28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025
Дома Blog Страница 9606

Модриќ е одличен фудбалер, но Меси е најдобар

Лионел Меси воопшто не беше меѓу тројцата најдобри фудбалери во изборот на ФИФА, што е за прв пат по неколку години. Аргентинецот ја предводеше Барселона до титулата во Шпанија, но со Аргентина разочара, а Каталонците беа елиминирани и во Лигата на шампионите во минатата сезона.

И покрај тоа што го немаше меѓу најдобрите тројца, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, не признава дека има подобар играч од капитенот на неговиот тим.

„Сите си имаат свое мислење, па и јас имам мое. Лео е најдобриот фудбалер во светот. Тоа е награда која се вика ‘Најдобар’, а за нас играчот кој е најдобар во светот, не беше таму. Модриќ е одличен играч и имаше одлична сезона“, рече Валверде пред денешното гостување на Барселона кај Леганес.

Актуелниот првак на Шпанија во минатото коло киксираше на свој терен и одигра 2-2 против Жирона и сега сигурно сака да се врати на победничката патека.

 

Ливерпул и Челзи си имаат стандардна мерка на „Енфилд роуд“

Европа повторно е во знакот на фудбалот и денеска, а на програмата се нови мечеви од топ-5 лигите, тука е и Карабао купот во Англија и уште стотина натпревари од останатите првенства и купови.

Вообичаено, ќе се обидеме со дневна понуда од пет натпревари, со анализа да ви помогнеме да стасате до добивка.

 

Ливерпул – Челзи (20.45 часот)

Одмор за ѕвездите, респект за традицијата

Ако се погледне статистиката во последно време на дуелите што овие две екипи ги играле на „Енфилд роуд“, тогаш и не е потребна посебна анализа. На последните четири резултатот е ист, 1-1. И во последните неколку години двата клуба играат во рамките на квотата што ја нудиме од 2-4 голови.

Ливерпул има блескав старт на сезоната со максимален учинок во Премиер лигата и со победнички почеток и во Лигата на шампионите. Прашање е дали сега Јирген Клоп ќе комбинира со составот што гази сè пред себе или ќе играат главните ѕвезди и против Челзи. Ривалот од Лондон, исто така, е во голема форма, има само едно реми на шест дуели во Премиер лигата и е за два бода зад Ливерпул. Ривалитет меѓу двете екипи има, но дали и двата тренери ќе калкулираат со составите, со цел да ги одморат главните играчи, или ќе се игра до максимум, е главното прашање.

Сепак е 1/16-финале во таканаречениот Карабао куп и мечот не е „да се биде, или не“, па можно е на „Енфилд“ вечер да излезат комбинирани состави.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.05)

 

Борусија Дортмунд – Нирнберг (20.30 часот)

„Милионерите“ повторно со милион проблеми, шанса за Нирнберг да ја прекине црната серија

Борусија повторно има многу проблеми со повредени играчи, а на последните неколку натпревари наизменично не играа Геце, Гереиро, Пако Алкасер, го нема и Топрак, а против Нирнберг нема да игра ниту Диало. Тој беше исклучен на претходниот меч со Хофенхајм и нема право на настап.

Популарните „милионери“ сепак успеваат одлично да се борат со кадровските проблеми и немаат пораз во новата сезона. И денеска се фаворити против Нирнберг, една од екипите која им „лежи“ според резултатите во минатото.

Од 2006 година на „Вестфален“, или како што сега се нарекува „Сигнал Идуна парк“, Нирнберг нема постигнато гол. Чудесни 12 години гостите од Баварија постат и немаат рецепт како да ја затресат мрежата на гостувањата кај Борусија.

Сега имаат шанса да ги искористат кадровските проблеми на домаќините, но Нирнберг е една од екипите што игра многу послабо на гостински отколку на домашен терен. Сепак, време е за гол на Нирнберг во Дортмунд и прекин на црната серија без погодок на „Вестфален“ цели 12 години.

Предлог тип: ГГ3+ (2.45)

 

Јувентус – Болоња (21.00 часот)

„Старата дама“ во атак на нова победа

Во Торино вечер се знае кој е фаворит. Јувентус е неприкосновен во Италија, повторно е апсолутен фаворит за титулата, а на гости му доаѓа еден од омилените ривали, Болоња. Екипа што ја нема победено „старата дама“ од 2011 година, или на последните 13 натпревари.

Јувентус го победи денешниот ривал на последните пет дуели во Торино и би било големо изненадување ако така не биде и вечерва, од 21 часот на „Алијанц стадионот“.

Голем адут на домаќините ќе биде Кристијано Роналдо. Португалецот почна скромно во црно-белиот дрес, но сега веќе е прв стрелец на Јувентус со три погодоци. Лут е по кавгата со челниците на ФИФА и на УЕФА, па можно е сметката да ја плати Болоња, екипата која изненади со триумфот против Рома, но игра мошне слабо против Јувентус.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.15)

 

Севилја – Реал Мадрид (22.00 часот)

Во Андалузија се чека и четвртата петка

Петките се во мода на дуелите меѓу Севилја и Реал Мадрид, а вечерва на „Санчес Писхуан“ гледачите очекуваат нова голеада и четврта петка.

На последните три меча меѓу екипите чиј симбол е белиот дрес имаше точно по пет голови. Реал двапати победи, еднаш со 4-1, потоа и со 5-0, а Севилја го доби последниот меѓусебен меч со 3-2.

Одличен податок како прилог кон типувањето е популарниот „три плус“ на последните 11 натпревари на овие две екипи.

Реал Мадрид одлично се снаоѓа и во пост-ерата на Роналдо, односно и без португалскиот ас, а на Севилја мора да ѝ се оддаде признание. Андалузијците храбро се борат против сите пехови, откако дури четворица фудбалери на оваа екипа од почетокот на новата сезона имаа скршеници на рака, или нога.

И со такви проблеми Севилја игра врвен и ефикасен фудбал. На последните два дуели постигна неверојатни 11 голови. И вечер ќе имаат мотив да го надиграат Кралскиот клуб, а и Реал има многу ефикасни офанзивни решенија, па изборот се чини и не е многу тежок.

Предлог тип: ГГ4+ (2.28)

 

Валенсија – Селта (22.00 часот)

„Месталја“ чека гол од август

Валенсија е во голема криза, тимот нема постигнато гол на последните три натпревари, или цел месец, а на „Месталја“ гледачите чекаат погодок од август.

Во сосема спротивен тренд е Селта, екипа која е екстра ефикасна, а и прима доста голови. Вечер проблем за Валенсија е што нема да игра Дани Парехо, еден од моторите на екипата. Без него, иако во последно време не игра во добра форма, Валенсија е сосема поинаква екипа. Креацијата на играта ќе биде проблем против Селта, но Валенсија има императив и само еден избор, триумф и три бода против Селта.

Тимот од Виго е опасен, особено добро ги изведува контранападите, па и тука се очекува меч со доста голови. Тоа го поткрепува и статистиката, која вели дека на последните 7 дуели меѓу Валенсија и Селта секогаш имало барем по еден гол во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

МЗТ со агресивност ќе брка победа против Хелиос санс

МЗТ Скопје Аеродром утре, од 19 часот, на свој терен против словенечки Хелиос санс ја отвора новата сезона, овојпат во втората АБА-лига, а очекувањата и амбициите од овој меч се победа и само победа. Од таборот на „штрковите“ ветуваат агресивна игра.

Од клубот очекуваат и некои од помладите играчи да напредуваат, а поголема шанса за докажување младите ќе добијат во домашната лига.

Директорот Тони Грнчаров рече дека Хелиос има солиден тим, додека МЗТ е спој на младост и искуство.

„Треба да играме брзо, агресивно, да нема алиби во одбрана. Имаме искусни играчи, како Стојановски, Соколов, Симоновски и Иванов, тие треба да бидат лидери во екипата. Имаме играчи кои се иднина на клубот и сакаме да инвестираме во нив за во иднина да ни бидат база. Се надевам на успешна сезона, а, секако, одиме на титула во домашното првенство. Мора да им дадеме шанса на помладите играчи. Посебно шанса ќе добиваат во домашното првенство, каде што ќе може да покажат дали се за во МЗТ“, рече Грнчаров.

Тренерот Ѓорѓи Кочов е задоволен од составот кој го има на располагање.

„Презадоволен сум што го задржавме костурот од лани, плус четири странски засилувања. Одработивме подготовки во условите како за Евролига. АБА 2-лигата воопшто не е слаба, четири-пет тима може да играат и во првата АБА. На пример, Приморска освои Суперкуп на Словенија. Мислам дека сме способни да играме на двата фронта. Проблем е што во дел од подготовките ги немавме репрезентатвците, но МЗТ покажа дека мисли за доброто на репрезентацијата. Добро би било од младите да извадиме солидни играчи“, вели Кочов.

Дамјан Стојановски посакува побрза игра и агресивна одбрана за да се олесни играта во нападот. Хрватот Иве Иванов истакна дека дошол во голем клуб и сега очекува да покажат дека се добро подготвени.
Што се однесува до утрешниот меч, капитенот најавува победа.
Мислам дека ќе отвориме со победа. Работите зависат од нас. Ако одиграме агресивно, би требало да славиме“, најавува Дамјан.
Кочов нема конкретни информации за тоа како игра Хелиос.
Гледајќи од лани, станува збор за цврста екипа, но сепак ќе зависи од нас. Како ние ќе одиграме на тој меч. Верувам во победа. Сите навивачи да дојдат да го бодрат тимот, а ние да бидеме борбени и да им вратиме со добра игра“, изјави Кочов.

 

Работнички одбраната на титулата ја почнува во Охрид

Првакот Работнички одбраната на титулата во македонскиот кошаркарски шампионат ја почнува со гостување кај АВ Охрид, а дерби на стартот е пресметката на Блокотехна и МЗТ Скопје во салата „НБ Ноел“. Новина е што Шкупи во последен момент доби дозвола да игра во првата лига, па така елитата ќе брои 11 члена, иако МКФ неодамна објави дека ќе бидат 10.

Чаирчани се заблагодарија што Федерацијата и останатите клубови им дозволија да играат во прва лига откако најдоа спонзор. Првата лига за првпат во свото постоење ќе има 11 екипи, па така, во секоја рунда, ќе има по еден слободен тим.

Двојките за првото коло се: АВ Охрид – Работнички, Вардар – Куманово, Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар – Кожув, Пелистер – Фени Индустри, а Шкупи е слободен.

Лигата треба да почне на шести октомври.

Фулам има чудо дете – Елиот дебитираше само на 15 години

Харви Елиот е чудо дете, фудбалер на Фулам, од вчера најмлад што настапил во историјата на клубот.

На дуелот од Лига купот против Милвол во 81-вата минута влезе во игра као замена за Флојд Ајите и со 15 години и 174 денови стана најмлад играч во клупската историја. И, секако, еден од најмладите во историјата на фудбалот.

Елиот и претходно тренираше со сениорите на Фулам, но сега доби и шанса од Славиша Јокановиќ да игра .

Најмлад фудбалер што воопшто играл е Маурисио Балдивиесо, Боливиец кој настапи за Аурора против Ла Паз на 12-годишна возраст.

Во 2009 година, неколку денови пред да наполни 13-ка, Болдивиесо играше во боливиското првенство. Тој и сега е активен фудбалер, има 22 години и игра за Сан Хозе, прволигаш во Боливија.

Гатузо доби ултиматум: Мора да победи на следните три меча

Милан и во новата сезона продолжи со старите навики, а тоа е да киксира и на мечевите за кои се верува дека треба да ги добие. По првите четири средби, „росонерите“ имаат само една победа и се во долниот дел од табелата. Токму поради тоа, тренерот Џенаро Гатузо е прв на удар.

Челниците на Милан му дадоа ултиматум на Гатузо дека тимот мора да победи на следните три натпревари. Ако се знае дека Милан веќе оддамна го има загубено победничкиот менталитет, речиси и невозможно е да се очекува некогашниот гигант од „Сан Сиро“ да се надева на девет бода од следните три дуели.

Мисијата на Гатузо ќе започне утре, и тоа на гости кај Емполи, а следни два противници на Милан ќе бидат Сасуоло и Киево. Противниците и не се толку непобедливи, но прашање е дали некогашниот италијански првак ќе може да ја пронајде победничката формула.

 

Џани доби „корпа“ од Полска, нов предизвик ќе му биде повторно да ја победи Македонија

Џани де Бјази, поранешниот селектор на Албанија, е многу блиску до позицијата стратег на ерменската репрезентација, објавија ерменските медиуми.

Де Бјази беше сериозен кандидат да биде селектор на Полска, како замена за Адам Навалка, но во последен момент Полјаците се решија за домашен стратег и го именуваа Јиржи Брзечка.

„За мене тоа беше лоша вест. Очекував од Зиби (Збигњев Боњек, н.з.) да го реализира ветеното и јас да бидам селектор на Полска, но тоа не се случи. Одиме понатаму“, беше изјавата на Де Бјази.

Нова понуда сега стаса од Ерменија, па Италијанецот повторно може да ни биде ривал во меч што ќе биде еден од решавачките за настап на големо натпреварување. Против Ерменија ќе играме во Лигата на нациите, во Ереван на 16-ти октомври, и со реми или со победа ќе бидеме речиси сигурно полуфиналисти во сегментот Д.

Де Бјази допрва треба да биде именуван за селектор на Ерменија, но тоа, според тамошните медиуми, е речиси сигурна работа. Македонија има голема предност пред главниот ривал за првото место во четвртата група од сегментот Д, бидејќи ги победивме Ерменците во Скопје со 2-0. Само првопласираната селекција од сите четири групи во сегментот Д ќе може да се надева на пласман на ЕП 2020.

Ако Македонија го освои првото место, ќе игра полуфинале со некоја од останатите три првопласирани репрезентации од групите во сегментот Д. И тука само конечниот победник ќе има сигурен настап на ЕП.

Де Бјази ја предводеше Албанија како селектор на дуелот против Македонија во Скадар на шести септември 2016 година, во квалификациски меч за пласман на СП во Русија.

Во чудниот меч што се играше во два дена поради невремето во Скадар, Албанците славеа со 2-1. По првиот ден беше 1-1 и имаше прекин поради бура во Скадар, а во продолжението, на седми септември, Балај ни даде гол во последните моменти за триумф на Албанците под палката на Де Бјази. Подоцна, во текот на тие квалификации италијанскиот стратег доби отказ и беше заменет со сонародникот Кристијан Панучи.

Клоп: Против Челзи ќе брани Мињоле

Минатата сезона Ливерпул се мачеше со голманите, кои често знаеја да направат кикс. Тој проблем сега го нема, откако летово на „Енфилд роуд“ пристигна Алисон, кој донесе голема сигурност во дефанзивата. Сепак, бразилскиот чувар на мрежата вечерва ќе добие одмор и нема да брани на дербито од Лига купот против Челзи. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека на гол-линијата ќе застане Симон Мињоле.

„Мињоле е еден од оние за кои можам со сигурност да кажам дека ќе биде на теренот во дуелот против Челзи. Кој друг и да биде во стартниот состав, тоа ќе биде добар меч за гледање“, рече Клоп, кој најверојатно ќе реши да поштеди поголем дел од првотимците и да им даде шанса на оние кои имаат помала минутажа во досегашниот дел од сезоната.

Дербито против Челзи се игра на „Енфилд роуд“,со почеток во 20.45 часот.

 

На лидерот му се погоди – Ренова без тренер против Академија Пандев

Академија Пандев ќе има полесна задача денеска, од 15.30 часот, против Ренова, во мечот од седмото коло во македонската Прва Лига, по оставката на тренерот на „гипсарите“, Јетон Беќири.

Беќири си замина по серијата лоши резултати и порази, гарнирани со елиминација од националниот куп, па денеска Ренова во Струмица ќе ја предводи дел од раководството на клубот.

Чудно, но вистинито, бидејќи оставката на Беќири стаса во незгоден момент – еден ден пред дуелот со лидерот Академија Пандев.

Струмичани се први на табелата со 15 бодови, а Ренова е претпоследна само со четири. Гостите се без тренер, што е одлична шанса за Академците на Пандев да останат на врвот на табелата и да ја прекинат серијата од три меча без победа против Ренова.

Во истиот термин, денеска од 15.30 часот, ќе играат и Вардар против Силекс, Шкендија со Победа, Македонија Ѓ.П. и Работнички, а Беласица ќе  му биде домаќин на Шкупи.

 

 

Пеналите стануваат кошмар за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е елиминиран во третото коло од Лига купот на Англија откако на „Олд Трафорд“, дури по изведувањето на пеналите, загуби од Дерби каунти. Домаќинот беше голем фаворит против екипата која е од понизок ранг, но сепак на теренот Дерби покажа дека не се плаши од името на Манчестер.

Јунајтед имаше предност од 1-0, но гостите направија целосен пресврт и поведоа со 2-1. Во 95-тата минута Фелаини погоди за 2-2 и го одведе мечот на пенали. Иако и тука Манчестер треба да е фаворит поради многу поискусните играчи кои ги има во своите редови, на крајот Дерби се радуваше.

Осмата серија беше решавачка. Фил Џонс шутираше, а голманот на Дерби одбрани, што беше знак за големо славење на гостите.  Поразот на Манчестер на пенали можеби е изненадувачки, но статистиката вели дека тој бил очекуван. Во последните пет пенал-рулети, „црвените ѓаволи“ секогаш губеле и биле елиминирани. Така беше и синоќа.