Првиот натпревар од финалната серија на Истокот им припадна на Милвоки, триумфирајќи над Торонто репторс со конечни 108:100. Бакси предводени од Јанис Адетокумбо до победата стигнаа преку пресврт во последните минути откако беа во негатива речиси цел меч.
Гостите од Канада ја презедоа иницијативата во раната фаза од мечот и постепено ја градеа предноста. Но, Торонто не стигна повеќе од +13 поени, а сепак, на секоја закана од Милвоки тие имаа одговор. Во моменти кога Репторс не ги искористи своите шанси да стави точка на мечот, се разиграа Бакс и се вратија во игра, па сè се одлучуваше во последните две минути од средбата.
Гостите како за момент да заборавија да играат кошарка, не погодуваа отворени шутеви во неколку последователни напади, а Милвоки со серија од 10-0 им ги скрати маките.
Ретко се случува во редовите на Милкови прв стрелец да не биде Адетокумбо, таа „титула“ ноќеска му припадна на Брук Лопес со неговиот двоен учинок од 29 поени и 12 скока. Јанис исто така запиша дабл-дабл, со 24 поени и 14 скока. Кавај Ленард (31) и Кајл Лаури (30) комбинираа 61 поен, но на крајот тоа не беше доволно за Торонто.
https://www.youtube.com/watch?v=7yrYqKCFt6g