Дома Blog Страница 26

Диего Симеоне: Противникот беше порешителен во решавачките моменти

Реал Сосиедад по четврти пат во клупската историја се радува на титула во Купот на Шпанија. Во финалето кое се играше во Севилја, по голема борба и речиси три часа надмудрување, Сосиедад на пенали го победи Атлетико Мадрид.

Во регуларниот  дел, Сосиедад два пати водеше, но Атлетико два пати израмнуваше, па по 90 минути беше 2:2 и мораше да се играат дополнитени 30 минути. Во продолженијата немаше погодоци, па освојувачот на трофејот во Купот мораше да се решава на пенали.

Во пенал-рулетот, голманот на Сосиедад ги одбрани првите два пенали кои ги шутираа Сорлот и Алварес, па на крајот тоа беше клучно за победа од 4:3 и голема радост на „сино-белиот“ дел од трибините на стадионот.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид останаа разочарани, а посебно разочаран беше тренерот Диего Симеоне кој во 15 години како дел од клубот, трофејот во Купот го има освоено само еднаш.

„Противникот беше порешителен во решавачките моменти. Ние успеавме да се вратиме во игра и да израмниме, а потоа имавме многу добри шанси за целосен пресврт, но Кардосо и Баена не погодија. Имавме шанси и во продолжението, но на крајот ми останува само да му честитат на Реал Сосиедад за победата. Во изминатиов период имавме многу теши натпревари и сега не ни останува ништо освен да продолжиме да работиме и да се фокусираме на тоа што ни следува“, рече разочараниот Симеоне по поразот во финалето на Купот.

Јувентус треба да победи, битка за титулата во Белгија, ќе биде јако во Португалија, Франција и Германија

3009 Јувентус – Болоња (20:45 ч.)

Важен меч посебно за Јувентус, затоа што домаќините со победа и три бода ќе се зацврсти на четвртото место кое е последно што води излез во Лига на шампиони за следна сезона. Старата дама влезе во добар ритам и има четири победи и едно реми во последните пет меча во Серија А.

Болоња игра променливо, а интересно е дека од последните шест меѓусебни дуели дури пет пати било нерешено, а еднаш Јувентус се радувал.

Предлог тип: 1&2-4 (2.25)

 

1809 Борусија Менгенгладбах – Мајнц (19:30 ч.)

Домаќините се под притисок дека мора да победат затоа што се нна 15 место, последо кое носи сигурен опстанок во Бундеслигата. Мајнц иако е на 10 место, има само три бода повеќе од Борусија М. Двете екипи имаат слаби одбрани, а на четири од последните пет меѓусебни дуели, двата тима постигнувале барем по еден погодок, па и вечерва може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.23)

 

1708 Стразбур – Рен (17:15 ч.)

Двата тима се во добра форма и се во горниот дел од табелата во француското првенство. Стразгур дома игра одлично и во 14 меча има дури осум победи, а само три пати загубил. Сепак, не треба да се заборави и дека Рен е добар на гости и загубил само три пати во 15 средби.

Стразбур во последните седум кола има три победи и четири реми без пораз, па сигурно ќе сакаат да продолжат во ист ритам.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

1661 Ројал Унион – Бриж (18:30 ч.)

Дуел на двете екипи кои се на првите две места во првенството на Белгија и ќе се борат за титулата. Ројал Унион има еден бод повеќе од Бриж, а вечерва и предноста на домашен терен.

Ројал Унион игра одлично и на последните 20 меча во Купот и првенството на Белгија нема пораз (последен пат загуби во ноември минатата година). Бриж има осум победи и едно реми во последните девет првенствени средби.

Кога се работи за меѓусебните средби, четири пати од последните пет пресметки немало повеќе од еден гол, што значи дека еден потег може да биде решавачки.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.35)

 

1543 Брага – Фамаликао (21:30 ч.)

Две екипи кои според квалитетот се веднаш зад трите најдобри екипи во Португалија. Брага е на четвртото место со 52 бодови, додека Фамаликао има пет помалку и е на петото место. Фамаликао нема ниеден пораз во последните седум средби во првенството.

Традицијата вели дека девет пати од последните 10 меѓусебни дуели завршиле со гол-гол комбинација, а во тие 10 средби имало дури 38 погодоци, односно просек од речиси четири гола по меч.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

Миленко со порака до Тиквеш: Бујрум бе мажи

Македонското фудбалско првенство одамна не било толку интересно, како во трката за титулата, така и во битката за опстанок. Денеска се играат два меча со кои ќе се комплетира 28 коло, а многу реакции привлече дуелот во Кавадарци од пред два дена кога Шкендија со 4:1 го победи Тиквеш.

Првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски денеска преку профилот на социјалните мрежи имаше реакција, посебно кој кавадарчани и Тиквеш. Неделковски пишува дека фудбалерите на Тиквеш „предат како мачиња“ кога играле против Шкендија, но дека не е така кога играат против Вардар. Тој потсетува дека есеноска Мато заработил скршеница на стопалото токму на дуелот против Тиквеш.

Оваа реакција на Миленко доаѓа во пресрет на следното 29 коло во кое токму Вардар е домаќин на Тиквеш, а првиот човек на Вардар на противниците им порача „Бујрум бе мажи“.

 

Зголемени коефициенти за победи на Баерн Минхен, Ливерпул, Јувентус, Манчестер сити, Спортинг, Бешикташ…

Целосно фудбалски е денешниот Супер тип во Sport Life со мечеви од најатрактивните лиги во Европа. Астон вила има тежок меч на домашен терен против Сандерленд, а за „кец“ квотата е зголемена на 1.84. На дебито во Премиер лигата меѓу Манечстер сити и Арсенал, фаворити се Граѓаните, а зголемениот коефициент за победа на домаќините достигна точно 2.00.

Ливерпул да победи во градското дерби против Евертон на гости е со квота од 2.31, додека Баерн во Минхен да слави против Штутгарт носи одличен коефициент од 1.48. Зголемени се квотите за победи и на Спортинг против Бенфика, како и за Олимпијакос да слави на гости против градскиот ривал Олимпијакос.

Работнички нема друг избор освен да победи, Башкими брка три бода за мирен финиш на сезоната

Денеска ќе се комплетира 28. коло на Прва фудбалска лига на Македонија, а на програмата се два меча кои може да донесат интересен расплет за опстанокот во елитата. Работнички ќе го пречека тимот на Арсими, додека Башкими во Куманово ќе ја пречека Стрга ТЛ.

Работнички веќе нема право на кикс. Романричарите имаат само 25 бодови и се на 10 место кое значи испаѓање. Дури и да победи, Работнички ќе остане во зоната за испаѓање, но тогаш не стигне само на еден бод зад Пелистер. Арсими има 35 бодови и е на седмото место на табелата.

Пред нешто повеќе од еден месец Работнички со 1:0 го победи Арсими на арената „Тодор Проески“, па сигурно домаќините и сега би биле презадоволни со ист резултат.

Башкими има само една победа во последните пет кола, но уште е комотен со 37 бодови на шестото место. Ако Башкими денеска слави над Струга ТЛ, кумановци ќе бидат речиси сигурни до крајот на сезоната. Сепак, не треба да се заборави во двата дуели кои сезонава ги одиграа овие два тима, Струга ТЛ беше убедлива и победуваше со 5:0 на гости и уште поубедливо со 6:0 на свој терен.

Дерби до дерби во Квоти на ден, а вкупниот коефицинет е одличен

Пет супер интересни средби се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 39.55.

Во градското дерби, Ливерпул да не загуби на гости кај Евертон во дуел на кој двете екипи ќе постигнат гол носи квота од 2.30.

Милан да слави на гостувањето кај Верона во натпревар на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци е со коефициент од 2.45.

Битката за титулата меѓу Манчестер сити и Арсенал ја нуди комбинацијата Граѓаните да не загубат, а во првото полувреме да нема повеќе од еден погодок.

ПСЖ и Лион треба да си дадат барем по еден гол, а потребно е да има најмалку по еден погодок во двате полувремиња, комбинација која се вреднува со точно два коефициент.

На мечот од Серија А меѓу Јувентус и Болоња во двете полувремиња треба да има меѓу еден и три гола, комбинација која носи квота од 1.95.

Гнабри има тешка повреда, можно е да не игра и на Светското првенство

Баерн Минхен доби многу лоши вести, а тоа е дека до крајот на сезоната сигурно нема да може да сметаат на Серж Гнабри. Еден од најдобрите фудбалери на баварскиот гигант заработи повреда во дуелот против Реал Мадрид во Лига на шампиони, а по направените лекарски контроли констатирано е дека претрпел руптура на адукторскиот мускул и ќе го пропушти полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.

Баварскиот клуб не прецизираше колку долго ќе биде надвор од терените, само наведувајќи дека станува збор за „долгорочно“ отсуство. Уште позагрижувачки е фактот дека играчот од средниот ред би можел да го пропушти Светското првенство.

Иако сè уште не е официјално отпишан од Мундијалот, просечно закрепнување од тешка руптура на адукторскиот мускул трае шест до осум недели мирување пред да започне рехабилитацијата со полесни тренинзи.

Гнабри сезонава постигна 10 голови, а имаше и 10 асистенции во дресот на Баерн Минхен, кој денеска на свој терен во Минхен може да ја прослави новата титула во Бундеслигата.

Нова „магија“ на Меси, Аргентинецот со два гола донесе победа на историски меч во МЛС (Видео)

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето во Колорадо, во меч од МЛС шампионатот на САД, а во глава улога беше Лионел Меси. Легендарниот аргентински виртуоз покажа дека уште е незадржлив, постигнувајќи два гола во победата на неговиот тим.

Меси прво погоди во 18 минута од пенал за водство на Интер Мајами од 1:0. За Меси ова беше вкупно 113 погодок од пенал во кариерата, а има промашено само 31 удар од белата точка.

Гостите од Мајами на полувреме водеа и со 2:0 откако прецизен беше Бертераме. Сепак Колорадо не се предаде и во првите 15-тина минути од второто полувреме домаќините постигнаа два гола за израмнување на 2:2. Да не биде нерешено се погрижи повторно Меси.

Аргентинецот направи еден соло продор, а потоа во негов стил успеа да ја пласира топката во мрежата покрај немоќниот голман на домаќините. Овој прекрасен погодок беше вкупно 905-ти за Меси во кариерата. Откако дојде во Интер Мајами, Меси има одиграно 97 натпревари, а досега постигна 85 погодоци, плус има и 43 асистенции.

Шоуто на Меси на стадионот во Колорадо го гледаа 75.824 гледачи што е втот најгледан меч во историјата на МЛС шампионатот.

За Интер Мајами ова беше четврта победа во осмиот меч сезонава и со 15 бодови тимот се искачи на второто место на табелата во Источната конференција, зад лидерот Нешвил кој има 19 бодови.

Јокиќ со трипл-дабл го почна и плејофот за 13-та победа по ред на Денвер, Лејкерс победија и без Дончиќ (Видео)

Екипата на Денвер нагетс со победа стартуваше во НБА плејофот откако на домашен терен по голема борба славеше над Минесота со 116:105. Домашниот тим лошо го започна дуелот и по првата четвртина имаше двоцифрено заостанување од 33:23. Брзо се врати Денвер и втората четвртина ја доби со 39:29, па на полувреме се замина со нерешен резултат (62:62).

Клучната предност за победата Денвер ја направи во третата четвртина кога поведе со 85:70 и потоа до крајот на дуелот не дозволи противникот да се понадева дека може да направи брејк на стартот од плејофот. Дуото Џемал Мареј и Никола Јокиќ беа предводници во победничкиот тим, заедно постигнувајќи речиси половина од поените на домаќините. Мареј со 30 поени беше најефикасен на средбата, а Јокиќ уште еднаш ја покажа својата разновидност и средбата ја заврши со трипл-дабл од 25 поени, 13 скокови и 11 асистенции. За Денвер ова беше 13-та победа по ред и сега се блиску до израмнување на клупскиот рекорд.

Кај Минесота најефикасни беа Едвардс со 22 поени и Гоберт со 17 поени и 10 скокови.

Интересно е дека на стартот од плејофот, домашните екипи беа без грешка и во сите четири меча беа подобри. Освен Денвер, пред своите навивачи победуваа и Лос Анџелес лејкерс против Хјустон со 107:98, Њујорк беше подобар од Атланта со 113:102 и Кливленд кој го победи Торонто со 126:113.

 

Пенал-рулетот застана на „сино-бело“: Реал Сосиедад го освои Купот на Шпанија (Видео)

Реал Сосиедад четвртипат во историјата, односно првпат по 2020 година, го освои Купот на Шпанија. Екипата од Баскија во финалето беше подобра од Атлетико Мадрид дури по изведувањето на пеналите. Мечот по 90 минути игра заврши нерешено, 2-2, а ист беше резултатот и по 120 минути игра во Севиља.

Унаи Мареро е херојот на Реал Сосиедад, со оглед дека ги одбрани пеналите на Сорлот и Алварес, а на спротивната страна Мусо успеа да го скроти само ударот на Оскарсон.

Диего Симеоне и по пет години останува без трофеј со Атлетико Мадрид, откако во 2021 година сензационално ја освоија Ла Лига.

Мечот во Севиља беше драматичен и во неговиот регуларен тек. Баранечеа ги доведе Баскијците во водство уште во 14-тата секунда, а Лукман израмни на 1-1 во 18-тата минута.

Ојарзабал од пенал во самиот финиш на првото полувреме донесе нова предност за екипата од Баскија, а Хулијан Алварес во 83-тата минута ги постави конечните 2-2.