сезонава.

 

Торонто се зацврти на второто место на Истокот, откако ноќеска го растури тимот на Ванкувер канукс со 5-0. За „ловоровите листови“ погодија пет различни играчи, па така им се вратија на победите по два последователни порази.

Калгари флејмс мораше да се вади во продолжение против Филаделфија флаес со конечни 3-2. Двете екипи не попуштија во регуларниот дел, Филаделфија поведе во првата третина, а веќе во следната Гудро погоди за 1-1. Во решавачкиот период се постигнаа уште два гола, по еден на двете страни, а во дополнителното време се играше само две минути, откако Броди реализираше за конечни 3-2 во корист на Калгари.

Резултати НХЛ:

Отава сенаторс – Минесота вајлд 3-4

Филаделфија флаерс – Калгари флејмс 2-3 (по продолжение)

Сан Хозе шаркс – Тампа беј лајтнинг 5-2

Торонто мејплс лифс – Ванкувер канукс 5-0

Бостон бруинс – Бафало сејберс 2-1

Флорида пантерс – Колумбус блу џекетс 3-4 (по продолжение)

Монтреал канадиенс – Нешвил предаторс 1-4

Сент Луис блус – Њу Јорк ајлендерс 3-4

ЛА кингс – едмонтон ојлерс 4-0