Дебакл на Хрватска на Мундијалот, Бразил, Шпанија, Данска и Германија се пласираа во четвртфиналето

Ракометарките на Хрватска загубија од Шпанија со 23:27 и испаднаа во втората фаза по групи на Светското првенство, а Црвената фурија, заедно со Бразилките и со селекциите на Данска и Германија веќе се пласираа во четвртфиналето.

Хрватска имаше многу проблеми со заразени ракометарки со Ковид-19 и не успеаа да ја минат втората фаза, па на две кола до крајот немаат шанси за пласман понатаму.

Домаќинот Шпанија рутински славеше против Хрватките и се пласира во четвртфиналето заедно со Бразил од групата 4.

Бразилките во вечното дерби ја победија Аргентина со 24:19 и се пласираа меѓу осумтте најдобри селекции на светот во битката за шампионската круна.

Во четвртфиналето се пласираше и Германија по убедливата победа од 37:28 против Јуѓна Кореа и селекцијата на Данска по триумфот од 29:14 против Чешка.

Утре продолжуваат натпреварите во втората фаза по групи на Мундијалот, а ќе се играат уште шест меча во четвртото коло.

- Оглас -

Најнови вести