Дома Blog Страница 14

Семењо: Хаусен само што дојде во Борнмут, ни кажа дека наредната сезона ќе оди во Реал

Фудбалерот на Манчестер сити, Антоан Семењо, раскажа една анегдота од времето кога играше во Борнмут. Во летото 2024 година, кога Шпанецот Дин Хаусен преминал од Јувентус во Борнмут, на своите соиграчи им рекол дека само една сезона ќе биде со нив, а потоа ќе оди во Реал Мадрид.

Тоа се обвистини, Хаусен во летото 2025 потпиша за Кралскиот клуб и Семењо му честитал, иако првиот пат кога Хаусен говорел дека ќе оди во Реал, не го сфатил сериозно.

„Кога Хаусен потпиша за Борнмут, тој ни рече: Следната година ќе потпишам за Реал Мадрид. И навистина, тој потпиша за Реал Мадрид следното лето и јас си помислив: „Вау, тоа е одлично!. А, првиот пат кога спомна, му реков: Што зборуваш, треба се изградиш во Премиер лигата, тоа не е за тебе. Но, тој повтори, ќе одам во Реал следното лето. Кога Дин навистина лани почна да преговара со Реал, си реков: Ова е лудо“, раскажува Семењо. 

Беровчанец погоди не еден, туку два пресвртa полувреме-крај на ист тикет

Во објект на Sport Life во Берово вчера бил уплатен тикет на кој точно се типувани два пресвртa во играта „полувреме-крај“ и уплатата од 100 денари на овој обложувач му донесе бруто-добивка од 900 евра.

Најпрвин се чекаше ФЦСБ да губи на полувреме од Фарул во романската лига за опстанок, а да победи на крај. Тимот од Констанца водеше 1-0 на полувреме со гол во 43-таta минута, а на крајot гостите од Букурешт победија со 3-2.

Вториот меч на тикетот беше од втората шпанска лига и за добивка потребно беше на полувреме да води Мирандес, а на крај да победи Депортиво Ла Коруња. Мирандес имаше предност на одмор откако во 42-рата минута од пенал поведе со 1-0. Ла Коруња во вториот дел даде три гола и победи со 3-1 за радост во Галиција, но и во Берово.

Гулит: Италија треба да се врати на својата ДНК, тоа е одбраната, „тики-така“ не е за секого

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Милан и на италијанската Серија А воопшто, Руд Гулит, не се согласува со Леонардо Бонучи, кој рече дека сон му е селектор на Италија да стане Пеп Гвардиола.

Гулит смета дека ако Италијанците сакаат да си ја вратат националната гордост, треба да им се вратат на своите корени, она што им е во крвта, а тоа е одбраната. Одбраната и популарното „катеначо“ беа тие кои им носеа успех.

„Во вашата ДНК е да ги имате најдобрите дефанзивци, добри голмани, добри напаѓачи. Последната титула Италија ја освои благодарение на Кјелини и Бонучи. Тоа е вашата ДНК, одбраната. Не велам дека треба да се паркира автобусот пред голот, но одбраната е важна, едно време ги имавте Малдини и Канаваро. Тики-така фудбалот со многу додавања кои почнуваат од својот 16-ник не е за секого, иако сите сакаат да го играат“, вели Гулит, кој во Италија играше во „златното време“ и кога беше дозволено да играат најмногу тројца странци во екипа.

Венгер убеден дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата

Арсен Венгер, човекот кој беше предводник на „Непобедливите“, шампионскиот тим на Арсенал од 2003/2004, кога Топчиите последен пат ја освоија Премиер лигата и тоа без пораз, верува дека лондонските Црвено-бели ќе ја освојат титулата во оваа сезона.

„Вечно вториот“ Арсенал и оваа сезона долго време води, но како и многупати во минатото, ја испушти предноста и сега има само три бода предност во однос на Манчестер сити, а Сити има одиграно и еден меч помалку, па за титулата може да одлучува и гол-разлика. Во моментов, Арсенал има за еден гол подобра гол-разлика, но тоа може да биде поништено утре ако Манчестер сити го победи Барнли.

Мислам дека Арсенал ќе ја освои Премиер лигата. Навистина длабоко верувам во тоа, изгледа многу логично. Ми се допаѓа начинот на којшто Езе, Одегард, Хаверц и Мадуеке играат напред. Манчестер сити нема да ги добите сите мечеви до крајот“, рече Венгер, кој сега работи во ФИФА.

Арсенал во последните пет кола сите мечеви ги игра во Лондон, дома со Њукасл, Фулам и Барнли, а гостува кај Вест хем и Кристал палас.

Сити има шест меча за играње, и тоа дома со Брентфорд, Кристал палас и Астон вила, а гостува кај Барнли, Евертон и Борнмут.

Ламин Јамал нема дилеми: „Меси е најдобриот во историјата и мој идол“

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, го посочи напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, како свој спортски и фудбалски пример.

„Кога ќе сфатиш дека еден спортист е легенда не само во својот спорт, туку и во сите останати, тоа е затоа што е најдобар. Меси е пример за тоа. Тој е најдобриот фудбалер во историјата, а исто така и најдобриот спортист. Тој не е само уште еден идол. Сите го почитуваат за сè што има направено, за примерот што го дава, а јас се надевам дека ќе ги следам неговите чекори“, изјави Јамал.

Шпанскиот репрезентативец често е споредуван од навивачите на Барселона со Меси, кој ги освои сите можни трофеи со Каталонците и стана легенда на клубот, по што во 2021 година премина во ПСЖ.

Ламин Јамал ја освои наградата за млад спортист на годината на Светската спортска академија „Лауреус“.

Може ли Sвезда до победа во Барселона? За една екипа вечерва ќе заврши сезоната во Евролигата (Фото)

Погледите на кошаркарската јавност се насочени кон Атина и кон Барселона бидејќи вечерва започнува плејин-разигрувањето во Евролигата. Само за две екипи од четирите кои ќе разигруваат ќе има место во плејофот, а Барселона или Црвена ѕвезда вечерва ќе се збогуваат од евролигашката сезона.

Поразениот од дуелот на деветтата и десеттата екипа во регуларниот дел ќе испадне, а тоа ќе биде или гордоста на Каталонија или „црвено-белите“ од Белград.

Квотите се на страната на Барселона, па Каталонците имаат квота за победа од 1.60 во понудата на Sport Life.

Панатинаикос или Монако уште вечерва ќе се чекираат во плејофот, а поразениот ќе добие можност за поправен. Екипата од Атина е фаворит со квота од 1.32.

Во Sport Life може да се одигра и на кошаркарите и најпопуларната игра меѓу типувачите – „плус-минус“ на поени, скокови и асистенции. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.

Легендата на Барселона ќе биде нов селектор на Мексико

Легендарниот дефанзивец Рафаел Маркес ќе ја води репрезентацијата на Мексико. Сепак, тој ќе ја преземе функцијата по завршувањето на Светското првенство 2026. Во моментов 47-годишниот поранешен фудбалер на Барселона е асистент на актуелниот селектор Хавиер Агире, кој ќе се повлече по крајот на Светското првенство.

Помошник на Рафа Маркес ќе биде Андрес Гуардадо, кој изгради солидна кариера во Шпанија со Бетис, Валенсија и Ла Коруња. Триесет и деветгодишниот поранешен играч од средниот ред има статус на легенда во Мексико откако одигра 180 натпревари за националниот тим.

Дел од стручниот штаб ќе бидат и Алфредо Талавера (тренер на голманите) и Видал Палома (помошник-тренер).

Рафаел Маркес е првиот фудбалер кој ја предводел својата репрезентација како капитен на натпревари на пет светски првенства – 2002, 2006, 2010, 2014 и 2018. За Мексико има одиграно 146 натпревари и има постигнато 19 гола.

Ново коло, нови предизвици: Во преден план е дерби-дуелот во Серија А

Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна. Првиот натпревар започнува во сабота од 13:30 часот, а тоа значи дека дотогаш ќе може да ги пополнувате вашите прогнози за натпреварите од најквалитетните европски лиги.

Во преден план е дерби-дуелот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Јувентус.

Најмногу натпревари, вкупно четири, се од шпанската Ла Лига, по три меча има од германската Бундеслига и италијанската Серија А. Два натпревари се од англиската Премиер лига и еден од француската Лига 1. Тоа се 13-те меча кои треба да бидат погодени за освојување на подарок.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

Европската фудбалска елита налето се сели во Хонг Конг: Натпревари ќе играат Сити, Челзи, Интер …

Екипите на Манчестер сити, Челзи, Интер и Јувентус ќе одиграат пријателски натпревари во Хонг Конг во август, соопштија клубовите.

На модерниот стадион „Каи Так стадиум“ со капацитет од 50.000 гледачи, кој беше отворен пред една година, тимот предводен од Пеп Гвардиола ќе се соочи со Интер на први август (сабота), на отворањето на „Хонг Конг фудбал фестивал“.

Овој мини-турнир пред почетокот на сезоната ќе заврши на петти август, со натпреварот меѓу Челзи и Јувентус.

Четирите клуба ќе ги отворат и своите тренинзи за јавноста пред натпреварите, овозможувајќи им на навивачите да ги следат во живо.

Во меѓувреме, Баерн Минхен и Астон вила исто така најавија пријателски меч на седми август во Хонг Конг, каде што минатата година Ливерпул и Тотенхем играа против Милан и Арсенал.

 

Иднината на Рашфорд на „Камп ноу“ е неизвесна, Барселона неговата замена ја гледа во ПСЖ

Раководството на Барселона планира да го засили тимот на Ханси Флик најмалку со две сериозни засилувања во летниот преоден рок, при што главни приоритети се Алесандро Бастони и Хулијан Алварес. Паралелно, клубот разгледува и опција за замена за Маркус Рашфорд бидејќи шансите тој да остане на „Камп ноу“ се мали.

Според информациите, интересот е насочен кон крилото на ПСЖ – Бредли Баркола. Во Барселона би сакале Рашфорд да остане, но единствено прифатлива опција е нова позајмица, што Манчестер јунајтед веќе ја одбил. Тоа значително ги намалува шансите Англичанецот да продолжи во Каталонија.

Во меѓувреме, евентуалната достапност на Баркола може целосно да ги промени приоритетите на Каталонците. Доколку стане достапен на пазарот, тој би можело да стане главна цел за засилување на нападот. Интерес за него покажува и Ливерпул. Нејаснотијата околу неговиот нов договор отвора прашања за неговата иднина во ПСЖ.

Доколку Барселона ослободи доволно средства преку можни заминувања на Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен и Марк-Андре тер Штеген, клубот би можело сериозно да влезе во трката за потписот на Баркола, кој одамна е на радарот на спортскиот директор Деко.

Иако неговите квалитети се високо ценети на „Камп ноу“, односите со неговиот агент Муса Сисоко може да претставуваат проблем. Тој беше клучна фигура и при заминувањето на Усман Дембеле во 2023 година.

Се смета дека сума од околу 80 милиони евра би можела да биде доволна за трансферот, но останува да се види дали Барселона ќе има финансиска моќ, со оглед дека приоритети остануваат доведување централен дефанзивец и класичен напаѓач.