Француско чудо во Пекинг, беше шести по првата трка, на крајот стигна до златото

Клеман Ноел е новиот олимписки шампион во слалом откако по двете трки на ЗОИ во Пекинг имаше најдбро време. Французниот по првото возење заврши како шести, но со феноменална трка во вториот слалом стигна до време 1:44,09 минута, што беше недостижно за петтемина кои беа подобри во првата трка.

Со ова злато, Ноел го повтори успехот на неговиот сонародник Жан Пјер Видал и по точно 20 години пауза на Франција ѝ донесе златен медал во слаломската трка на ЗОИ.

За Ноел ова е прв златен медал на ЗОИ, но и прво злато за Франција во алпско скијање уште од 2006 година. Второто место на трката во Пекинг му припадна на Јоханес Штролц, кој заостануваше 61 стотинка, додека бронзениот медал е за Норвежанецот Себастијан Фос-Солеваг.

- Оглас -

Најнови вести