15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025
Дома Blog Страница 9615

Игуаин јунак на Милан, Мојсов трагичар на АЕК Ларнака (Видео)

Гонзало Игуаин му донесе минимална победа на Милан на гостувањето кај луксембуршкиот Дуделанж, кој првпат игра во групната фаза од Лигата на Европа. Ова беше 11-ти гол за Аргентинецот во Лигата на Европа, а трети на последните пет меча.

Погледнете дали Пипита имаше среќа при постигнувањето на голот:

Од македонските интернационалци, резултатски најлошо мина Елиф Елмас, кој играше 90 минути за Фенербахче, но турскиот тим загуби со 1-4 на гостувањето кај Динамо на „Максимир“.

Даниел Мојсов играше со рака во својот шеснаесетник, па судијата мораше да досуди пенал, кој екипата на Цирих го претвори во гол. АЕК токму со тој примен гол го загуби мечот со 0-1, а по 90 минути за кипарскиот тим играа Мојсов и Иван Тричковски.

Позитивни сеќавања од оваа вечер ќе има Стефан Ристовски, чиј Спортинг рутински славеше со 2-0.

Баер Леверкузен е вториот германски тим кој направи пресврт вечерва и по заостанувањето на полувремето, на крајот славеше. Жртва на „фармацевтите“ беше Лудогорец. Победнички голови во финишот постигнаа Селтик и Ред Бул Салцбург. Австријците водеа со 2-0, па му дозволија на Лајпциг да изедначи, но крајот, сепак, Австријците освоија три бода.

Победничкиот гол на „црвените бикови“ од Салцбург:

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА А: АЕК Ларнака – Цирих 0-1, Лудогорец – Баер Леверкузен 2-3.

ГРУПА Б: Лајпциг – Салцбург 2-3, Селтик – Розенборг 1-0.

ГРУПА Ц: Копенхаген – Зенит 1-1, Славија Прага – Бордо 1-0.

ГРУПА Д: Динамо Загреб – Фенербахче 4-1, Спартак Трнава – Андерлехт 1-0.

ГРУПА Е: Спортинг – Карабах 2-0, Арсенал – Ворскла 4-2.

ГРУПА Ф: Дуделанж – Милан 0-1, Олимпијакос – Бетис 0-0.

ГРУПА Г: Рапид Виена – Спартак Москва 2-0, Вилјареал – Ренџерс 2-2.

ГРУПА Х: Лацио – Аполон 2-1, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1-2.

ГРУПА И: Бешикташ – Сарпсборг 3-1, Генк – Малме 2-0.

ГРУПА Ј: Акхисар – Краснодар 0-1, Севилја – Стандард Лиеж 2-1.

ГРУПА К: Динамо Киев – Астана 2-2, Рен – Јаблонец 2-1.

ГРУПА Л: МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0-2, ПАОК – Челзи 0-1.

Будуќност и Партизан полуфиналисти на Суперкупот на АБА

Првакот на АБА-лигата, Будуќност, со потешкотии ја совлада Игокеа со 90:86 во второто четврт-финале на Суперкупот на јадранската лига во Бар. Попладнево, Партизан славеше против домашниот Морнар со 91:77.

Игокеа беше подобра од евролигашот во првото полувреме, но квалитетот на тимот на тренерот Александар Џикиќ дојде до израз во второто полувреме, иако се гледаше дека Будуќност е далеку од потребната натпреварувачка форма.

Партизан приреди мало изненадување со прилично убедливата победа над Морнар, кој во минатата сезона беше најпријатно изненадување во лигата кога стигна до полуфиналето на плејофот. Еден од судиите на оваа средба беше Александар Давидов.

Утре во салата „Тополица“ се играат другите две четврт-финалиња. Двојките се Цедевита – Задар и Црвена ѕвезда – Петрол Олимпија.

„Луди“ голови на Лудогорец, пеколна контра на Арсенал (Видео)

Првото полувреме на натпреварите од Лигата на Европа кои се играат од 21 часот најавуваат интересна завршница, бидејќи само на два меча тимовите имаат два гола предност. Динамо, без повредениот Адеми, засега е подобар од Фенербахче на Елиф Елмас. Од Македонците, играат и Стефан Ристовски (Спортинг), Иван Тричковски и Даниел Мојсов (АЕК Ларнака)

Еве како Обамејанг ја заврши акцијата за водство на Арсенал:

https://www.youtube.com/watch?v=vHwBGDCQLFU

Двата гола на Лудогорец:

 

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, ПРВО ПОЛУВРЕМЕ:

ГРУПА А: АЕК Ларнака – Цирих 0-0, Лудогорец – Баер Леверкузен 2-1.

ГРУПА Б: Лајпциг – Салцбург 0-2, Селтик – Розенборг 0-0.

ГРУПА Ц: Копенхаген – Зенит 0-1, Славија Прага – Бордо 1-0.

ГРУПА Д: Динамо Загреб – Фенербахче 2-0, Спартак Трнава – Андерлехт 0-0.

ГРУПА Е: Спортинг – Карабах 0-0, Арсенал – Ворскла 1-0.

ГРУПА Ф: Дуделанж – Милан 0-0, Олимпијакос – Бетис 0-0.

Веќе четири скршеници сезонава за играчи на Севилја

Ибрахим Амаду мораше да го напушти теренот во 12-тата минута на средбата Севилја – Стандард Лиеж поради изместен лакот, а можеби снимките ќе покажат дека има и скршеница. Тој беше изнесен од терен на носила. Андалузијците немаа проблем со белгискиот тим и убедливо победија, но навистина немаат среќа со повредите.

Малерот почна кон крајот на август, кога Серхио Ескудеро се здоби со дислокација на лакотот на дуелот со Вилјареал. Ескудеро нема да игра неколку недели.

Нешто слично му се случи на Габриел Меркадо во градското дерби со Бетис. Аргентинецот при еден пад, скрши коска во десното рамо. Меркадо веќе тренира, но не се знае кога ќе може да игра.

Максим Гоналон на тренингот на шести септември ја повреди ногата и нема да игра еден месец. Сега со Амаду има само проблем плус за лекарскиот и стручниот штаб на Севилја.

Пресврт во Марсеј, голеади во Шпанија

Вилјареал и Глазгов ренџерс го одиграа најинтересниот меч во сердбите од 18.55 часот во Лигата  на Европа. Гостите од Шкотска двапати изедначуваа по водствата на домашните.

Најмногу голови паднаа во Севилја, каде што настрада Стандард Лиеж. Најголем кикс направи Олимпик Марсеј, кој водеше 1-0 по првото полувреме, а при 1-1, имаше играч повеќе, но Ајнтрахт го искористи играњето без публика и направи пресврт. Јунак на Ајнтрахт беше Лука Јовиќ со голот во 89 минута.

Бешикташ се разбуди во второто полувреме и даде три гола против норвешки Сарпсборг. Нашиот Бобан Николов од МОЛ Види, беше повлечен од игра во 78 минута, при 0-1. По неговото излегување, унгарскиот тим прими уште еден гол.

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА Г: Рапид Виена – Спартак Москва 2-0, Вилјареал – Ренџерс 2-2.

ГРУПА Х: Лацио – Аполон 2-1, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1-2.

ГРУПА И: Бешикташ – Сарпсборг 3-1, Генк – Малме 2-0.

ГРУПА Ј: Акхисар – Краснодар 0-1, Севилја – Стандард Лиеж 2-1.

ГРУПА К: Динамо Киев – Астана 2-2, Рен – Јаблонец 2-1.

ГРУПА Л: МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0-2, ПАОК – Челзи 0-1.

 

Јуве очекува Роналдо да добие минимална суспензија

На една недела од денот кога треба да се донесе пресудата околу тоа колку меча забрана за настап во Лигата на шампиони ќе добие Кристијано Роналдо, италијанските медиуми тврдат дека казната ќе биде само еден меч, иако Португалецот доби директен црвен картон.

Во Јувентус сметаат дека реално е Роналдо да не може да игра само на наредниот дуел, со Јанг бојс дома, а ако нема непријатно изненадување, првата ѕвезда на тимот ќе може да настапи на гостувањето кај Манчестер јунајтед во третото коло.

Клубот од Торино се повикува на членот 50 од правилата на ЛШ, кој пропишува задолжителна суспензија од еден меч за добиен црвен картон, а суспензијата може да ја зголеми Дисциплинската комисја на УЕФА. Но, за потегот на Роналдо (наводно кубење на противнички играч), веројатно нема да следува дополнителна казна, па Португалецот ќе може да гостува на „Олд Трафорд“ на 23-ти октомври.

Првото полувреме од Лигата на Европа најавува суперсезона (Видео)

Во првите 45 минути на стадионите на коишто се играат натпревари од Лигата на Европа од првиот денешен термин, не паднаа премногу голови, но неколку беа навистина убави.

Бобан Николов е во почетниот состав на унгарски МОЛ Види, но тимот на македонскиот репрезентативец губи со 0-1 од БАТЕ Борисов.

Вилијан ги замолкна навивачите на ПАОК во Солун. Грците повторно го имаат оној транспарент со провокативна содржина кон Македонија.

Серијата голови стартуваше уште во првата минута, со мајсторијата на Карлос Бака:

https://www.youtube.com/watch?v=ErchR8VG6VA

Евер Банега од Севилја погоди од слободен удар за 1-0. Ова е голот:

https://twitter.com/i/status/1042827406195781635

Погледнете каков гол даде Сар од француски Рен:

 

Резултати по првото полувреме: Акхисар – Краснодар 0-1, Бешикташ – Сарпсборг 0-0, Динамо Киев – Астана 2-1, Генк – Малме 1-0, Лацио – Аполон 1-0, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1-0, МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0-1, ПАОК – Челзи 0-1, Рапид Виена – Спартак Москва 0-0, Рен – Јаблонец 1-0, Севилја – Стандард Лиеж 2-1, Вилјареал – Ренџерс 1-0.

Експилотите поддржуваат женска Формула 1

Поранешните пилоти на Формула 1, Дејвид Култхард и Тимо Глок, ја поддржуваат идејата за формирање во иднина на шампионат на Ф1 во женска конкуренција.

„Мислам дека треба да има Формула 1 за жени. Како што во тенисот, фудбалот и во многу други спортови има натпревари во женска конкуренција, може да има и во Ф1. Идејата е добра“, смета Шкотланѓанецот Култхард.

И поранешниот клупски колега на Култхард, Глок, смета дека и во тркачките мотоспортови, меѓу кои е и Формула 1, треба да има првенство за жени.

„Според мене, единственото прашање е дали треба да има паралелна Формула 1 за жени или тркачки натпревари како германскиот Туринг кар шампионат за жени. Дали ќе биде како во фудбалот, каде што има машки и женски фудбал, не знам дали има доволно жени кои сакаат да се осмелат да се тркаат во Формула 1“, вели Глок.

Лела Ломбарди во далечната 1976 година беше последната жена која настапи на официјална трка во Ф1.

Работнички и Вардар ќе бидат „цимери“ во СРЦ „Кале“

Двата кошаркарски прволигаши кои се од територијата на скопската општина Центар, Работнички и Вардар, во претстојната сезона своите натпревари како домаќини, најверојатно, ќе ги играат во големата сала на СРЦ „Кале“.

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, нема да може да игра во дотраениот „Градски парк“, кој повеќе од четири децении е храм на кошарката. Клубот има две опции, или да се пресели на Кале, или своите мечеви како домаќин да ги игра во „Борис Трајковски“, што е многу поскапа варијанта.

За Вардар нема дилеми, од малата, се сели во големата сала во „Кале“. Проблемот со малата сала е што централната трибина е многу блиску до теренот.

Големата сала во СРЦ „Кале“ во минатото беше место каде што се играа и мечевите на репрезентацијата, бидејќи во тоа време (пред 20 години) таа беше најголема сала во Скопје, а се играа и прволигашки мечеви (неколку клуба привремено и постојано играа таму како домаќини), како и завршница од Купот на Македонија.

Но, откако салата под концесија ја доби РК Вардар, опремата за кошарка беше тргната и таму се играа ракометни мечеви.

Летово, МКФ во „Кале“ организираше дел од Европското првенство дивизија Б за играчи до 18 години, и тоа се покажа како добар потег. Ракометарите на Вардар си имаат нова сала и веќе го користат „Кале“, а тоа отвора можност кошарката да се врати на голема врата во овој објект, па не еден, туку два клуба ќе играат како домаќини во таа сала.

Ако не можеш да го победиш, придружи му се

Двајца од најдобрите тенисери во светот, Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ, ќе го претставуваат тимот на Европа на претстонијот  тениски турнир „Лејвер куп“, каде што и двајцата ќе играат еден покрај друг, за првпат во нивната кариера.

Федерер при прес-конференцијата даде интересна изјава околу тоа што мисли за неговото здружување со Новак.

„Ако не можеш да го победиш, тогаш подобро е да му се придружиш. Возбуден сум што ќе играм покрај Новак. Се надевам на успешна соработка и добри партии тенис“, изјави Федерер.

Тимот Европа го претставуваат уште Александр Зверев, Давид Гофан, Григор Димитров и Кајл Едмунд.