14.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025
Дома Blog Страница 9474

Чудо во НБА: Цела сала навиваше за противничкиот играч (Видео)

Бостон го победи Далас со 114:93, а домашната публика на крајот од мечот навиваа за противникот. Навивачите во салата на Бостон, всушност сакаа да му дадат почест на Дирк Новицки. Легендарниот германски кошаркар најверојатно за последен пат во кариерата играше во салата на Бостон, а навивачите на некогашниот НБА шампион, знаеја на вистински начин да го испратат.

Новицки на теренот влезе пред крајот на првата четвртина, а цела сала го дочека со стоечки овации.

https://twitter.com/espn/status/1081366501628755969

Како изминуваше мечот, беше јасно дека Бостон ќе победи, па публиката се фокусираше на Новицки, па сите во салата започнаа да скандираат „Го сакаме Дирк, го сакаме Дирк“. Навивачите навиваа Германецот да постигне една тројка, како за крај на кариерата во нивната сала.

Во последните 30 секунди, Дирк шутираше два пати за тројка, но промаши, а навивачите на Бостон беа разочарани како нивниот тим да загубил.

Новицки не успеа да постигне ниту еден поен, а шутираше дури 10 пати. Со тоа, за само еден поен не успеа да стане најефикасен играч од „западот“ по бројот на постигнати поени во оваа сала. Новицки остана на 426 поени кога гостувал кај Бостон, а пред него со 427 поени е Коби Брајант. На третото место е Тим Данкан со 227 поени на гостувањата кај Бостон.

 

Барселона го договори првото засилување

Шпанскиот првак Барселона го договори првото засилување во јануарскиот преоден рок, тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според пишувањата, нов играч на каталонскиот гигант е Ариен Рабио од ПСЖ. Сепак, овој трансфер нема да се реализира сега, туку на крајот од сезоната.

Рабио има уште шест месеци од договорот со ПСЖ, но играчот за врска одби да потпише нов договор со францускиот тим. „Светците“ не се согласиле да му дадат големо зголемување на платата, па Рабио реши да не потпише нов договор. Поради тоа, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел го прати Рабио на трибините и на него нема да смета до крајот на сезоната.

Тоа значи дека Рабио нема да одигра ниту еден официјален меч се до доаѓањето на летото, кога и ќе биде претставен како нов играч на Барселона. Според најавите, каталонскиот гигант се согласил да му даде плата од 10 милиони евра по сезона.

 

Интер носи супер квалитетен играч во одбраната

Интер е подготвен да пазари во Шпанија. Според најавите, „нераѕурите“ ќе се обидат во овој преоден рок да го доведат капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин. Искусниот уругвајски дефанзивец има договор со „јорганџиите“ кој му истекува на крајот од сезоната.

Засега нема најави дека Годин ќе потпише нова соработка со мадриѓани, што значи дека е можно негово заминување во јануари, како Атлетико би можел да добие некоја пара од неговиот трансфер. Ако Атлетико во јануари не го продаде Годин, а играчот не потпише нов договор, тогаш по завршувањето на сезоната, искусниот дефанзивец ќе биде слободен играч и ќе може без никаква оштета да замине во било кој клуб.

Интер веќе ги договара и деталите со Годин. Се работи за можен двегодишен договор, со опција за уште една сезона. Сепак, фактот дека Годин за „без пари“ може да биде доведен го знаат и другите големи клубови, па Интер затоа ќе побрза со обезбедување на овој трансфер.

 

 

Мурињо ја доби првата официјална понуда, се чека негов одговор

По добиениот отказ од Манчестер јунајтед, на адресата на Жозе Мурињо стигна и првата официјална понуда. Португалецот моментно е во својата татковина, а од таму доаѓа и понудата. Бенфика би сакала да го врати Мурињо на клупата.

Пред да стане планетарно популарен, Мурињо го предводеше тимот на Бенфика, но таму остана само 11 меча. Во тие 11 средби, Мурињо со Бенфика победи шест пати, но мораше да си замине поради недоразбирање со челниците на клубот. Клубот не можеше да му ги исполни условите околу тоа кои соработници му требаат покрај него, но и побараното зголемување на платата.

Мурињо по таа епизода замина во Леирија, а потоа и во Порто, со кого стана европски првак во 2004 година.

Бенфика синоќа го смени тренерот Руи Виторија, а како привремена замена го поставен Бруно Лаге. Од „стадионот на светлината“ уште го чекаат одговорот на Мурињо. По 15 одиграни мечеви, Бенфика моментно има 32 бодови и заостанува седум бодови зад лидерот Порто, клубот со кој Жозе ја покори Европа.

 

 

„Луд“ меч во Чикаго: Летаа тројки на сите страни, на крајот судиите одлучија (Видео)

Индијана победи на гостувањето во Чикаго со 119:116, во меч на кој мораше да се играат дополнителни пет минути. Во регуларниот дел Индијана имаше предност од 104:102, а Богдановиќ даде едно од двете слободни фрлања за 105:102 и последен напад на Чикаго. Тогаш, Зек Лавин погоди тројка на три секунди до крајот и се избори за продолжение.

Во дополнителните пет минути повторно беше неизвесно до самиот финиш. При резултат 116:116, Индијана имаше напад за победа, а одговорноста ја превзема Виктор Оладипо, кој погоди тројка од девет метри. На семафорот останаа само 0,3 секунди до крајот, време кое е доволно да се исфрли топката, но од „одбојка“.

Чикаго го имаше последниот обид, кога Лавин ја доби топката и веднаш од свртување шутираше и погоди тројка за 119:119. Сите домашни навивачи во салата се израдуваа, но судиите решија да гледаат снимка, која покажа дека Лавин за 0,1 секунда задоцнил и не ја исфлил топката навреме од своите раце, па тројката за ново продолжение беше поништена и Индијана се израдува на триумф.

Резултати: Кливленд – Јута 91:117, Бостон – Далас 114:93, Чикаго – Индијана 119:116 (по продолжение), Мемфис – Бруклин 100:109, Мајами – Вашингтон 115:109, Минесота – Орландо 120:103, Милвоки – Атланта 144:112, Феникс – ЛА клиперс 111:121, ЛА Лејкерс – Њујорк 112:119, Портланд – Оклахома 109:111.

Леброн го очекува најдолгата пауза во кариерата

Лос Анџелес лејкерс рано утрово на свој терен ќе игра против Њујорк, а во редовите на домаќините ќе го нема Леброн Џејмс. „Кралот“ уште не е подготвен по повредата на препоните заработена на дуелот на 25 декември против Голден Стејт. По таа средба, Лејкерс одиграа четири дуели без Леброн, а се очекуваше дека тој ќе биде подготвен токму за средбата против Њујорк.

Во следните седум дена, Лејкерс ќе одиграат четири меча, на кои повторно ќе бидат без својот најдобар играч. Досега никогаш во кариерата, Леброн немал пропуштено осум меча по ред. Освен дуелот против Њујорк, Леброн нема да биде во тимот и за средбите против Минесота, Далас и Детроит.

 

 

Подобро од асистенција – Ремек-дело на Лопес, гол за Иглесијас и победа за Еспањол (Видео)

Ремек-делото на капитенот на Еспањол, Давид Лопес и снаодливоста на најдобриот стрелец на тимот Борха Иглесијас му донесоа вредна победа на тимот од Барселона против Леганес.

Потегот на Лопес, кога со удар од 40 метри го изненади Куељар и ја погоди пречката го искористи Иглесијас за деветти гол во деветтата минута од мечот против Леганес. Подобро од асистенција и доволно за победа од 1:0, прва во 2019 година за Еспањол.

Гостите во финишот на мечот останаа со фудбалер помалку, по исклучувањето на Гумбау и го претрпеа седмиот пораз. Долго во сеќавање ќе им остане прекрасниот удар на Лопес, момент што го одлучи победникот.

https://www.youtube.com/watch?v=EeBg6GwEYkU

 

 

Барселона на погон 4х4 ја декласира Дарушафака

Барселона одигра ефектно и ефикасно против Дарушафака, на Каталонците им недостасуваа три поени до стотка, но и победата од 97:65 е убедлива.

Домаќините од стартот најавија дека нема да пропуштат шанса за деветта победа во Евролигата против слабиот противник. Барселона ги доби сите четири четвртини и на крајот славеше со 32 поени разлика, што им е најубедлива победа во овој циклус на натпревари во Евролигата.

Со 18 поени ги предводеше Томас Хертел, а најефикасен на мечот беше гостинскиот кошаркар Туни Даглас со 23 поени.

Барселона е на шестата позиција по 16 кола, додека Дарушафака е последна со само две победи.

Лоши вести: Марадона е во болница, има крварење во стомакот

Диего Армандо Марадона не се појави на првиот тренинг на неговиот тим во Мексико, а причината е застрашувачка. Легендарниот Аргентинец има крварење во стомакот поради кое морал веднаш да биде префрлен во болница.

Лекарите констатирале дека Марадона мора веднаш да биде опериран и засега не се знае во каква состојба се наоѓа.

Тројка за Љоренте, седмица од Тотенхем за Транмере

Тотенхем го декласира Транмере со 7:0, со шест голови во второто полувреме и се пласира во 1/16-финалето на националниот куп во Англија.

Серж Орие постигна гол во финишот на првиот дел како најава за голеадата на гостите во продолжението. Играчите на Тотенхем постигнаа дури шест голови во вториот дел, три од нив беа дело на Фернандо Љоренте, што им донесе пласман во следната фаза во ФА купот.

Љоренте има само два настапи во овој куп и двапати постигнува хет-трик. Резервниот напаѓач на Тотенхем постигна „тројка“ и против Рочдејл, лани, а и вечерва беше расположен. Орие постигна уште еден погодок во второто полувреме, а во листата на стрелците се запишаа и Сон и Кејн.