20.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9472

Арсенал на младински погон победи во ФА Купот

Арсенал со убедливи 3-0 над Блекпул се пласира во следната рунда од англискиот ФА Куп. Унаи Емери одлучи да ги одмори главните ѕвезди за овој меч, па во офанзивната линија играа младинци кои ја оправдаа довербата од шпанскиот стратег.

Жозеф Вилок во два наврати ја тресеше мрежата на домаќините, во 11-тата и 37-та минута, а конечниот резултат го постави Ивоби во 82-та минута од мечот.

Изненадувачка елиминација претрпе и Хадерсфилд од нисколигаш. Откако претходно денес Кардиф беше елиминиран од четвртолигашот Гилингем, сега „питбулите“ на Вагнер беа поразени од второлигашот Бристол сити со минимални 1-0.

Кристал палас со играч повеќе минимално славеше против Гримзби, 1-0, а Њукасл и Блекбурн ќе играат реванш откако средбата на „Сент Џејмс парк“ заврши со 1-1 . Портсмут со гол во судиското надополнување (1-0) го елиминираше Норвич.

Од тим со деца во подем, Монако стана собиралиште за „пензионери“

Португалскиот дефанзивец Пепе наскоро ќе биде новото зимско засилување на Монако. Како што најавува италијанскиот трансфер гуру Џанлука Ди Марцио,  триесет и петгодишниот Португалец веќе постигнал договор со „кнезовите“ и во следните неколку денови ќе пристигне во клубот. Тиери Анри ќе добие уште едно искусно засилување во одбраната, откако во првиот ден од зимскиот преоден рок клубот го ангажираше бразилскиот дефанзивец Налдо од редовите на Шалке 04.

Пепе е слободен играч, откако во декември ја раскина соработката со Бешикташ поради финансиските проблеми во кои се наоѓа турскиот гигант. Изминатиов период се споменуваше враќање на Пепе во Порто, но како што најавува познатиот италијански новинар, тој ќе го облече црвено-белиот дрес на „кнезовите“.

Со дефанзивецот, во кнежевството треба да пристигне и Цеск Фабрегас, кој денес го одигра последниот меч во дресот на Челзи и се прости со навивачите и соиграчите.

Иако овие потези се помалку чудни за клуб кој негува млади фудбалери и им дава шанса рано да блеснат на големите фудбалски терени,  јасно е зошто Анри посегнува по искусни фудбалери. Монако се наоѓа во незавидна позоција по половина од сезоната во францускиот шампионат, и наместо да се борат за врвот како во изминативе неколку сезони, тие се борат за опстанок во елитата.

Робињо претставен како големо засилување за Башакшехир

Ексѕвездата на Реал Мадрид и Манчестер сити, Робињо, официјално е претставен како големо засилување на Истанбул Башакшехир. Бразилецот ја смени средината во зимскиот преоден рок, но остана во Турција, а од Сиваспор се пресели во редовите на лидерот во турскиот шампионат.

Башакшехир исплати два милиони евра обештетување за неговите услуги, додека Робињо потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

„Мојата најголема цел е да бидам шампион. Новите соиграчи топло ме примија, исто како и тренерот и цел стручен штаб. Среќен сум што сум дел од ова семејство“, истакна Робињо при претставувањето.

Во тимот на Сиваспор редеше одлични настапи, сезонава осум пати се запиша во листата на стрелци, а несомнено ќе крене го нивото на квалитет во составот на лидерот во турското првенство.

https://twitter.com/ibfk2014/status/1081513624047443968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1081513624047443968&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FTurska%2Fa263090-Zvanicno-Basaksehir-predstavio-Robinja.html

Хулк Хоган се реактивира на 65 години

Иконата на ВВЕ (кај нас учесниците во ова натпреварување ги викаат кечери), Хулк Хоган, кој има 65 години, во понеделник повторно ќе се појави во рингот и ќе ги потсети фановите на годините кога ја забавуваше публиката со своите боречки и актерски вештини.

Хоган има 65 години, но после пауза од четири години, сака уште еднаш да се појави во рингот, во чест на пријателот Џин Окерлунд, кој почина неодамна. Хоган порача дека Мин Џин му бил најдобриот пријател што го имал во кариерата. А, Окерлун не беше кечер, туку спикер и најавувач кој правеше интервјуа со учесниците во рингот.

Незаборавен е дуелот на тандемот Хоган-Мин Џин против Џорџ Анимал Стил и Мистер Фуџи во далечната 1984 година. Покрај Хулк Хоган, во рингот во понеделник ќе се појават и Џон Сена и Брок Леснар.

Баутиста Агут е најопасен во јануари, освои титула во Доха

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут е победник на турнирот во Доха, Катар, откако во финалето беше подобар од Томаш Бердих со 6-4, 3-6, 6-3. Завчера Баутиста го изненади Станислас Вавринка, вчера го шокираше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, и откако ја заврши најтешката работа, денеска не дозволи титулата да му побегне од раце.

Баутиста во кариерата има девет освоени турнири, а веќе четврта година по ред тој зема титула во првите две недели од јануари. Чехот Бердих се врати после шестмесечна пауза, па и пласманот во финалето за него е добар резултат.

После Рафаел Надал од 2014 и Давид Ферер од 2015, Баутиста е третиот Шпанец што го освоил овој турнир од АТП 500 серијата.

Сега Баутиста оди во Оукленд каде ја брани титулата од лани, а потоа почнува на првиот гренд-слем во годината, Австралијан опен.

Алавес ги совлада „лилјаците“ и изби пред Реал Мадрид

Депортиво Алавес со победата над Валенсија од 2:1, освои три бода, кои му помогнаа барем до утревечер да биде пред Реал Мадрид на табелата во шпанското првенство. Тимот од Виторија е најпријатно изненадување сезонава во Примера дивизија, а и против „лилјаците“ покажа дека резултатите не се случајни.

Гостите поведоа со голот на Парехо од слободен удар (негов 50-ти гол во првенствен меч), но Алавес уште во првото полувреме направи пресврт и поведе со 2-1, што се покажа и како конечен резултат. Баскијците се најопасен тим во лигата од прекини.

Алавес имаше само една победа во претходните десет соочувања со Валенсија. Алавес дома нема загубено на последните 10 меча, последен пат загуби на 29 април од Атлетико, и тоа ја има најдолгата активна позитивна серија како домаќин во Шпанија. За Валенсија, заврши серијата од 15 меча без пораз во првиот меч од една календарска година.

Мората даде два гола и не се радуваше, овации за Фабрегас

Челзи без поголеми проблеми се пласираше во 4.коло од ФА купот, но денешниот дуел со Нотингем форест мина во знакот на двајцата Шпанци, Алваро Мората и Сеск Фабрегас. Мората најпрвин имаше неверојатна утка, а потоа даде два гола, но не се радуваше после постигнувањето на погодоците и многумина тоа го толкуваат како можно заминување од клубот до крајот на месецов.

За Фабрегас, сигурно е дека си заминува. После 500 меча за Арсенал и Челзи, тој го напушта англискиот клупски фудбал. Беше повлечен од игра во 85 минута и доби овации од публиката, а тој им отпоздрави, во знак на благодарност за поддршката во овие години. За негова жал, тој во првото полувреме не реализираше пенал и пропушти прилика од Челзи да си замине со постигнат гол.

Изненадувања приредија Гилингам и Акрингтон, кои елиминираа тимови од повисок ранг од нивниот. Кардиф е единствениот премиерлигаш кој испадна. Вимблдон првпат е во 4. коло на ФА купот.

РЕЗУЛТАТИ (МЕЧЕВИ ОД 16 ЧАСОТ): Акрингтон – Ипсвич 1:0, Астон Вила – Свонси 0:3, Болтон – Волсал 5:2, Брентфорд – Оксфорд јунајтед 1:0, Челзи – Нотингем 2:0, Дерби – Саутхемптон 2:2, Евертон – Линколн 2:1, Флитвуд – Вимблдон 2:3, Гилингам – Кардиф 1:0, Мидлсброу – Питерборо 5:0.

Роналдињо не смее да го напушти Бразил

Бразилскиот суд му забрани на легендарниот фудбалер Роналдињо да ја напушти родната земја, па тој не можеше да замине на меѓународната спортска конференција во Дубаи. Името на Роналдињо беше објавено на сите плакати кои го рекламираа настанот во Обединетите Арапски Емирати, но тој нема да се појави поради проблеми со законот во татковината.

Роналдињо Гаучо и неговиот брат Роберто Асис Мореира не смеат да излезат од Бразил, додека не платат казна од 2 милиони евра, за престап кој го имаат направено во 2015 година. Кога беше донесена пресудата во ноември, екс фудбалерот не беше во Бразил.

Се врати во декември, и тогаш на аеродром му беше одземен пасошот, а од домот му беа земени и три луксузни автомобили и скапа една уметничка слика, бидејќи на банкарската сметка на негово име, имало само 6 евра.

Рибери јадеше „златно“ месо за 1.200 евра, па потоа пцуеше по сите што го критикуваа

Зимската пауза во германското првенство, Франк Рибери реши да ја искористи и да отпатува на мини одмор во Дубаи. Еден од најдобрите играчи на Баерн Минхен беше во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот, Нусрет Гокче. Во изминативе неколку недели, во тој ресторан гости беа и Лионел Меси, Диего Марадона, Роберт Левандовски и многу други.

Рибери уживаше во мајсториите на Нусрет, а потоа како што е традицијата, тој самиот го зачини месото. Овој потег на Рибери, дека решил да јаде во ресторан каде за парче месо платил 1.200 евра, наиде на многу негативни коментари на социјалните мрежи, но Французинот не им остана должен и без многу да одбира зборови реши да им врати.

„Новата 2019 година започна со многу коментари на хејтери и завидливи луѓе. Тоа се луѓе кои се родени само затоа што се дупнал презервативот. Да ви е**м мајките, бабите и целото ваше семејно стебло. Немам што да објаснувам на вас“, напиша Рибери во вулгарниот коментар.

 

Мурињо ја одби понудата од Бенфика

Португалскиот гигант Бенфика, по разделбата со тренерот Руи Виторија, го контактирала Жозе Мурињо, но најпознатиот португалски стручњак одбил да прифати преземање на тренерската позиција во клубот од Лисабон.

Мурињо во текот на ноември беше ослободен од Манчестер јунајтед и уште е без работа. Португалските медиуми објавија дека Бенфика го побарала, но екс тренерот на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, и Манчестер, не сака да го преземе најголемиот ривал на Порто на чија клупа седеше три години и го направи најголемиот успех кога со прилично скромен состав освои Лигата на шампионите, па стана познат во европскиот фудбал.

Бенфика заостанува седум бода зад Порто во лигата, а откако отпадна од ЛШ, се надева на добри игри во Лига Европа.