21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025
Дома Blog Страница 9610

Лопетеги има шампионски старт со Реал Мадрид

Во последните 10 години, Реал Мадрид освои само две титули во шпанската Примера дивисион. Тоа се случи во сезоните 2011/12 и 2016/17, кога на клупата седеа Жозе Мурињо и Зинедин Зидан. Во двата случаи Мадриѓаните стартуваа со по 13 бодови во првите пет средби. На крајот, Реал со Мурињо беше првак со 100 бодови, а со Зизу станаа шампиони со 93 освоени бодови.

И сезонава Реал, сo Хулен Лопетеги, започнува како во тие шампионски сезони. „Кралевите“ имаат 13 бодови во петте одиграни дуели досега и се на делба на првото место на табелата заедно со Барселона. Каталонците се први само благодарение на подобрата гол-разлика.

Откако во 1995 година беше воведено за победа да се даваат три бодови, Реал уште три пати имал 13 бодови од пет кола. Во 2007/08 стана првак со Бернд Шустер, со Карло Анчелоти во 2013/14 заврши на третото место, а во 2015/16 со Рафаел Бенитес дојде до второто место на крајот.

 

Со вакви резултати, Гатузо може да добие „шут-карта“ од Милан

Нова сезона, но повторно исто разочарување на Милан. Некогашниот европски првак има само една победа по четири меча во Серија А, што е доволно само за 13-тата позиција во италијанското првенство. На последниот меч против Аталанта, Милан на два пати беше во водство, но на крајот не победи. Имаше предност од 1-0, а потоа водеше и со 2-1, но на крајот прими гол во судиското надополнување и средбата заврши 2-2.

Генералниот менаџер на Милан, Леонардо, најави дека ако продолжат овие резултати, може да дојде и до смена на тренерската позиција, каде што во моментов е Џенаро Гатузо.

„Треба да се вратиме во победничка форма и да почнеме да доминираме. Треба да се научиме да ги победуваме мечевите на кои играме добро и имаме водство. Имаме долгорочен проект, а тренерот е дел од него. Сепак, не може премногу долго да чекаме. Во следните мечеви ќе треба играта и резултатите да бидат многу подобри“, рече Леонардо.

Милан во четврток ќе гостува кај Емполи, во меч од следното коло на Серија А.

Барселона има три опции за замена на Луис Суарес

Челниците на Барслеона веќе размислуваат кој е играчот кој би требало да го наследи Луис Суарес. Уругвајскиот голгетер во јануари ќе наполни 32 години, што е аларм дека може да се бара негова замена. Каталонскиот гигант има три имиња кои би биле поволни за во нападот на Барселона.

Хари Кејн од Тотенхем, Роберто Фирмино од Ливерпул и капитенот на Интер, Мауро Икарди се потенцијалните имиња кои би можеле да го облечат дресот на каталонскиот гигант. Суарес е во Барселона од 2014 година, кога дојде од екипата на Ливерпул.

Пу, пу, не важи: Стојковиќ нема да се откаже од Србија

Голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ, се кае за изјавата која ја даде веднаш по вчерашното дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, кога кажа дека ќе се откаже од српското државјанство и од пасошот. Стојковиќ беше лут што судијата го призна голот на Црвена ѕвезда, иако според многумина спорно е дали топката ја помина гол-линијата или Стојковиќ успеа на време да одбрани.

Од управата на Партизан објаснуваат дека изјавата на Стојковиќ дека ќе се откаже од Србија е дадена во афект и дека играчот се кае за тоа, но дека бил многу вознемирен поради судиската неправда која била направена кон „црно-белите“.

Спорниот гол ѝ донесе бод на Црвена ѕвезда, која остана лидер во првенството, но првпат не успеа да ги освои сите три бода. Партизан е на делба на второто место, но со два бода помалку и еден меч повеќе од Ѕвезда.

Брага – Спортинг, мерак да се игра на голови во вториот дел

Дербито за ова коло во португалското првенство е оставено за крај. Вечерва, Брага е домаќин на Спортинг, во дуел на две екипи коишто имаат одличен старт во шампионатот. Со по 10 бодови се на делба на третото и четвртото  место, а победникот од вечерашната средба може да се најде и на лидерската позиција.

Вакви израмнети дуели секогаш се  предизвик за оние кои се обложуваат, но и диема која игра да се одбере. Ако ја погледнете статистиката и последните шест меѓусебни средби, не може, а да не се забележи дека многу повеќе погодоци се постигнуваат во второто полувреме. На последните шест меча, само пет пати се треселе мрежите во првото полувреме, а дури 15 пати во вториот дел. Ако продолжи оваа традиција, овој меч на кој коефициентите за победа се речиси израмнети, најдобро е да се одигра на погодоци, и тоа дека повеќе голови ќе има во вториот дел.

Во редовите на гостинскиот тим, во дефанзивната линија ќе биде македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој главна задача ќе има да ги сопре домашните налети. Брага ако успее да ја искористи добрата форма и домашниот терен, не би требало да си дозволи да загуби, а фактот дека нападот е подобра страна на двата тима, тогаш може да се игра и на комбиниран тип.

Во понудата „Квоти на денот“ во SPORT LIFE, за овој натпревар примамливо е да се одигра 1Х&ГГ, за што коефициентот е дури 2.60.

 

Ќе има Златна топка и за фудбалерките

Францускиот спортски магазин „Франс фудбал“ воведува две нови награди на овогодишното издание на Златната топка. Од оваа година и најдобрата фудбалерка ќе добие Златна топка, а ќе има и Копа трофеј, кој ќе се додели на најдобриот фудбалер помлад од 21 година.

За наградата за најдобар млад играч ќе гласаат 33 освојувачи на Златната топка, меѓу кои се и рекордерите во сениорска конкуренција, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. За наградата во женска конкуренција ќе гласаат фудбалски новинари кои се експерти во женскиот фудбал.

На овој начин се рашири „семејството“ на престижни награди на францускиот магазин, чие доделување на оваа награда датира од 1956 година и со тек на времето се наметна како најпосакувана награда која може да ја добие една личност. Добитниците на овие награди ќе се дознаат на трети декември годинава.

Меси му се налути на судијата, одби спортски поздрав

Мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси, вчера одби да му подаде рака на главниот арбитер Хил Мансано по мечот против Жирона, во кој Каталонците ремизираа со 2-2. Аргентинецот беше незадовлен од начинот на којшто судијата ја делеше правдата на мечот, особено за црвениот картон кој му го додели на Ленгле во првото полувреме.

Мансано со помош на технологијата ВАР одлучи дека Ленгле намерно го удрил противничкиот играч со лакотот, по што беше спречена шанса за гол на гостите, па судијата директно го исклучи францускиот дефанзивец од мечот.

Во текот на второто полувреме, Меси се бунеше и на одлуките на Мансано да не досуди фаул во корист на Каталонците во неколку наврати, непосредно пред шестнаесетникот на Жирона.

Фрустрацијата на Меси не е случајна, од шпанскиот спортски медиум „Мундо депортиво“ велат дека Мансано во минатото неколку пати намерно судел против Барса, а на мечевите на Реал Мадрид каде што ја делел правдата немал ист критериум за судење.

Перес: Реал никогаш не би играл лигашки меч во САД

Реал Мадрид застана на страната на Шпанската фудбалска федерација во спорот со Ла Лига околу тоа дали треба официјални мечеви од Примера да се играат во САД. Од Лигата дозволуваат, а Федерацијата се спротивставува.

Според најавите, во јануари, во Мајами, Жирона треба да биде домаќин на Барселона.

Имаше шпекулации дека на територијата на САД може да има и официјално Класико помеѓу Реал и Барса, но тоа засега е неизводливо.

„Нема да играме во САД. Не знам чии интереси се бранат со таква одлука. Сигурно дека не е во интерес на клубовите и на навивачите. Цврсто стојам зад ставот дека никогаш нема да прифатиме такво нешто“, рече првиот човек на Реал, Флорентино Перес, за време на Собранието на клубот, каде што имаше помалку од 1.000 делегати.

Ретко дава голови, ама за месец и пол, трипати стана татко

Напаѓачот на Стоук, Саидо Берахино, за 913 дена како член на англискиот тим постогна само два гола, а во периодот од 30-ти мај до 17-ти јули годинава дури трипати стана татко, и тоа со три различни жени. Берахино е од Бурунди и има 25 години.

Поранешната свршеница на Берахино, Стефани Кристофору, која има 27 години, го роди момчето Коста, а на 17-ти јули бившата девојка Челзи Лавлејс го роди девојчето Анија Мари. На двете деца како татко им е заведен фудбалерот на Стоук.

Но, се појави уште една жена која тврди дека детето кое го родила на 15-ти јули е направено од Берахино и бара тој да го признае и тоа дете. Името на оваа жена, од правни причини, засега се чува во тајност.

Берахино е најплатениот играч на Стоук со неделна плата од 70.000 фунти. Со Стефани се разделија откако тој се обиде дома да ја донесе Челзи. На почетокот на оваа година, една 39-годишна мајка на три деца рече дека патувала 160 километри само за да помине ноќ со фудбалерот од Бурунди, но се скарале откако Берахино се налутил кога оваа жена се шегувала со него на сметка на малиот број постигнати голови.

Берахино во неделата против Блекбурн даде гол, но утна пенал во 90-тата минута и пропушти прилика на својот тим да му донесе бод.

Истанбул ќе „гори“, Фенербахче го пречекува Бешикташ

Фенербахче по дебаклот од Динамо Загреб со 4-1 во Лигата на Европа, во лоша форма го пречекува лутиот градски ривал Бешикташ. На тренерот Филип Коку „му гори под нозе“, па нема да биде чудо ако вечерва добие отказ доколку Бешикташ забележи триумф, односно Фенер загуби пред своите навивачи.

Во последното коло од турската Прва лига, „фенерите“ забележаа победа благодарение на нашиот македонски репрезентативец Елиф Елмас, но Коку ќе прави ротации во составот во пресрет на вечерниот меч, па Елмас шанса ќе чека од клупа. „Жолто-црните“ примаат барем по еден гол речиси на секој меч кој досега го одираа во првенството, само против Коњаспор минатиот викенд ја сочуваа мрежата. Со оглед дека е дерби, а и фактот дека Бешикташ нема намера да се брани, се очекува да се види барем еден погодок во мрежата на Харук Текин.

Бешикташ по оној изненадувачки пораз од Aнталијаспор на домашен терен од 3-2, брзо закрепна и нареди три победи и едно реми во сите натпреварувања. Избраниците на Шенол Гунеш се „мерак“ за обложувачите кои сакаат голови, даваат најмалку два гола на секоја победа. Мал проблем ќе биде отсуството на Гери Медел, па Бешикташ ќе биде ослабен во последната линија, што ги прави ранливи.

Во меѓусебните пресметки, историски гледано, Фенербахче има 131 победа против Бешикташ, додека денешните гости бројат вкупно 124, а 90 меча завршиле без победник. Едно е јасно, се очекува тешка пресметка, разгорена борба и голови.

За „кец“ на Фенербахче квотата е 2.60 во нашите обложувалници, „двојката“ на Бешиктаиш е 2.70, додека за евентуално реми е 3.35. „Спортлајф“ овој меч го нуди и како „Квота на денот“, а за тимот ГГ3+ квотата е 2.15.