Се замеша и премиерот Борисов: Првиот човек на Бугарската федерација да даде отказ

Не стивнува атмосферата по вчерашниот дуел меѓу Бугарија и Англија во евроквалификациите, мечот во Софија по кој беше пријавено расистичко навредување кон црномурните играчи на Гордиот Албион од страна на бугарските навивачи. Англичаните на провокациите одговорија со шест гола, а дуелот беше под закана да биде прекинат во два наврати.

Ова недолично и срамно однесување не го толерира бугарскиот премиер Бојко Борисов, а како што извесуваат англиските медиуми, тој му се јавил на претседателот на Бугарската федерација Борислав Михајлов да поднесе оставка.

„Лично му се јавив на Михајлов да отстапи од позицијата претседател на БФФ. По вчерашното срамно однесување на навивачите, тешкиот пораз и сите минати слаби резултати на репрезентацијата, му наредив да поднесе оставка“, изјави Борисов.

На потегот на Борисов реагираше и англиската ѕвезда Рахим Стерлинг, поддржувајќи ја одлуката.

- Оглас -

Најнови вести