Вајли не се појави во Будуќност, па доби суспензија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли доби суспензија од својот клуб Будуќност.

Вајли, кој настапуваше во квалификациите за СП за нашата селекција, не се приклучил кон тимот, а според неговиот агент, тоа го сторил поради лични?фамилијарни проблеми.

„Агентот на играчот соопшти дека причина за недоаѓањето е личен/фамилијарен проблем.

Ние како клуб одлучивме да го суспендираме играчот, а јавноста ќе биде известена доколку има и понатамошни санкции“, стои во соопштението на Будуќност.

Овој тим во понеделник ќе игра против Дерби СЦ во рамките на наредното коло од АБА-лигата, а интересно е што ова ќе биде прв дуел на две црногорски екипи во најсилното кошаркарско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести