Дома Blog Страница 10720

Ањели со порака до Роналдо

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, на „Фејсбук“ порача „Еден за сите, сите за еден!“, а ова го напиша поткрепено со фотографија на која неколку фудбалери на Јуве го тешат Кристијано Роналдо по добиениот црвен картон на гостувањето кај Валенсија.

За многумина, ова исклучување беше престрого и непотребно, а самиот Роналдо не можеше да ги задржи солзите во своите очи, бидејќи првата помисла му беше дека ќе добие казна барем од два меча и нема да може да игра на „Олд Трафорд“, каде што „старата дама“ треба да гостува во третото коло.

Роналдо при заминувањето од теренот, на судијата Феликс Брих му велеше дека не направил ништо. Претходно, клупските колеги му помагаа да стане на нозе. Тој момент го трогна претседателот Ањели, па на социјалните мрежи побара да продолжи таквиот тимски дух во екипата.

Агуеро го продолжи договорот со Сити

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Кун Агуеро, ја продолжи соработката со клубот до 2021 година. Иако неговиот важечки договор ќе требаше да трае до 2020 година, тој се согласи да додаде уште една година во договорот.

Триесетгодишниот Аргентинец прерасна во легенда на клубот со неговите настапи. Досега има постигнато 204 погодоци, што влезе во историјата на клубот како најдобар стрелец, а фановите најмногу го паметат неговиот погодокот против КПР во 2012 година, со кој Сити за првпат ја освои титулата во Премиер лигата по цели 55 години. Агуеро во својот престој во Манчестер вкупно три пати станал шампион на Англија, а три пати го освојуваше и Карабао лига купот.

„Идејата е да го забележам мојот мал јубилеј во клубот, да славам десетгодишнина откако сум тука. Среќен сум за ова продолжување на договорот, добивам шанса да учествувам во идните успеси на Сити“, истакна Агуеро.

Емери е експерт за Лигата на Европа

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, и со Арсенал продолжува да реди успеси во натпреварувањето во кое се прослави со Севилја, а тоа е Лигата на Европа. Емери сега има 32 победи во ЛЕ, и тоа е нов рекорд во второто по квалитет натпреварување на Стариот Континент.

Со Севилја, која ја водеше од 2013 до 2016 година, Емери дури трипати ја освојуваше Лигата на Европа. Во 2014, во финалето ја совлада Бенфика, наредната година Севилја беше подобра од Днипро, а последниот пехар Емери го освои со победа над Ливерпул на Јирген Клоп. Потоа направи тригодишна пауза, а шпанскиот стручњак повторно е во неговото омилено натпреварување.

Арсенал синоќа ја совлада Ворскла со 4-2, овозможувајќи му на Емери да постави рекорд.

Лопетеги одлучил: Навас во ЛШ, Куртуа во Ла Лига

Кејлор Навас ќе го чува голот на Реал Мадрид на натпреварите од Лигата на шампионите, додека Тибо Куртуа ќе брани во мечевите од шпанската Примера. Ова е соломонското решение кое го донел тренерот Хулен Лопетеги околу распределбата на минутажата за двајцата одлични голмани.

„Ќе повторам, немаме проблем, туку решение. Добро е да се бира меѓу двајца одлични голмани. Знам како ќе направам за двајцата да бидат задоволни, но нема јавно да кажам“, изјави тренерот на Реал.

Се шушка дека одлучил на Костариканецот да му даде предност во ЛШ, а на Белгиецот во лигата.

Во минатата сезона, кога Навас беше неприкосновен прв голман во тимот, Реал во ЛШ на 13 меча, само двапати не прими гол. Завчера против Рома тој имаше две одлични одбрани и не прими гол, а публиката го скандираше неговото име. Веројатно тоа што ќе брани поретко, ќе го направи помотивиран и желен што почесто да ја зачува мрежата.

Куртуа по неколку години со задоволство се врати во Шпанија и мотивиран е да ја освои Ла Лига, па и кај него ќе има многу мотиви секој викенд кога ќе треба да го чува голот на Реал Мадрид. Засега не се знае кој ќе брани во Купот на Шпанија.

„Штрковите“ фаќаат залет за втората АБА-лига

МЗТ Скопје Аеродром во четврток (27-ми септември) почнува со настапи во втората АБА-лига, а на една недела пред стартот на официјалната сезона, тимот одигра една корисна контрола. „Штрковите“ го победија Фени индустри со убедливи 86:59.

Екипата на тренерот Ѓорѓи Кочов по подолго време настапи во комплетен состав, со сите репрезентативци, а отсуствуваше само полесно повредениот бек Дарко Соколов.

Американецот Лестер Медфорд беше најефикасен со 16 поени, Хрватот Иве Иванов и Србинот Андрија Бојиќ постигнаа по 13 поени, додека Дамјан Стојановски реализира 10 поени. Андреј Маслинко и Андреј Магдевски постигнаа 8, односно 6 поени.

За МЗТ Скопје сезоната почнува за шест дена, кога во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе гостува словенечки Хелиос Домжале. Македонското првенство треба да почне во првиот викенд од октомври.

Игуаин јунак на Милан, Мојсов трагичар на АЕК Ларнака (Видео)

Гонзало Игуаин му донесе минимална победа на Милан на гостувањето кај луксембуршкиот Дуделанж, кој првпат игра во групната фаза од Лигата на Европа. Ова беше 11-ти гол за Аргентинецот во Лигата на Европа, а трети на последните пет меча.

Погледнете дали Пипита имаше среќа при постигнувањето на голот:

Од македонските интернационалци, резултатски најлошо мина Елиф Елмас, кој играше 90 минути за Фенербахче, но турскиот тим загуби со 1-4 на гостувањето кај Динамо на „Максимир“.

Даниел Мојсов играше со рака во својот шеснаесетник, па судијата мораше да досуди пенал, кој екипата на Цирих го претвори во гол. АЕК токму со тој примен гол го загуби мечот со 0-1, а по 90 минути за кипарскиот тим играа Мојсов и Иван Тричковски.

Позитивни сеќавања од оваа вечер ќе има Стефан Ристовски, чиј Спортинг рутински славеше со 2-0.

Баер Леверкузен е вториот германски тим кој направи пресврт вечерва и по заостанувањето на полувремето, на крајот славеше. Жртва на „фармацевтите“ беше Лудогорец. Победнички голови во финишот постигнаа Селтик и Ред Бул Салцбург. Австријците водеа со 2-0, па му дозволија на Лајпциг да изедначи, но крајот, сепак, Австријците освоија три бода.

Победничкиот гол на „црвените бикови“ од Салцбург:

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА А: АЕК Ларнака – Цирих 0-1, Лудогорец – Баер Леверкузен 2-3.

ГРУПА Б: Лајпциг – Салцбург 2-3, Селтик – Розенборг 1-0.

ГРУПА Ц: Копенхаген – Зенит 1-1, Славија Прага – Бордо 1-0.

ГРУПА Д: Динамо Загреб – Фенербахче 4-1, Спартак Трнава – Андерлехт 1-0.

ГРУПА Е: Спортинг – Карабах 2-0, Арсенал – Ворскла 4-2.

ГРУПА Ф: Дуделанж – Милан 0-1, Олимпијакос – Бетис 0-0.

ГРУПА Г: Рапид Виена – Спартак Москва 2-0, Вилјареал – Ренџерс 2-2.

ГРУПА Х: Лацио – Аполон 2-1, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1-2.

ГРУПА И: Бешикташ – Сарпсборг 3-1, Генк – Малме 2-0.

ГРУПА Ј: Акхисар – Краснодар 0-1, Севилја – Стандард Лиеж 2-1.

ГРУПА К: Динамо Киев – Астана 2-2, Рен – Јаблонец 2-1.

ГРУПА Л: МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0-2, ПАОК – Челзи 0-1.

Будуќност и Партизан полуфиналисти на Суперкупот на АБА

Првакот на АБА-лигата, Будуќност, со потешкотии ја совлада Игокеа со 90:86 во второто четврт-финале на Суперкупот на јадранската лига во Бар. Попладнево, Партизан славеше против домашниот Морнар со 91:77.

Игокеа беше подобра од евролигашот во првото полувреме, но квалитетот на тимот на тренерот Александар Џикиќ дојде до израз во второто полувреме, иако се гледаше дека Будуќност е далеку од потребната натпреварувачка форма.

Партизан приреди мало изненадување со прилично убедливата победа над Морнар, кој во минатата сезона беше најпријатно изненадување во лигата кога стигна до полуфиналето на плејофот. Еден од судиите на оваа средба беше Александар Давидов.

Утре во салата „Тополица“ се играат другите две четврт-финалиња. Двојките се Цедевита – Задар и Црвена ѕвезда – Петрол Олимпија.

„Луди“ голови на Лудогорец, пеколна контра на Арсенал (Видео)

Првото полувреме на натпреварите од Лигата на Европа кои се играат од 21 часот најавуваат интересна завршница, бидејќи само на два меча тимовите имаат два гола предност. Динамо, без повредениот Адеми, засега е подобар од Фенербахче на Елиф Елмас. Од Македонците, играат и Стефан Ристовски (Спортинг), Иван Тричковски и Даниел Мојсов (АЕК Ларнака)

Еве како Обамејанг ја заврши акцијата за водство на Арсенал:

https://www.youtube.com/watch?v=vHwBGDCQLFU

Двата гола на Лудогорец:

 

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, ПРВО ПОЛУВРЕМЕ:

ГРУПА А: АЕК Ларнака – Цирих 0-0, Лудогорец – Баер Леверкузен 2-1.

ГРУПА Б: Лајпциг – Салцбург 0-2, Селтик – Розенборг 0-0.

ГРУПА Ц: Копенхаген – Зенит 0-1, Славија Прага – Бордо 1-0.

ГРУПА Д: Динамо Загреб – Фенербахче 2-0, Спартак Трнава – Андерлехт 0-0.

ГРУПА Е: Спортинг – Карабах 0-0, Арсенал – Ворскла 1-0.

ГРУПА Ф: Дуделанж – Милан 0-0, Олимпијакос – Бетис 0-0.

Веќе четири скршеници сезонава за играчи на Севилја

Ибрахим Амаду мораше да го напушти теренот во 12-тата минута на средбата Севилја – Стандард Лиеж поради изместен лакот, а можеби снимките ќе покажат дека има и скршеница. Тој беше изнесен од терен на носила. Андалузијците немаа проблем со белгискиот тим и убедливо победија, но навистина немаат среќа со повредите.

Малерот почна кон крајот на август, кога Серхио Ескудеро се здоби со дислокација на лакотот на дуелот со Вилјареал. Ескудеро нема да игра неколку недели.

Нешто слично му се случи на Габриел Меркадо во градското дерби со Бетис. Аргентинецот при еден пад, скрши коска во десното рамо. Меркадо веќе тренира, но не се знае кога ќе може да игра.

Максим Гоналон на тренингот на шести септември ја повреди ногата и нема да игра еден месец. Сега со Амаду има само проблем плус за лекарскиот и стручниот штаб на Севилја.

Пресврт во Марсеј, голеади во Шпанија

Вилјареал и Глазгов ренџерс го одиграа најинтересниот меч во сердбите од 18.55 часот во Лигата  на Европа. Гостите од Шкотска двапати изедначуваа по водствата на домашните.

Најмногу голови паднаа во Севилја, каде што настрада Стандард Лиеж. Најголем кикс направи Олимпик Марсеј, кој водеше 1-0 по првото полувреме, а при 1-1, имаше играч повеќе, но Ајнтрахт го искористи играњето без публика и направи пресврт. Јунак на Ајнтрахт беше Лука Јовиќ со голот во 89 минута.

Бешикташ се разбуди во второто полувреме и даде три гола против норвешки Сарпсборг. Нашиот Бобан Николов од МОЛ Види, беше повлечен од игра во 78 минута, при 0-1. По неговото излегување, унгарскиот тим прими уште еден гол.

ЛИГА ЕВРОПА, 1 КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА Г: Рапид Виена – Спартак Москва 2-0, Вилјареал – Ренџерс 2-2.

ГРУПА Х: Лацио – Аполон 2-1, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт 1-2.

ГРУПА И: Бешикташ – Сарпсборг 3-1, Генк – Малме 2-0.

ГРУПА Ј: Акхисар – Краснодар 0-1, Севилја – Стандард Лиеж 2-1.

ГРУПА К: Динамо Киев – Астана 2-2, Рен – Јаблонец 2-1.

ГРУПА Л: МОЛ Види – БАТЕ Борисов 0-2, ПАОК – Челзи 0-1.