14.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9473

Медведев ќе го предизвика Нишикори за титулата во Бризбејн

Данил Медведев ќе игра за четвртата титула во кариерата, по победата во полуфиналниот дуел против Жо Вилфрид Цонга, а последна пречка за конечен триумф во Бризбејн ќе му биде Кеи Нишикори.

Медведев славеше со 7:6 (8), 6:2 против искусниот француски ас и ја оправда улогата на фаворит, бидејќи е рангиран како четврти носител на турнирот.

Претходно, Кеи Нишикори лесно го „преслуша“ Жереми Шарди, на двапати со по 6:2 и ќе биде фаворит во финалето против Медведев.

Нишикори е рангиран како втор фаворит на турнирот, а досега има 11 АТП титули. Мечот за трофејот ќе се игра утре од 10 часот.

На „Зорилја“ има снег, Димитриевски не дава да го насанкаат (Видео)

Столе Димитриевски е хит во Шпанија, брани одлично, а пресвртот што го направи за кус рок, по кикс головите што ги прими од Ерменците е неверојатен.

И против Валјадолид, денеска, репрезентативецот на Македонија е во елемент и брани прекрасно. Неговиот тим поведе по само 29 секунди игра, а потоа Димитриевски се истакна.

Одбраната што ја имаше во 41. минута се граничи со чудо и кога сите ја видоа топката во голот на Рајо Валјекано, нашиот голман со рефлекс на мачка спречи израмнување.

Со оваа одбрана Димитриевски сигурно ќе конкурира за место во Топ-5 најдобри одбрани во 18.коло во Ла Лига. Еднаш веќе беше меѓу петте најдобри голмани со одличната одбрана против Леванте.

https://www.youtube.com/watch?v=1z6KUraQ7AM

 

Кафе го мина најтешкиот пат, од соиграч на Нејмар и Гансо до пекар

Џеферсон Кафе беше еден од најталентираните играчи на бразилскиот гигант Сантош, играше со сега познатите фудбалски ѕвезди Нејмар и Гансо, но на 29-годишна возраст одлучи да ја прекине кариерата и сега работи како пекар.

„Не можев веќе да го поднесувам малтретирањето во клубови, кои не плаќаа. Во последниот клуб играв една година и не добив ниту банка. Подобро е да работам чесно како пекар, отколку да се мачам како фудбалер“, вели Кафе.

Како што вели најголемата грешка ја направи во 2011 година, кога самиот побара да си оди од Сантош, во Санто Андре. Потоа заминуваше на уште неколку позајмици пред да ја прекине кариерата.

„Бев млад и тоа ми е најголемата грешка во животот. Не сакав да бидам трпелив, да чекам шанса за поголема минутажа во Сантош и сам побарав да заминам во Санто Андре. Сите момчиња од мојата генерација што останаа во Сантош добија шанса подоцна и станаа познати фудбалери. Јас избрзав и погрешив“, вели двојниот шампион на Бразил во генерацијата на фудбалери до 20 години.

Столе уште се загреваше, Рајо Валјекано експресно поведе (Видео)

Столе Димитриевски уште се загреваше на голот на Рајо Валјекано, а гостите од Мадрид веќе водеа со 1:0 против Валјадолид.

По извонредната акција на Раул Де Томас, Алваро Медран во 29. секунда ја затресе мрежата на домаќините. Тоа е најбрзиот гол сезонава во Ла Лига, а сведочеше и македонскиот репрезентативец, кој е веќе стандарден на голот на Рајо Валјекано.

Погледнете го голот на Рајо во 29. секунда од мечот со Валјадолид.

https://www.youtube.com/watch?v=JPKm35YLRVk

Сибирската мачка се трка со времето за настап на Австралија опен

Настапот на Марија Шарапова на Австралија опен е неизвесен, по повредата на бутниуот мускул, поради која го предаде мечот во Шенжен.

Повредата доаѓа во незгоден момент за популарната „сибирска мачка„ како што ја нарекуваат и доаѓа на само девет дена пред почетокот на првиот гренд-слем турнир во сезоната.

Шарапова и го предаде мечот на Арина Сабаланке и нејзиниот настап во Мелбурн сега станува сосема неизвесен.

На Австралија опен 31-годишната руска тенисерка имаше забележителни успеси во минатото, одигра четири финалиња и освои една титула.

Во 2008 година во меч за титулата во Мелбурн, Шарапова ја победи Ана Ивановиќ и се закити со вредната круна и тоа само една година, откако во првото финале на Австралија опен загуби од Серена Вилијамс.

Шарапова е една од ретките тенисерки што ги има комплетирано сите четири гренд-слем титули, на Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен.

Роналдо е прв стрелец во Серија А, но головите на Пјонтек носат најмногу бодови

Кристијано Роналдо ја покажува светската класа и во Италија, пред продолжението на првенството е најдобар голгетер во Калчото, но неговите конкуренти имаат поголем ефект со головите на бодовното салдо на своите екипи.

Кшиштоф Пјонтек е зад него со 13 погодоци, но тој има најголем ефект од сите играчи во Серија А на бодовната залиха на својата екипа. Соиграчот на Горан Пандев со головите директно и донесе 10 бодови на Џенова од вкупно 20 по одиграни 19 натпревари.

Зад Пјонтек со подобар ефект од Роналдо се и Дуван Запата од Аталанта, иако е на четвртото место на листата со најдобри стрелци со 10 голови и Фабио Кваљарела, играч на Сампдорија и трет стрелец во Калчото со 12 погодоци.

 

Штип тагува, почина легендарниот Драгослав Шекуларац

Еден од најпознатите југословенски фудбалери, Драгослав Шекуларац денеска почина во Белград на 82-годишна возраст. Родениот штипјанец цели 20 години ги пленеше срцата на љубителите на фудбалот и беше еден од најдобрите фудбалери во поствоената ера од 1955 до 1975 година.

За југословенската репрезентација одигра 41 меч, а одличниот дриблер постигна и шест голови за националниот тим на СФРЈ.

Во родниот град Штип успеа да го доведе легендарниот Португалец Еузебио, едно од најголемите фудбалски имиња во европскиот фудбал, а судбината сакаше да починат во ист ден, на 5. јануари. Еузебио си замина пред пет години, а денеска почина и неговиот голем пријател Шекуларац.

 

 

Манчестер јунајтед и Солскјер чекаат петка, Рединг е таман ривал за нова победа

Натпреварите во ФА купот во Англија се секогаш интересни, честопати има изненадувања, а денешната понуда во Sport Life е богата. Почна и вториот дел од сезоната во Шпанија, па полека се враќа препознатливиот ритам на натпревари на листата за обложување.

Во редовната дневна понуда на страниците на Спорт Манија, за денеска подготвивме микс од четири дуели од ФА купот и еден меч од шпанското првенство.

 

Манчестер јунајтед – Рединг (13.30 часот) 

Некогашните ривали од Премиерлигата моментно се во сосема спротивно расположение. Манчестер јунајтед блеска под команда на новиот тренер Оле Гунар Солскјер и има четири победи по ред. Норвежанецот експресно ги врати „црвените ѓаволи“ на победничкиот колосек и што е најважно Јунајтед повторно игра офанзивен фудбал, што не беше случај во ерата на Жозе Мурињо.

Откако пристигна Солскјер, најтрофејниот англиски клуб во просек дава по 3,5 голови на меч што е многу поразлично од скромниот просек од нешто повеќе од еден гол со Португалецот на клупата на Манчестер јунајтед.

Рединг е во страшна криза, го смени и тренерот, но серијата лоши игри и резултати во Чемпионшип продолжува. Имаат низа од 10 меча без победа, а денеска се наѕира нов пораз во меч од ФА купот на „Олд Трафорд“.

Предлог тип: 1&3-5 (1.85) Квота на денот

 

Челзи – Нотингем Форест (16 часот)

Ова е дуел на поранешни европски прваци, но сега претставници на две различни лиги во Англија. Челзи подолго време е во големата шесторка на англискиот фудбал, додека двојниот европски првак Нотингем Форест веќе 20-та година по ред не е член на елитното друштво.

Популарните „шумари“ имаат две титули во ФА купот, но и тие се освоени во некои дамнешни времиња. Нотингем се обидува да си го врати стариот сјај од ерата на Брајан Клаф и на Питер Тејлор, кога се освојуваа и европски титули во Купот на европските шампиони.

Челзи во моментов е многу посилен тим, иако ФА купот секогаш носи изненадувања.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.25) Квота на денот

 

Евертон – Линколн (16 часот)

Разликата меѓу двата клуба е три ранга на натпреварување во Англија. Евертон е член на Премиерлигата и е фаворит против лидерот во Лига два, Линколн.

Избраниците на Марко Силва имаат два порази во низа и четири на последните пет меча. Победија само на Боксинг деј против скромниот тим на Барнли, па денеска не смеат да си дозволат кикс. Во ФА купот има поправен испит, само ако е нерешено, па и Линколн си има свои сметки. Гостите играат одлично во Лига два во Англија и можат барем еднаш да ја затресат мрежата на „карамелите“.

Предлог тип: ГГ (2.18)

 

Алавес – Валенсија (16.15 часот)

Ова е дуел на две екипи што имаат амбиции да играат во европските купови. Алавес блескаше на стартот од сезоната во Ла Лига, едно време беше и на првото место, но стаса и кризата, па имаат само една победа на последните пет меча во домашното првенство. Засега се подобропласирани од Валенсија, но гостите се во подобра форма.

Валенсија има и подобар меѓусебен биланс и четири меча по ред се без пораз во дуелите со Алавес. Последните 8 меѓусебни мечеви се 3+, па нема причини и денеска да не биде ефикасно во Виторија.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.30) Квота на денот

 

Блекпул – Арсенал (18.30 часот)

Во октомври лани, двете екипи играа меѓусебе во уште еден куп во Англија, во Лига купот. Арсенал на домашен терен славеше со 2:1 и се пласира во четвртфиналето. Топчиите тргнаа одлично, водеа со 2:0, но во меч со по едно исклучување на двете страни, на крајот стравуваа за победата.

Гостите се фаворити, традицијата вели дека имаат четири победи во 4 меѓусебни дуели и сите им се со предност на полувремето, па и денеска би требало да победат.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.25)

 

 

Хрватите предупредуваат дека Македонија може да биде опасна

Македонската ракометна репрезентација синоќа имаше одличен тест меч против Србија, во пресрет на Светското првенство кое започнува за помалку од една недела. Избраниците на селекторот Раул Гонзалес, во салата „Борис Трајковски“ славеа со 37:31 против Србија, во првиот од двата контролни дуели со овој ривал.

Победата на Македонија не остана незабележана и кај ривалите на Мндијалот во Германија. Хрватските медиуми пишуваат дека Македонија одиграла одличен меч и дека Србија била немоќна. Потенцирано е дека во текот на целиот меч, Македонија имала убедлива предност, која во 46 минута изнесуваше 12 голови предност (31:19).

Македонија и Србија вечерва ќе одиграат уште еден контролен дуел, но овојпат ќе биде од затворен карактер. Тоа ќе биде и последниот тест за Македонија пред патот во Германија на СП.

На Мундијалот во Минхен, Македонија започнува против Јапонија (11 јануари) и Бахреин (13 јануари). Овие два меча се оние дуели кои мора да се добијат за да се остане во трка за посакуваното трето место, кое води во главната фаза.

Доколку се освојат четири бода од првите два меча, потоа, на 14 јануари следи дерби средба токму против Хрватска, предводена од Лино Червар, кој многу добро ги познава поголемиот дел од нашите репрезентативци.

Фабрегас денес за последен пат ќе биде во дресот на Челзи, а потоа заминува во Франција

Сеск Фабрегас се очекува денеска да биде во составот на Челзи за мечот против Норингем Форест во рамките од третото коло во ФА Купот, што би бил и последен пат да го носи дресот на англискиот премиерлигаш. Според најавите, шпанскиот офанзивен играч за врска, веќе договорил трансфер во Франција. Ќе треба да заигра за Монако.

Шпанецот беше незадоволен од минутажата во Челзи, па очекувано е негово заминување во друг клуб. Најчесто шпекулациите беа дека може да заигра во Милан, но сепак, како што пренесува „Скај спорт“, работата е договорена со Монако.

Францускиот тим е во незавидна ситуација. Монако игра очајно, испадна од Лигата на шампионите, а во домашното првенство е во зоната за испаѓање. На чело на тимот е Тјери Анри, кој е поранешен соиграч на Фабрегас, од времето кога двајцата играа во Арсенал.

Челзи ќе добие 10 милиони евра оштета за играчот кој во последните четири сезони беше дел од „Стемфорд Бриџ“.