Судијата призна дека му помогнал на Реал Мадрид да освои титула во ЛШ

Реал Мадрид во 2016 година ја освои титулата во Лигата на шампионите откако во финалето по многу борба го совлада градскиот ривал Атлетико Мадрид. Финалето беше реприза од дуелот во 2014 година, кога првпат играа двата мадридски клуба.

Четири години по победата на Реал во финалето, судијата Марк Клатенбург, кој беше главен арбитер, направил превид кој бил во корист на Кралскиот клуб. Англискиот судија призна дека водечкиот гол на Реал Мадрид во првото полувреме што го даде Серхио Рамос бил нерегуларен, односно бил постигнат од офсајд.

„Во финалето Реал поведе со погодокот на Рамос, но тој погодок беше постигнат од офсајд. На полувремето видов дека имало мал офсајд, но тоа беше тешка ситуација да се одлучи“, призна Клатенбург.

Со погодокот на Рамос, Реал имаше водство од 1:0 до 79-тата минута, кога Кареско израмни. Потоа се играа и дополнителни 30 минути во кои немаше погодоци, па мораше да се шутираат пенали. Реал Мадрид победи со 5:3 по изведувањето на ударите од белата точка и стигна до европскиот трон.

- Оглас -

Најнови вести