Дома Blog Страница 10718

Немања Матиќ донираше 70.000 евра, за да спаси четиригодишно детенце

Немања Матиќ се има докажано како голем фудбалер, а овојпат покажа дека е и голем човек. Српскиот фудбалер уплатил 70.000 евра, кои биле потребни за лекување на четиригодишното детенце Душан Тодоровиќ.

Малиот Душан боледува од рак и потребно итно да му биде извршена операција во болницата во Барселона. Тој зафат вкупно чини 200.000 евра, а четиригодишното дете е во трка со времето и секој момент е важен. По големата акција за собирање на средства, биле најдени 130.000 евра, но уште фалело 70.000 евра.

Тогаш се појавил тајниот донатор, за кого подоцна се утврдило дека е Немања Матиќ. Српскиот репрезентативец кој е играч на Манчестер јунајтед и порано бил познат како голем хуманист и човек кој помаќа на тие што им е потребно. За тоа дека Матиќ ги дал тие 70.000 евра потврдија од семејството на детенцето.

„Веруваме дека сите сакате да знаете кој е анонимниот донатор. Тоа е господинот Немања Матиќ, на кого сакаме да му се заблагодариме од срце. Да не ги набројуваме сите оние кои помогнаа, бидејќи сигурно ќе заборавиме некого. Сакаме да им се заблагодариме на апсолутно сите кои ни помогнаа. Дуле ги обедини луѓето и затоа ни е многу мило“, се вели во дописот од соопштението на семејството Тодоровиќ.

За малото детенце се вели дека мора итно да се оперира, бидејќи ситуацијата може да биде многу критична. Матиќ го заврши своето, а сега е на ред лекарите да го спасат Душан кој сигурно е новиот голем фан на дефанзивецот на Србија.

 

Реал Сосиедад го издржа притисокот на Хуеска со два играчи помалку

Реал Сосиедад забележа значајна победа од 1:0 на гостувањето кај Хуеска, иако во финишот на мечот играше со два фудбалери помалку.

Мерино погоди во 64. минута, а потоа беше исклучен Хуанми. Од 82. минута надвор од терен беше и Ернандез, но гостите го издржаа притисокот.

Хуеска нападна со сите сили, се играше постојано на половината на гостите од Баскија, а ефектот за Хуеска беше пораз, по неколку промашени шанси.

Монако ја продолжи црната серија

Новиот француски прволигаш Ним ја продолжи црната серија на Монако и успеа да освои еден бод на гостувањето во Малото Кнежевство.

Гостите поведоа со голот на Бријансон во 19. минута, а изненадувачки се беше решено по израмнувачкиот гол на Фалкао во 27. минута.

Во продолжението и двете екипи имаа зрели шанси за победа, иницијативата беше на страната на Монако, но фаворитот остана без триумф и петти пат по ред.

По стартната победа против Нант на гостински терен, Монако има серија без победа и три нерешени, со два порази.

Ним игра одлично за новак во Лигата и со 8 бодови е во горниот дел од табелата.

Сасуоло е хит во Серија А

Сасуоло не попушта на стартот од сезоната, игра извонредно добро, а вечерва со победа од 3:1 против Емполи стаса до второто место на табелата во Серија А.

Почетокот беше лош за Сасуоло, примија гол во првата минута по одличната реакција на Капуто, но потоа доминираа. Боатенг со гол во 13. минута израмни, за потоа во вториот дел да има комплетен пресврт. Ферари и Ди Франческо погодија за победа од 3:1.

По пет одиграни натпревари Сасуоло е втор со 10 бода и меч повеќе од лидерот Јувентус, кој има 12 бодови.

Ливерпул декласиран, Илиев со „шут аут“

Дејан Илиев имаше неколку прекрасни интервенции на голот на Арсенал за играчи до 23 години на дербито со врсниците од Ливерпул и како лидер го продолжува шампионатот во развојната лига на Англија.

Популарните „топчии“ славеа со 4:0 и се искачија на врвот на табелата со 11 бодови по шест одиграни натпревари.

Илиев е стандарден на голот на Арсенал во ова акатегорија, а вечерва забележа и „шут аут“, односно не прими гол.

Стрелци за домаќините беа Сака, Нкетија двапати и Вилок.

Илиев летово го продолжи договорот со Арсенал и е иднина на еден од најдобрите клубови во Англија.

Го искористија домашниот терен – Бугарија го фати последниот воз

Бугарија ја искористи предноста на домашниот терен, како еден од двата организатори на СП во одбојка, со Италија и со победа од 3:0 против Иран фати приклучок во битката за пласман во завршницата.

Почетокот на дербито и директниот дуел за второто место во Г групата им припадна на Бугарите, па првиот сет беше освоен со резултат 25:19.

Во продолжението следеше рововска битка за поени, а домаќините беа посмирени и попрецизни. Вториот сет го добија со 28:26, а завршниот со 26:24, за исклучително значајна победа од 3:0.

Бугарија сега е втора во Г групата со 12 бодови, пред Иран со 11 и Канада со 9. Првото место веќе го освои САД со шест победи и 16 бодови.

Перез провоцира: За Роналдо имавме само една понуда, од Јувентус

Флорентино Перез вели дека за Кристијано Роналдо немало ниту една друга понуда, освен од Јувентус, па трансферот од Мадрид во Торино бил логичен расплет.

„Да имавме барем уште една понуда за Кристијано, цената ќе беше поголема. Извлековме максимум и ја добивме сумата што ја плативме за него во 2009 година. Освен Јувентус никој друг не беше заинтересиран“, вели Перез.

Контроверзниот прететседател на Реал Мадрид сепак ја „спушти топката“ и изјави дека Мадрид и Реал секогаш ќе бидат домот на Роналдо.

„Бевме среќни додека играше за Реал. Ова секогаш ќе биде негов дом и тој е најголемиот играч на Реал Мадрид од ерата на Алфредо Ди Стефано“, дополни Перез.

 

Гачевски: Нема враќање назад, ни одговара само победа против Работнички

Голманот на Вардар, Филип Гачевски е оптимист и верува во успех против Работнички, во утрешното дерби од шестото коло во домашното првенство.

Вардар нема пораз по пет кола, но има мини-серија од два порази во меѓусебните мечеви со „романтичарите“.

„Градското дерби со Работнички секогаш е неизвесно. Ситни детаљи ќе одлучуваат, а треба максимално да се користат шансите. Мотивацијата во нашиот табор е максимална и верувам во нов добар резултат“, вели Гачевски.

Дербито ќе се игра утре, под рефлектори од 19 часот, а домаќин е Работнички на националната арена „Филип Втори“.

Полесно за Македонија, Ерменците останаа без селектор

Македонија ќе има полесна задача да стаса до првото место во четвртата група од Д сегментот во Лигата на Нации, по неочекуваниот развој на настаните во ерменскиот табор.

Селекторот на нашиот најголем ривал за првото место, Вардан Минасјан си поднесе оставка. Поразот во Скопје од 0:2 и лошата игра беа причини за заминувањето на Минасјан.

„Очекував подобри резултати, но тоа не се случи и одлучив да си заминам. И посакувам многу среќа и подобри резултати на Ерменија во продолжението од натпреварите во Лигата на Нации и во квалификациите за Европското првенство“, изјави Минасјан.

Интересно е што тој долго беше во преговори со челниците на Федерацијата за да се врати на селекторската позиција, а ја водеше Ерменија од клупата на само два натпревари. Ерменија со Минсјан како кормилар го победи Лихтенштајн со 2:1 и загуби од Македонија со 0:2 на гости. Си поднесе оставка по притисокот на ерменската фудбалска јавност, а најмногу забелешки имаше на неговите тактички грешки во Скопје.

Најпрво Минасјан ги изостави двајцата одлични играчи родени надвор од Ерменија, Норберто Бријаско од аргентинскиот Хуракан и „Колумбиецот“ Жорди Монрој од Бојака Чико.

Патем, Минсајан утна и со оставањето на клупа на Озбилиз и Пицели, двајца стандардни репрезентативци, па поразот од Македонија беше неминовен.

Во текот на следната недела ќе биде именуван новиот селектор на Ерменија, а ќе ја предводи селекцијата на дуелот со Гибралтар во Ереван на 13. октомври.

Атомскиот напад на Русија ги овена „лалињата“

Атомскиот напад на Русија беше нерешлива енигма за Холанѓаните во дербито од втората рунда во Е групата, па исходот е триумф на фаворитот од 3:0.

Се очекуваше неизвесна битка, но Русите од самиот старт наметнаа пеколно темпо за убедлива победа во три сета. Првиот го добија со 25:17 и прикажаа атомска одбојка, а продолжија во исто темпо и во следниот сет. Холанѓаните беа немоќни да се спротивстават на разиграната руска армада, се нижеа атрактивни поени и за час веќе беше 2:0 за подобриот ривал. Вториот сет заврши со резултат 25:16, а победата на фаворитот беше запечатена со уште еден извонредно одигран сет.

Последниот на мечот пак им припадна на Русите со 25:21 за конечна победа од 3:0 и доближување на чекор до пласман во завршницата. Русите сега имаат 13 поени, зад лидерот Италија со 15 и меч помалку и им се насмевнува пробив во завршниот сегмент, каде ќе почне и битката за медалите.

Таму веријатно ќе биде и Србија, по тешката победа од 3:2 во сетови против Франција. Во највозбудливиот меч досега во денешената програма Србите успеаја да освојат значајни бодови, а завршницата беше мошне интересна. Последниот решавачки сет заврши во корист на Србија со 18:16 во поени за победа од 3:2 (22:25, 26:24, 25:20, 18:25, 18:16).

И во останатите дуели што досега завршија славеа фаворитите. САД во локалното дерби ја надигра Канада со 3:1, а Бразил со 3:0 ја победи Австралија.