15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025
Дома Blog Страница 9609

ФИФА го почести, па го заборави Салах

Мохамед Салах најпрво доби подарок од ФИФА со наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во минатата сезона, а потоа на мистериозен начин не беше вклучен во идеалниот тим на сезоната.

ФИФА направи голем пропуст со еден од тројцата главни кандидати за наградата најдобар играч за 2017/18. Салах според бројот на гласовите, беше трет, зад победникот Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, а воопшто не се најде во идеалниот тим.

Претходно, според многумина, египетскиот репрезентативец незаслужено ја доби наградата за најубав гол во сезоната, иако ножичките на Кристијано Роналдо на дуелот со Јувентус беа вистинска атракција и изгледаа многу подобро од погодокот на Салах за Ливерпул против Евертон, за кој ја доби наградата „Ференц Пушкаш“.

Сличен пропуст се случи и на голманската позиција. Тибо Куртуа беше избран за најдобар голман, а во најдобриот тим на ланската сезона „единицата“ му припаѓа на Давид де Хеа.

Лука кратко и јасно кажа на кого ја посветува наградата

Лука Модриќ дефинитивно е играчот кој ја одбележа минатата сезона. Капитенот на хрватската репрезентација ги обедини индивидуалните титули кои ги доделуваат УЕФА и ФИФА на најдобриот фудбалер во изминатиот период. Од синоќа, Златната топка е во неговите раце.

Играчот за врска имаше одлична сезона како на клупски така и на репрезентативен план. Со Реал Мадрид стана европски и светски првак, а малку недостасуваше да биде на планетарниот трон и со репрезентацијата на Хрватска. На Мундијалот во Русија, „коцкестите“ стигнаа до финалето, каде што немаа сили и беа поразени од Франција со 4-2. Сепак, со своите игри Модриќ беше прогласен за најдобар играч на турнирот и најави дека ова е период во кој тој ќе доминира во сите избори.

Подоцна Лука беше избран и за најдобар фудбалер од УЕФА, а од синоќа е број еден и според ФИФА. По добивањето на наградата, Хрватот одржа говор и им се заблагодари на сите кои му помогнале да успее. Сепак, највпечатлива беше пораката која тој ја испрати преку својот профил на „Инстаграм“.

На фотографијата Модриќ ги држи наградит за најдобар играч од средниот ред и најдобар фудбалер во светот, а под неа напиша: „Посветено на сите оние кои го сакаат фудбалот“. Оваа порака на Модриќ досега достигна повеќе од еден милион лајкови.

 

Кариус, Бонучи, Санчес… ги предводат големите фудбалски промашувања

Лука Модриќ е најдобриот играч за сезоната 2017/18 во изборот на ФИФА, а паралелно со идеалниот тим на ланската сезона, доаѓа и составот од 11 играчи што се прогласени за фудбалски промашувања.

Во изборот на реномираната „Марка“, на голот е Кариус, кој имаше две катастрофални реакции во финалето на ЛШ и беше директен виновник за поразот на Ливерпул од Реал Мадрид.

Во составот се и Бонучи, кој потфрли во дресот на Милан, потоа и Санчес, играч кој не ги исполни очекувањата во Манчестер јунајтед.

Во формација 3-4-1-2 еве го идеалниот состав на играчите што според „Марка“, најмногу разочараа во ланската сезона:

Кариус – Линделеф, Бонучи, Хеведес – Гансо, Бакајоко, Снајдер, Озил – Санчес – Ихеаначо и Вјето.

Како гласаа Меси, Роналдо и останатите ѕвезди?

Лука Модриќ ја прекина речиси еднодецениската доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во прогласувањето за најдобар фудбалер во светот. Откако Хрватот неодамна ја доби Златната топка на УЕФА, синоќа беше прогласен и за најдобар фудбалер во светот. Лука доби 313 поени, додека на второто место е Роналдо со 223 отсто од гласовите. Трет заврши Мохамед Салах со 134 поени.

Во гласањето за најдобар свој удел имаа и сите селектори и капитени на сите репрезентации. Тоа значи дека како капитени на Аргентина и на Португалија учествуваа и Меси и Роналдо. Тие имаа право да одберат тројца фудбалери и да поделат по 5,3 и 1 поен.

Меси успеа да го погоди победникот, па на Модриќ му даде најмногу поени. Три поени од Меси завршија за Килијан Мбапе, додека на Роналдо му даде еден бод. Знаејќи дека ќе му биде најголем ривал во трката за најдобар фудбалер во светот, Роналдо реши да не му даде пет поени на Модриќ. Од Португалецот пет поени доби Рафаел Варан, додека за Модриќ беа резервирани три поени. Еден бод доби и Антоан Гриезман.

Еве како гласаа останатите ѕвезди кои имаа право да го дадат своето мислење.

Един Џеко – Лука Модриќ 5, Мохамед Салах 3, Кристијано Роналдо 1.

Еден Азар – Модриќ 5, Варан 3, Мбапе 1.

Радамел Фалкао – Модриќ 5, Роналдо 3, Мбапе 1.

Антонио Валенсија – Меси 5, Роналдо 3, Модриќ 1.

Горан Пандев – Модриќ 5, Гриезман 3, Роналдо 1.

Роберт Левандовски – Модриќ 5, Варан 3, Мбапе 1.

Серхио Рамос – Модриќ 5, Роналдо 3, Меси 1.

Александар Коларов – Меси 5, Де Бројне 3, Модриќ 1.

Мануел Нојер – Азар 5, Модриќ 3, Варан 1.

 

Нема одмор, нови мечеви во Шпанија, Италија, Германија и Франција

Иако викендот само што го испративме, започнуваат нови возбудувања во четири од петте најсилни лиги во Европа. Првенствени мечеви денеска ќе се играат во Шпанија, Италија, Германија и Франција, а единствено во Англија е период за куп-мечеви.

Во Серија А вечерва се игра само еден натпревар, но тој привлекува посебно внимание. Интер ја пречекува Фиорентина. „Нераѕурите“ имаат 7, а гостите се со 10 бода досега. Во Шпанија ќе има три дуели. Атлетико Мадрид очекува да влезе во победничка низа. „Јорганџиите“ се домаќини на Уеска, Сосиедад игра против Рајо Валјекано, а Еспањол е домаќин на Еибар.

Со натпреварите Монако – Анже и Нант – Ница почнуваат новите возбудувања во Франција, каде што вечер играат и Тулуз – Сент Етјен. Најмногу средби ќе има во германската Бундеслига. Шампионот Баерн Минхен во дуелот против локалниот ривал Аугсбург треба да освои нови три бода. Вечерва играат и Вердер Бремен – Херта, Фрајбург – Шалке и Хановер – Хофенхајм.

Најдобрите екипи во Англија своите натпревари ги започнуваат во Лига купот. Вечерва се играат дури 10 средби, а најпривлечни се тие каде што играат гигантите од Манчестер. Јунајтед е домаќин на Дерби, додека „граѓаните“ за ривали го имаат Оксфорд јунајтед.

За ова вреди да се игра фудбал – Херојот Ти ја доби наградата за фер плеј на ФИФА

Германскиот напаѓач Ленарт Ти е добитник на наградата за фер плеј на Гала-вечерта на ФИФА што се одржа вечерва во Лондон.

Ти допре до срцата на милиони фудбалски фанови со прекрасниот гест како член на холандскиот прволигаш Венло. На дуелот со ПСВ во Ајндховен, Ти за време на мечот беше во болница и даруваше крв за заболени од леукемија.

Прекрасниот гест го препознаа во ПСВ Ајндховен и го прогласија Ти за играч на мечот, иако не настапи на теренот. Приказната доби пошироки димензии, а играчот на Вердер Бремен, тогаш на позајмица во Венло, ги собра симпатиите на фудбалските фанови ширум планетата.

Моментно Ти настапува во Турција, во Ерзурум, а вечерва беше една од главните ѕвезди на Гала-фудбалската претстава во организација на ФИФА, заслужено со наградата за фер плеј-потег на сезоната.

Модриќ е фудбалски крал за сезоната 2017/18

Лука Модриќ е добитник на престижното признание на ФИФА, фудбалер на сезоната, и тој ќе ја има круната до следниот избор.

Хрватскиот репрезентативец заслужено е број 1 во светот на фудбалот, по освојувањето на новата европска круна со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и со среброто на Мундијалот во Русија, што го освои со репрезентацијата на Хрватска.

Во конкуренција беа и Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

Најдобар тренер е селекторот на Франција, Дидие Дешамп, најгол е тој на Салах против Евертон, а избран е и тимот на сезоната.

 

Елмас го размрда Фенербахче, реми во големото дерби со Бешикташ

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас донесе свежина во редовите на Фенербахче и по неговото влегување на теренот во 56-тата минута, домаќините повторно заиграа подобро и со голот на Андре Ају израмнија на 1-1.

Елмас го замени Топал, а Коку нареди нова офанзива, по водството на Бешикташ со прекрасниот гол на Рајан Бабел. Елмас одигра многу солидно и по 15 минути откако го замени Топал, Фенербахче израмни и освои бод.

Првиот дел му припадна на Фенер, домаќините имаа многу шанси за погодок, а утките ги казни Бабел. Холанѓанецот во 40-тата минута со одличен гол од далечина ја затресе мрежата на Текин.

Ају израмни по асистенцијата на Калдирим за мирољубив исход на големото турско дерби.

Оштетен ли е Роналдо, Салах ја доби наградата за најубав гол (Видео)

Многу реакции предизвика одлуката на ФИФА да му ја додели наградата „Ференц Пушкаш“ на Мохамед Салах за најубав гол на сезоната.

Бурни се реакциите на фудбалските фанови на социјалните мрежи веднаш по изборот на Гала-фудбалската вечер во Лондон.

Салах постигна мајсторски гол, но дали тој погодок беше поубав од ремек-делото со ножички на Роналдо на дуелот меѓу Реал Мадрид и Јувентус?

Франција на фудбалски стадион ја чека Хрватска во финалето на Дејвис купот

Фудбалскиот стадион „Пјер Маро“ ќе им биде домаќин на најдобрите тенисери на Франција и на Хрватска во финалето на Дејвис купот.

Завршниот меч за титулата ќе се игра од 23-ти до 25-ти ноември, а капацитетот на „Пјер Маро“, кој е мултифункционален објект, е малку под 27 илјади места.

Французите како домаќини одбраа да играат на земјена подлога, што не е изненадување, со оглед дека ја имаат организацијата на престижниот „Ролан Гарос“ на истата подлога.