Прв пат во тренерската кариера Обрадовиќ се појави во родниот Чачак и доби овации од цела сала (Видео)

Партизан без никакви проблеми славеше на гости во Чачак против Борац со 86:68 во меч од шестото коло од АБА лигата. Црно-белите се перфектни со шест победи, додека Борац остана на два триумфа во досегашниот дел од натпреварувањето.

Тренерот на Партизан Жељко Обрадовиќ беше во центарот на вниманието, затоа што тој за прв пат во тренерската кариера водеше еден тим на официјален меч во родниот град Чачак. Публиката во полната сала со овации го дочекаа нивниот сограѓанин, но на теренот, Обрадовиќ немаше попуст кон домаќините.

https://twitter.com/i/status/1454496666950713352

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести