30.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025
Дома Blog Страница 9847

Магија на голот на Вардар – три одбрани за 5 секунди (Видео)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев беше еден од најзаслужните што Вардар победи на гости кај европскиот првак Монпелје. Милосављев имаше 15 одбрани, а посебно впечатливи беа трите одбрани во низа, во 24 минута, при резултат 9:9.

https://youtu.be/qPJtEGZkUr8

Вардар има вистинска замена за Арпад Штербик – Милосављев е нов херој

Играчите кои беа главни ѕвезди во тимот на Вардар во претходните неколку сезони, летово си заминаа од „Јане Сандански“. Сепак, блесокот на Вардар не згасна, туку се покажа дека „црвено-црните“ планираат да продолжат со блескавите настапи во ракометната Лига на шампиони.

Во првото коло од групната фаза, Вардар на гости го победи актуелниот европски првак Монпелје со 27:24. Во текот на целиот меч Вардар играше одлично, а еден од најзаслужните за победата е голманот Дејан Милосављев.

Српскиот чувар на мрежата за прв пат во кариерата бранеше во Лигата на шампиони и блесна. На крајот од средбата заврши со 16 одбрани и едноставно ги откажа ракометарите на францускиот тим. Милосављев во првиот дел имаше 9 одбрани, а во второто полувреме ги сопре можеби и најважните удари.

Вардар во изминативе неколку годиниткму на голот го имаа својот херој. Тоа беше Арпад Штербик. Докажаниот чувар на мрежата многу пати беше спасител на тимот. По неговото заминување, беше дилема дали Вардар ќе успее да најде соодветна замена за најдобриот голман во светот. Со одбраните на мечот против Монпелје, Милосављев покажа дека навивачите на Вардар добија нов херој и миленик.

Вардар го победи европскиот првак!

Македонскиот првак Вардар и оваа сезона ќе биде еден од главните клубови во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ тоа го покажаа со победата во првото коло од елитната ракометна лига и тоа на гости кај актуелниот европски првак Монпелје (27:24).

Иако летово од Вардар си заминаа неколку ѕвезди кои беа дел од тимот во изминативе сезони, македонскиот првак покажа дека ја нема загубено силата. Вардар одигра блескаво на теренот на Монпелје. Уште од првата минута избраниците на тренерот Парондо покажаа дека не се плашат од силата на европскиот првак.

Во текот на целото прво полувреме, двете екипи се менуваа во водство, за да во последните секунди Чупиќ со гол од пенал донесе водство на Вардар од 12:11. Нашиот првак започна одлично во второто полувреме и поведе со 14:11. Предноста од три гола „црвено-црните“ ја чуваа се до 40 минута (18:15).

Тогаш следуваа две исклучувања за Вардар и во тие четири минути, Монпелје со серија од 4:0 стигна до првото водство во вториот дел (19:18). Тоа не ги збуни играчите на Вардар, па многу брзо ја вратија предноста 20:19 и до крајот не застанаа. Во 55 минута Вардар поведе со 25:22 и покажа дека победнички ќе си замине од гостувањето кај европскиот првак.

Вуко Борозан со 8 голови беше најефикасен, а одличен беше и Иван Чупиќ со 6 погодоци без ниту едно промашување. Дејан Милосављев блескаше на голот и имаше 16 одбрани.

Европскиот првак од пред две години го победи актуелниот шампион. Вардар уште еднаш ја покажа силата.

Лион и со два играчи повеќе не успеа да го совлада Каен

Лион избегна пораз на гостувањето кај Каен, откако гостите постигнаа изманувачки погодок за 2-2 во финишот на средбата. Капитенот Фекир од слободен удар донесе водство за Лион во 45-тата минута од првото полувреме, а во вториот дел Каен направи комплетен пресврт, иако цели 35 минути играше со фудбалер помалку, меѓутоа не домашните фудбалери не издржаа во последните минути.

Буву го најави пресвртот во 53-тата минута со погодок од пенал, две минути подоцна судијата му додели директен црвен на дефанзивецот Џику. Сепак, со играч помалку на теренот Каен дојде и до втор гол, Ониаге во 73-тата минута погоди за 2-1, додека левиот бек на Лион, Ферланд Менди го спаси својот тим од трет пораз во француското првенство сезонава. Во 95-тата минута од судиското надополнување, главниот арбитар додели нов црвен картон за Каен, но, веќе беше неважно бидејќи не влијаеше врз резулатот.

 

Мејведер најави нов спектакл – Ќе има реприза од „борбата на векот“

Поранешниот светски шампион во супер-лесна и лесна категорија, Флојд Мејведер, преку социјалните мрежи најави нов боксерски спректакл. Непоразениот боксер се подготвува за нова борба против Мани Пакјао, откако последен пат се сретнаа во мај 2015 година, во борбата која беше наречена „меч на векот“.

Четириесет и едногодишниот боксер се враќа од пензија, а последен пат во рингот се појави во август 2017 година, во ревијалниот спектакл против Конор Мекгрегор, кого го победи по 10 рунди и оствари рекорд 50-0.

Засега не е познат точниот датум за борбата против филипинскиот боксер, а најверојатно ќе се случи кон крајот на оваа година.

Вардар на полувреме води на теренот на европскиот првак

Македонскиот ракометен првак Вардар покажува дека и оваа сезона ќе има моќен настап во Лигата на шампионите, откако по првите 30 минути има предност од 12:11 на теренот на актуелниот европски владетел Монпелје. „Црвено-црните“ во ниту еден момент не се уплашија од фактот дека против себе го имаат континенталниот шампион.

Во текот на сите 30 минути, двете екипи се менуваа во водство, а Вардар на крајот благодарение на голот на Чупиќ од пенал стигна до предност од 12:11. Сега остануваат уште 30 минути во кои европскиот првак од пред две сезони треба да покаже дека има сила за нови подвизи и оваа сезона.

Вуко Борозан со 4 погодоци е најдобар стрелец во редовите на Вардар. Скубе и Чупиќ дадоа по три погодоци, а одличен на голот е чуварот на мрежата Милосављев кој има 9 интервенции.

 

Суарез и Дембеле за три минути донесоа пресврт за Барселона

Барселона направи комплетен пресврт на гостувањето на „Аноета“ против Реал Сосиедад, откако во првиот дел се најдоа во негатива од 1-0. Головите на Луиз Суарез и Усман Дембеле во 63-тата, односно 66-тата минута ги спасија „каталонците“ и со цел плен си заминаа од тешкото гостување.

Барселона по четири натпревари во шпанскиот шампионат има исто толку победи, додека за Сосиедад ова е втор пораз во почетните кола во првенството.

Алиоски и Лидс избегнаа прв пораз сезонава

Лидс избегна пораз во 7. коло во англиската втора лига, откако во последните минути од мечот, фудбалерите на Марсело Бјелса стигнаа до израмнувачки погодок за 1-1. Домаќините кон почетокот на вториот дел од мечот реализираа за 1-0 преку Валас, а во 90-тата минута Харисон погоди за конечни 1-1, и го спаси својот тим од прв пораз сезонава.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски, ги одигра сите 90 минути. Лидс со ова реми се искачи на чело на табелата и се едниствениот тим без пораз, со 15 бода по седум натпревари.

Хет-трик за Азар, пет од пет за Челзи

Челзи го следи Ливерпул во чекор, ја забележа и петтата победа по пет меча во Премиер лигата, со триумфот над Кардиф од 4-1. Кардиф ја изненади публиката на „Стемфорд бриџ“ со погодок на Бамба во 16-тата минута, а „сините“ кон крајот на првиот дел го свртеа резулатот во своја корист. Азар прво погоди во 37-та минута, потоа и во 44-тата минута. Во вториот дел мрежите мируваа до 80-тата минута, кога Белгиецот реализираше хет-трик со гол од пенал, а само три минути подоцна Вилијан ги постави конелните 4-1.

Челзи по пет меча е на чело на табелата во англискиот шампионат, со пет победи исто колку и Ливерпул, но „сините“ имаат подобра гол разлика со денешната победа.

Манчестер сити рутинирано славеше против Фулам со 3-0, со головите на Сане, Силва и Стерлинг. Арсенал му нанесе нов пораз на Њукасл, славејќи гостинска победа од 1-2. Голеада имаше на мечот Бурнемаут – Лестер, кој заврши со резултат од 4-2 во корист на „црешите“. Кристал палас славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Хадерсфилд.

РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕР ЛИГА 5. КОЛО:

Челзи – Кардиф 4-1

Бурнемаут – Лестер 4-2

Хадерсфилд – Кристал Палас 0-1

Манчестер сити – Фулам 3-0

Њукасл – Арсенал 1-2

Кит Го и Тиквеш одиграа без победник, Пелистер загуби дома

Пелистер и понатаму е без победа во Втората лига, откако денеска на свој терен загуби од Струга Трим Лум со 1:2, во 4. коло на Западниот регион. Арбен Тафе погоди за водство на гостите од Струга во 33 минута, а Пелистер со гол од пенал во 83 минута преку Благоја Наумовски успеа да израмни. Сепак, гостите од Струга беа решени да си заминат со трите бода и само две минути подоцна со погодокот на Самет Шеји стигнаа до предност од 2:1, што се покажа и како конечен резултат.

На Истокот, во дербито на колото, Кит Го и Тиквеш одиграа 1:1. На мечот одигран во Пехчево, гостите први се израдуваа. Иван Ивановски погоди во 47 минута за водство од 1:0, но Мартин Стојанов со погодокот во 65 минута донесе реми и не дозволи пораз на Кит Го на свој терен.

Втора лига, Исток: Кит Го – Тиквеш 1:1, Плачковица – Саса 1:1, Кожуф – Партизан Обрешани 2:0, Вардар Неготино – Детонит Јуниор 3:2, Брегалница – Борец играат во 19 часот.

Втора лига, Запад: Пелистер – Струга ТЛ 1:2, Велазерими – Тетекс 2:0, Гостивар – Гоблен Јуниор2:3, Кораб – Скопје 1:0. Утре играат: Лабуништа – Генч Калемлер.