Дома Blog Страница 10699

Симеоне: Градското дерби со Реал е меч за мажи

Тренерот на Атлетико Мадрид, аргентинскиот стратег Диего „Чоло“ Симеоне, пред вечерашното гостува кај Реал Мадрид, вели дека ќе победи тимот кој подобро ќе ги контролира своите емоции, бидејќи градско дерби е полно со емотивен набој.

„Не го гледам Реал како тим кој загубил на претходниот меч. Го гледам општо целиот нивен потенцијал, а тие се една од најдобрите екипи на светот. Во фудбалот не се живее во минатото, туку се гледа денешницата и наредниот меч. Нема да го анализирам моето минато на дуелите со Реал или европскиот Суперкуп кој беше само еден дуел. Дербито е меч со големи емоции, меч за вистински мажи“ – изјави Симеоне.

Симеоне на лигашките гостувања кај Реал се чувствува пријатно. Првиот пат загуби со 2:0 во 2012/2013, но од тогаш, веќе не знае за пораз. Има три минимални победи и две ремија. Многу полош му е билансот на домашен терен. Во сите натпреварувања, Симеоне против „кралскиот клуб“ има 9 победи, 9 нерешени и 9 порази.

Азар веќе нема да се лизга на колена при прославите

Еден Азар, кој во моментов е можеби и фудбалер со најдобра форма во Европа, потврди дека кога ќе даде гол, веќе нема да прославува како досега, со лизгање по тревата на колена. Азар одличната форма од Светското првенство во Русија ја продолжи и во дресот на Челзи. Вечерва тој е главниот адут на лондонските „сини“ против Ливерпул во дербито на Премиерлигата.

„Мора да престанам да се лизгам на колена после постигнат гол. Видете, моите колена горат. Нема веќе да прославувам на ваков начин“ – рече Белгиецот во интервју за клупската телевизија на Челзи, откако му беше прикажана снимка како дава и прославува гол.

Последната прослава на Азар со лизгање на колена по тревата беше пред неколку дена, после оној супер-гол во дуелот со Ливерпул од Карабао купот. Азар тогаш кратко се лизгаше, брзо стана на нозе, а во иднина веројатно воопшто нема да ги „мачи“ колената.

Кристијано: Мојот гол беше најубав

Кристијано Роналдо вели дека му честита на поранешниот клупски колега Лука Модриќ за наградата најдобар фудбалер на светот за минатата сезона во изборот на Светската фудбалска федерација ФИФА, но не се согласува и со изборот за гол на годината.

Погодокот со „ножички“ на Португалецот во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Јувентус, беше кандидат за гол на годината, но наградата „Пушкаш“ ја доби Мохамед Салах од Ливерпул.

„Ако треба да бидеме искрени, мојот гол беш најубав. Но, животот е таков, некогаш победуваш, некогаш губиш. Не сум налутен. Она што ме интересира е да бидам на истото ниво како во претходните 15 години од мојата кариера. Инаку, му честитам на Модриќ за наградата. Многу добро“ – рече Роналдо, кој додаде дека во Торино се чувствува комотно и му се допаѓа градот, но му се допаѓале и Мадрид и Шпанија, а му се допаѓаат и Грција, САД, и други земји во кои би сакал да патува.

У-17 тимот доцна тргна со напади

Два порази и една победа е билансот на македонската репрезентација за играчи до 17 години, на турнирот во Летонија. Денеска нашите таленти загубија од Финска со 1:3. Во првото коло, Македонија загуби од Русија со 0:1, потоа во второто ја надигра домашната Летонија со 2:0, а за крај, избраниците на селекторот Марио Вујовиќ беа совладани од Финска.

На мечот во Јелгава, Финците водеа со 3-0, а потоа „црвено-жолтите“ беа многу подобар тим, но постигнаа само еден гол во 63 минута, со кој го ублажија поразот. Финците во првите две кола беа поуспешни од домаќинот и од Русија, со по 2:0. Во Јармала, Русите одиграа 2:2 со Летонија, па тие се втори, а Македонија третопласирана на турнирот.

Оваа генерација на македонската репрезентација, во текот на октомври ја чекаат мечеви од квалификациите за Европското првенство, па трите средби во Летонија беа одлична подготовка и шанса за селекторот да ја види моментната форма на фудбалерите.

Ѓоковиќ и Федерер веќе никогаш нема да играат заедно

Заедничкиот настап во дубл на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на „Лејвер купот“ во Чикаго, беше прв и последен пат, тие двајца да играат во тандем. Двајцата славни тенисери не поминаа добро во игра на двојки, беа поразени од Кевин Андерсон и Џек Сок, а кога Ноле го погоди Роџер во грб во првиот сет, се виде дека не се воиграни, и публиката им се смееше.

Поранешниот тренер на Енди Мареј, Марк Печи, не беше воодушевен од тоа како двете суперѕвезди на светскиот тенис, изгледаа на терен кога беа во иста екипа.

„Федерер има златен медал на Олимписки игри во игра на двојки. Од друга страна, Ѓоковиќ има освоено една титула во дубл, бидејќи не игра често. Играше заедно со Андерсон во Канада, но неговата игра е многу поквалитетна во сингл. Сигурен сум дека за Новак и Федерер, ова беше нешто потполно поразлично од тоа на што се навикнати. Не верувам дека некогаш повторно ќе играат заедно во дубл, веројатно последен пат ги видовме на иста страна“ – рече Печи.

Победа се заканува да го сопре летечкиот старт на Вардар

Победа има мака со домашниот терен, прилепчани често се селат од стадион на стадион, поради реконструкцијата на „Гоце Делчев“ во Прилеп, но играат одличен фудбал без разлика на проблемите.

Денеска од 15 часот во Штип ќе му бидат домаќини на Вардар во еден од двата дерби дуели од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига. Ја победија Шкендија во минатото коло и тоа во Тетово, а сега се подготвени да го сопрат летечкиот старт на Вардар.

„Не очекува уште еден тежок и неизвесен меч. Се знае кој е Вардар, а денешниот противник е во одлична форма и е лидер на табелата. Ако го повториме изданието од дуелот со Шкендија можеме повторно да победиме. Но, за тоа мора да дадеме максимум, да се бориме до последниот атом на силите, вели голманот на Победа, Дарко Тофиловски.

Тој брани извонредно од стартот на новата сезона и е еден од ретките чувари на мрежата со просек под еден примен гол на меч.

Вардар е единствената непоразена екипа во домашното првенство по седум кола, а летечкиот старт на најтрофејниот клуб изненади многумина. Клубот има проблеми со финансии, но играчите се надминаа и играат одлично. Денеска ќе се обидат да ја прекинат непријатната серија од три гостински порази по ред од Победа и со нови бодови да останат на врвот на табелата.

„Минав убави две години во Победа, меѓутоа во овој момент би дал сè за триумф на Вардар и за останување на првото место на табелата. Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги освои трите бода на дербито. Тоа што ја победија Шкендија минатото коло и тоа на нејзин терен во Тетово, треба да ни биде сериозна опомена дека не треба никако да ги потцениме. Победа има сериозна екипа која може во секој момент да победи секого, меѓутоа за нас приоритет се трите бода и ќе дадеме максимум да ги освоиме“, изјави Филип Најдовски. 

Дерби меч ќе се игра и на „Кукуш“ во Турново, каде Академија Пандев ќе ја пречека Шкендија. И двете екипи претрпеа неочекувани порази како домаќини во минатото коло, со по 0:2 од Ренова, односно Победа, па сега ќе бараат рехабилитација во битката за врвот на табелата.

Двојки, 8. коло, 15 часот:

Победа – Вардар, Академија Пандев – Шкендија, Работнички – Беласица, Ренова – Шкупи, Силекс – Македонија Ѓ.П.

Александар Васоски: Хановер нѝ беше омилен противник, Ајнтрахт и утре ќе победи

Се сеќавам дека секогаш игравме добро против Хановер, без разлика дали тоа беше на домашен терен, или на гости и често ги победувавме. Верувам во нова победа на мојот поранешен тим и утре против Хановер, вели Васоски.

Во првиот обид, сегашниот тренер на Вардар погоди три од петте типови, а успешно типуваше реми на мечот меѓу Мајнц и Волфсбург, нешто што е многу тешко да се предвиди во Бундеслигата. Ја погоди и победата на Вердер против Херта и поразот на Ајнтрахт на гостувањето во Менхегладбах кај Борусија.

Триумфот на Фрајбург против Шалке 04 беше едно од изненадувањата во петтото коло и тука „кецот“ изненади многумина, меѓу нив и Васоски. Популарниот „Тетовче“ немаше среќа со последниот предлог-тип, иако беше многу блиску. Типуваше од 0-2 гола на мечот меѓу Фортуна и Баер Леверкузен, а домаќините со гол од пенал во 94. минута намалија на 1:2 и го спречија Васоски да има 4 од 5 во деби типувањето за Спорт Манија.

Сега на ред е ново коло, шесто по ред во германското првенство, а Васоски повторно е наш гостин со нова анализа и пет предлог типови од Бундеслигата.

 

Шалке 04 – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Шалке 04 веќе нема избор и мора да го победи Мајнц. Пет порази на екипа со квалитетот и калибарот на Шалке 04 е рамно на сензација и сигурен сум дека „Ауф Шалке“ арена е подготвена за првата победа во новата сезона и дека навивачите на тимот од Гелзенкирхен ќе им се радуваат на првите три бода во новата сезона. Мајнц и не е преголема закана кога гостува, па мислам дека е идеален противник за Шалке 04 да ја прекине црната серија од пет порази на стартните пет меча во Бундеслигата.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Хофенхајм – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Типувам победа на Хофенхајм против Лајпциг. Играат подобро во моментов од денешниот ривал, особено се добри на свој терен и тука немам дилеми дека бодовите ќе им припаднат на домаќините. Лајпциг има добра екипа, но е во нешто послаба форма од ланската, кога беше хит во Германија и мислам дека ќе загуби од Хофенхајм.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Нирнберг – Фортуна Дизелдорф (Сабота, 15.30 часот)

И повторно како и во претходното коло ќе се обидам со тип од 0-2 гола на меч на Фортуна Дизелдорф. Двете екипи се наоѓаат во опасната зона, ќе играат претпазливо и верувам со малку голови. Фортуна загуби од Баер на домашен терен во претходното коло, па не смее да си дозволи нов пораз, иако сега ќе игра на гостински терен. За нив секој бод е значаен, особено во дуелите со екипи со сличен квалитет, каков што поседува Нирберг. Тоа добро го знае мојот поранешен тренер Функел и речиси сум сигурен дека ќе се обиде со дефанзивна тактика да дојде до бод. Домаќините се „изгореа“ на гостувањето во Дортмунд, каде примија 7 погодоци и сега ќе бидат попретпазливи, за да не дозволат нов пораз, па верувам дека ќе проследиме меч со малку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.95)

 

Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Овојпат ќе ја ја почитувам и традицијата од меѓусебните натпревари на Баер и на Борусија Дортмунд, каде има доста погодоци. И двете екипи даваат и примаат голови, па овде сум сигурен дека ќе има најмалку 3+, а за похрабрите им препорачувам да се обидат и со четири и повеќе голови. Дерби е на колото и очекувам атрактивен, напаѓачки фудбал зачинет со многу голови во двете мрежи.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Хановер (Недела, 15.30 часот)

Ајнтрахт Франкфурт по традиција го победува Хановер на домашен терен, а сега мојот поранешен тим ќе има дополнителен мотив за рехабилитација по поразот од Борусија Менхегладбах во претходното коло.

Верувам дека победата на Ајнтрахт ќе биде гарнирана со најмалку два постигнати голови во мрежата на Хановер. Во минатото, кога јас го носев „црвено-црниот“ дрес речиси редовно ги победувавме, и утре верувам дека бодовите ќе останат во Франкфурт, но за посигурно ќе типувам дека Ајнтрахт најмалку двапати ќе ја затресе мрежата на Михаел Есер.

Предлог тип: Т1 2+ (1.90)

 

Барселона ќе го смени и името

Од пред неколку дена, челниците на Барселона потврдија дека направија промена на изгледот на логото. На логото повеќе нема да ги има буквите ФЦБ кои се скратеница од името на клубот. Промoцијата на новото лого се случи, а сега е потребно одборот на клубот да донесе потврда дека тоа ќе стои на дресовите.

Промената на логото најверојатно нема да биде единствeниот новитет во каталонскиот гигант. Според најавите од шпанските медиуми, во најскоро време може да се случи и промена на името. Доколку биде прифатено и изгласено од челниците на „Камп Ноу“, клубот повеќе нема да се вика Барселона, туку само скратено Барса.

 

Вардар сега треба да ја наполни мрежата на Штербик

Македодонскиот ракометен првак Вардар го продолжува походот во Лигата на шампионите. По стартните две победи на гости кај европскиот владетел Монпелје и дома во дуелот со Кристијанштад, денеска следи нов предизвик. „Црвено-црните“ гостуваат кај Веспрем, во дуелот кој ЕХФ го прогласи за дерби на колото.

Ова е меч на два ривали кои многу добро се познаваат. Освен од дуелите во елитната европска лига, тие имаа многу пресметки и во регионалната СЕХА лига. Овој меч сепак ќе биде малку посебен од претходните. На голот на Веспрем денеска ќе биде Арпак Штербик. Голманот кој во претходните четири години донесе толку многу радости на навивачите на Вардар, сега е во улога на противник. Искусниот Арпад ќе има мисија да ги сопре налетите на „црвено-црните“.

Освен Штербик, во унгарскиот тим игра и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој исто така во минатото го има носено дресот на најтрофејниот македонски тим. Според проценките, Веспрем е апсолутен фаворит за триумф, бидејќи тие веќе еднаш киксираа и загубија од Барселона, па не смее да си дозволат нов неуспех.

Иако на Вардар му се даваат малку шанси, досега се навикнавме да гледаме како македонскиот првак изненадува кога никој не очекува. Дури и традицијата е на страната на Вардар, бидејќи на три од последните четири гостувања кај Веспрем успеал да остане непоразен, односно средбите завршиле нерешено. Тоа само покажува колку се интересни и неизвесни овие мечеви, па се очекува да биде така и денеска.

 

Ова се „зицерите“ на денот

Многу дерби натпревари има денеска низ цела Европа. Мечеви кои се атрактивни за гледање и за типување, но и дуели кои носат дополнителен ризик ако се одиграат. Кога се играат дерби среедби, резултатот речиси секогаш е непредвидлив и ништо не може да се знае предвреме.

Доколку не сте од оние кои сакаат да ризикуваат во обид за да се стигне до добитно ливче, во понудата на SPORT LIFE секогаш може да се најдат и двојки кои се како „зицери“ за добивка. Има фаворити кои едноставно само треба да потврдат дека се многу подобри од ривалот и на тој начин да помогнат да се стигне до добитно ливче.

Затоа Ви одвоивме дури 15 натпревари на кои има изразит фаворит во дуел со послаб ривал, па вие одберете кои се најсигурните типови за денеска.

Арсенал – Вотфорд 1.50 – 4.65 – 5.80

Манчестер С. – Брајтон 1.10 – 10.00 – 27.00

Хадерсфилд – Тотенхем 5.90 – 4.05 – 1.55

Селтик – Абердин 1.46 – 4.25 – 7.10

Интер – Калјари 1.36 – 5.00, 8.75

Рапид Вина – Сент Полтен 1.67 – 3.80 – 5.00

Лион – Нант 1.35 – 4.85 – 8.50

Шалке – Мајнц 1.70 – 3.80 – 4.95

Барселона – Атлетик Билбао 1.17 – 8.00 – 16.00

Брентфорд – Ридинг 1.50 – 4.30 – 5.90

Бреда – ПСВ 11.00 – 6.30 – 1.25

Ситард – Ајакс 11.00 – 6.75 – 1.25,

Падерборн – Ауе 1.70 – 3.65 – 4.80

Спортинг – Маритимо 1.40 – 4.55 – 7.90

Гленавон – Дунганон 1.37 – 4.75 – 6.70