Винисиус неодамна се пофали со фантастична тетоважа, а сега сите му се смеат поради еден детаљ (Фото)

Напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус жуниор пред да дена се пофали со фантастична тетоважа, но сега е цел на потсмев поради еден детаљ.

Бразилецот низ целиот грб истетовира четири спортски легенди, Пеле, Коби Брајант, Мохамед Али и Мајкл Џордан каде тату-мајсторот направил неверојатна грешка поради која сите му се смеат.

Имено, на тетоважата, Мајкл Џордан шутира со погрешна рака.
„Плачам поради ова, го истетовирале Џордан како шутира со лева рака“, е еден од коментарите во кои му тераат сеир на Винисиус жуниор.

 

- Оглас -

Најнови вести