9.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025
Дома Blog Страница 9946

Кочов: Победата во Вршац е за самодоверба пред дербито со Работнички

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички со хуманитарни активности се загреваат за првата меѓусебна пресметка сезонава, а и на кошаркарски план веќе почнуваат да се фокусираат за она што ги чека во понеделник, од 20.15 часот, во „Јане Сандански“.

Работнички изминатиот викенд беше слободен, па има две недели за подготовка за дербито, а за да не излезат од ритам, се погрижија на егзибициски хуманитарен меч со ветераните и дел од легендите на клубот од „Градски парк“.

МЗТ играше во втората АБА лига и извлече победа на гостувањето кај Вршац. По триумфот во северниот дел на Србија, „металците“ беа задоволни, иако требаше полесно да ја завршат работата.

„Мечот имаше огромно резултатско значење бидејќи амбиција ни е да се избориме за првите четири места кои водат во плејофот, а немавме победа на гостински терен. Противникот не се предаде ниту на разлика од минус 20. Се играше отворена кошарка, немавме решение за пик енд рол играта на Вршац, но задоволен сум од победата, која ни дава самодоверба пред дербито со Работнички“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Кореографија во чест на починатиот фан на Фенербахче

Кореографијата наменета како последен поздрав за 22-годишниот навивач Корај Шенер, кој почина од срцев удар за време на мечот со Галатасарај, го одбележа почетокот на средбата помеѓу Фенербахче и Андерлехт од Лигата на Европа.

Црни картони и ликот на Корај во дрес на својот омилен клуб со ангелски жолти крилја беше кореографијата која ја приредија домашните фанови. Во првите пет минути немаше песна од трибините, а потоа публиката го скандираше името на прерано починатиот навивач.

По првото полувреме во Истанбул, нема голови, а во составот на Фенер е и нашиот Елиф Елмас.

По „петарда“ сменија тренер, со „петарда“ најавуваат нов

Победата од 5-0 на гостувањето кај Викторија П’лзењ најверојатно на Сантијаго Солари ќе му донесе официјален договор за прв тренер на Реал Мадрид. Солари во моментов е во улога на привремен, но тоа може да трае најмногу 15 дена, што значи до крајот на викендов.

Тој ќе седи на клупата и против Селта, а потоа или ќе се донесе нов тренер или Солари ќе добие договор. Веќе нема причина зошто тој да не остане тренер до крајот на сезонава. Близок е со претседателот Флорентино Перес, навивачите го сакаат, а и играчите по гостувањето во Чешка се изјаснија дека тој треба да ја води екипата.

Солари е единствениот тренер на Реал во последните 60 години кој ги добил првите три меча, и тоа без примен гол. Клубот има позитивно искуство со тренери кои ги ангажирал среде сезона, со тројца од нив освојувал европски титули. Аргентинецот Солари како играч освои ЛШ со Реал, добро го познава клубот и иако нема тренерско искуство, покажа дека има „икс фактор“.

Солари се осмели да го седне Модриќ на клупата, а без најдобриот играч за 2018, Реал ја прикажа најдобрата игра сезонава. Донесе одлука на голот да го форсира Куртуа пред Навас, а на бековските позиции им дава шанса на оние што не играа кај Лопетеги ниту кога Марсело и Карвахал беа повредени како сега. Тимот полека излегува од криза, а ако победи и во Виго, нема дилеми дека Солари ќе остане редовен тренер на „кралевите“.

Брестовац: За Спортинг сме поподготвени отколку за Стеауа

Металург од 19 часот во „Борис Трајковски“ со Спортинг Лисабон игра меч од Лигата на шампионите во ракоимет, со надеж дека ќе извојуваат победа, со што ќе се заборави синоќешниот пораз од Стеауа во СЕХА.

Тренерот Данило Брестовац тврди дека тимот не се подготвувал за Стеауа затоа што мечот со Спортинг е многу поважен.

„Ако ја немаме потребната агресивност, тогаш не ни се пишува добро. Мислам дека натпреварот со екипата на Спортинг ќе биде друга работа. Спортинг е сериозна екипа со огромно искуство и квалитетно е покриен на сите позиции. “, вели Данило Брестовац.

Металург на вечерашниот дуел ќе настапи со овие ракометари: Томовски, Даниловски, Арсеновски, Димитриоски, Јагуриноски, Лазаревски, Маџовски, Миличевиќ, Пучник, Рибеиро, Серафимов, Шилегов, Шпенде, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Ѕвездашите се запалија, прават математики и за прво место во групата

Црвена ѕвезда со победата над Ливерпул, максимално ја замрси ситуацијата во „групата на смртта“ во Лигата на шампионите, па сега ништо не е сигурно околу пласманот во осминафиналето. Ѕвезда може да освои уште четири бода (победа над Наполи и реми со ПСЖ) во следните две кола и да не влезе во топ 16, но може да биде дури и прва во групата Ц.

Српскиот првак и натаму е последен во групата со 4 бода, два помалку од Наполи и Ливерпул, а еден бод помалку од ПСЖ. Ова значи дека се можни дури 81 различна комбинација во последните две кола.

Ако Ѕвезда слави во Неапол над Наполи, е тогаш ќе се случи лудница во групата. Ова особено ако и Ливерпул биде поразен во Париз. Тогаш Ѕвезда со домашен триумф над Французите, ќе го освои првото место, со нерешено ќе биде втора ако нема победник меѓу Ливерпул и Наполи, а пораз ја носи во Лигата на Европа, но ако има победник меѓу Ливерпул – Наполи.

Има уште едно сценарио, но и тоа ќе биде можно само ако Србите слават против Наполи, а ремизираат ПСЖ и Ливерпул. Тогаш и со реми дома против ПСЖ може да бидат први, ако Ливерпул не победи против Наполи.

Со реми во Италија, Ѕвезда за осминафиналето или Лигата на Европа ќе мора да го победи ПСЖ. Сите овие математики изгледаат нереални, но никој не очекуваше ниту во вторникот Ѕвезда да го совлада вицепрвакот на Европа.

Скандалозен ждреб во Полска – Топчињата не беа на број (видео)

Голем пропуст направи Фудбалската федерација на Полска при денешниот ждреб за извлекување на 16-финалните парови во тамошниот Куп. Генералниот секретар Мачеј Савицки направи проблем откако едно топче падна од „шеширот“, а Савицки тоа не го забележа, прогласувајќи го топчето за неважечко, односно двојно.

На крајот од извлекувањето излезе дека топчето не било вишок, односно во куглата останаа непарен број топчиња, па така Сласк Вроцлав не доби противник. Полските медиуми пренесоа дека во паднатото топче било името на тимот Легница, потенцијалниот противник на Вроcлав, но одлучиле да ја повторат целата процедура со цел за жребот да биде регуларен.

https://twitter.com/Czubiniakk/status/1060490658966839296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1060490658966839296&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fskandal-na-zrebu-u-poljskoj-ljudi-fali-nam-kuglica-357503.html

Паурич го врати Мартин Бухел за мечот со Македонија

Мартин Бухел се враќа во составот на Лихтенштајн за мечот против Македонија на 16-ти ноември во рамките на Лигата на нациите.

Еден од највлијателните играчи кај селекцијата која ни е следен противник се рехабилитираше по повредата и веројатно ќе игра против нас на „Реинпарк“ во Вадуц. Мартин Бухел е играч од средниот ред, а тој е репрезентативецот со најмногу настапи за Лихтенштајн, 72 во актуелната генерација на оваа селекција.

Селекторот Рене Паурич, сепак, има причини да биде загрижен бидејќи во поширокиот состав од 26 репрезентативци ги нема Робин Губсер и Сандро Волфингер. Последниот е на списокот, но нема да може да настапи.

Еве го поширокиот состав што го одреди Рене Паурич за мечот со Македонија:

 

Голмани

Benjamin Büchel (FC Vaduz), Thomas Hobi (VfB Hohenems), Lorenzo Lo Russo (FC Linth).

Одбрана
Daniel Brändle (SV Pullach), Fabian Eberle (FC Konolfingen), Maximilian Göppel (FC Vaduz), Jens Hofer (FC Münsingen), Daniel Kaufmann (FC Balzers), Andreas Malin (FC Dornbirn), Ivan Quintans (USV Eschen / Mauren ), Martin Rechsteiner (FC Balzers), Sandro Wieser (FC Vaduz).

Среден ред
Martin Büchel (FC Zurich), Nicolas Hasler (Chicago Fire), Livio Meier (Eschen / Mauren), Michele Polverino (FC Balzers) Aron Sele (FC Balzers), Mathias Sele (FC Balzers), Marco Wolfinger (FC Balzers) , Seyhan Yildiz (FC Balzers).

Напад
Marcel Büchel (FC Empoli), Philippe Erne (FC Balzers), Dennis Salanović (FC Thun).

Резерви на повик
Olcay Gur (Chur 97), Armando Heeb (Chur 97), Sandro Wolfinger (UPS Eschen / Mauren).

 

Гостивар гол не виде – Лабуништа нареди 10 меча без пораз

Дербито во Втората лига Запад меѓу Генч Калемлер и лидерот Лабуништа заврши без голови, по што гостите стигнаа до десетка без пораз. Успаеја да одолеат на нападите на домаќините кои играат во Гостивар, а токму против овој ривал во септември со победа од 1-0 ја почнаа убавата серија без пораз, која денеска стаса до 10 натпревари.

Лабуништа остана лидер на табелата со 24 бодови, два повеќе од Струга Трим Лум, но и со меч повеќе.

На Истокот, лидерот Борец лесно го совлада Партизан од Обршани со 2-0 и се зацвртси на врвот со 31 бод по 11 одиграни натпревари. Велешани заедно со Тиквеш се единствените непоразени екипи во двете втори лиги.

Кожув рутински и убедливо со 4-0 ја победи Саса и со 22 бода се израмни на третата позиција со Брегалница и со Кит-Го Пехчево, но со меч повеќе.

Новицки назад на паркетот кон крајот на ноември

Кошаркарот на Далас маверикс, Дирк Новицки, најави враќање на терените за околу три недели, односно кон крајот на ноември. Ветеранот закрепнува од повреда на зглобот на десната нога, која претходно ја санкционираше. По операцијата, тој полека напредува со закрепнувањето, па наскоро ќе добие шанса да го запише својот прв настап сезонава.

Новицки сѐ уште нема заиграно во својата 21-ва сезона во кариерата како член на Далас, а неговото враќање ќе внесе дополнителна мотивација во тимот. Во изминатиов период, составот на Рик Карлајл доби нов лидер. Лука Дончиќ ја презеде одговорноста и засега блеска со своите игри, иако Далас не имресионира по првите 11 натпревари, во кои имаат само три победи и осум порази.

 

Барселона без Кутињо во следните три седмици

Креативецот на Барселона, Филипе Кутињо, ќе мора да паузира до три недели. По медицинските прегледи извршени по мечот со Интер во ЛШ, потврдено е дека Кутињо се здобил со повреда на листот од левата нога, по што му е препорачано да мирува одреден период.

Во меѓувреме, Лео Меси повторно е во полн погон откако ја надмина повредата на раката, но Каталонците останаа без еден од поважните играчи во тимот. Кутињо нема да биде во можност да настапи против Бетис во недела, а секако ќе отсуствува и од репрезентативните обврски, кои почнуваат по овој викенд.

Поголема штета за Барса е што Бразилецот нема да игра против Атлетико Мадрид на 24-ти ноември, додека се предвидува дека ќе се врати во составот за мечот против ПСВ Ајндховен, во рамките од петтото коло во групната фаза во Лигата на шампионите.