Дома Blog Страница 29

Луис Енрике: „Има еден дел од сезоната кој сите го сакаат – кога се освојуваат трофеите“

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во саботата изјави дека неговиот тим „се чувствува добро“ и дека играчите се „подготвени“ на крајот од сезоната повторно да освојуваат трофеи.

„Има моменти што сите играчи ги сакаат – тоа е делот од сезоната кога треба да се освојуваат трофеи. Се чувствуваме добро и фудбалерите се подготвени за завршницата“, изјави шпанскиот тренер три дена по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде противник ќе им биде Баерн Минхен.

„Не правиме ништо поразлично, се обидуваме да најдеме баланс со повредите, формата на играчите и нивната минутажа“, додаде тој.

Дезире Дуе, кој заработи полесна повреда на коленото во реваншот против Ливерпул, ќе биде во составот, додека Нуно Мендеш нема да настапи поради проблем со бутниот мускул и продолжува со тренинзи во сала.

„Дали сме посилни од минатата сезона? Не знам. Дали сме посилни или не е помалку важно – на ова ниво конкуренцијата е неверојатна“, одговори Енрике, додавајќи дека нема фаворит во пресметката со Баерн Минхен.

„Не е важно кој е фаворит, туку кој ќе го покаже своето ниво на теренот. Играме трет последователен полуфинален дуел и сме горди на тоа“, истакна тренерот.

Дефанзивец на Реал Мадрид заврши во болница: За 15 дена изгубил шест килограми

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, заврши во болница поради сериозни стомачни проблеми.

Од „кралскиот клуб“ ги потврдија овие информации и појаснија за што станува збор.

„На нашиот фудбалер му е дијагностициран бактериски ентероколитис. Станува збор за воспаление на дигестивниот тракт предизвикано од бактерии како салмонела, ешерихија коли или кампилобактер“, соопштија од клубот.

Оваа состојба може да биде многу исцрпувачка за професионален спортист, бидејќи често вклучува тешка дехидрација, треска и болки во стомакот.

Иако клубот не наведе точен датум за враќање, опоравувањето од бактериски ентероколитис обично трае од една до три недели, во зависност од тежината на инфекцијата и времето потребно играчот да ја врати физичката сила и килограмите изгубени за време на болеста.

Дополнително, познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека Асенсио за две недели изгубил дури шест килограми.

Во Минхен веќе се подготвува славјето, првата жена тренер дебитираше со пораз

Баерн Минхен е на чекор од титулата во Бундеслигата, односно може да ги спречи само чудо да не го одбранат трофејот. Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Хофенхајм со 2-1, па „баварците“ имаат предност од 12 поени, но и меч против Штутгарт во недела.

До крајот остануваат уште само четири кола, па „милионерите“ имаат само теоретски шанси да го стигнат Баерн, но и во случај да се израмнат по бројот на бодови, сепак, во Германија одлучува гол-разликата, а таа е на страната на „баварците“.

Баерн Минхен има позитивна гол-разлика од 78 гола, а Борусија од 30 или разлика од неверојатни 48 гола.

Тоа би значело само едно – утре на „Алијанц арената“ ќе се слави нова шампионска титула.

Првата жена тренер во топ-5 лигите, Мари-Луис Ета, дебитираше со пораз на клупата на Унион Берлин. Екипата од главниот град на Германија загуби на домашен терен со 1-2 од Волфсбург.

Резултати:

Баер Леверкузен – Аугсбург 1-2
Хофенхајм – Борусија Дортмунд 2-1
Унион Берлин – Волфсбург 1-2
Вердер Бремен – Хамбургер 2-1

Брегалница го задржа второлигашкиот врв, убедливи победи за Скопје, Охрид и Шкендија

Водечките четири екипи во Втората лига забележаа нови победи, па разврската на врвот ќе се решава во последните пет првенствени кола. Штипска Брегалница останува лидер на табелата со 58 бода, откако попладнево славеше со минимални 0-1 во најинтересниот натпревар од 25-тото коло над Детонит Плачковица во Радовиш.

Скопје, Охрид и Шкендија од Арачиново остануваат на делба од второто до четвртото место со по 56 бода, а сите три екипи денес забележаа и повеќе од убедливи победи. Екипата од „Автокоманда“ беше најубедлива и со 7-0 славеше над Саса. Охрид на домашен терен ја победи Преспа со 6-1, а Шкендија со 5-0 беше подобра од прилепска Победа.

Резултати:

Детонит Плачковица – Брегалница (Ш) 0-1
Скопје – Каменица Саса 7-0
Охрид Лихнидос – Преспа 6-1
Шкендија (А) – Победа 5-0
Осогово – Тетекс 2-1
Беласица – Кожуф 0-0
Слога (В) – Вардар (Н) 3-3
Големо Коњари – Новаци (играат утре)

Фудбалерките загубија од Унгарија со „лото“ резултат

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз од Унгарија, овој пат со 7-0 на гостински терен. Унгарките за само дена славеа двапати над нашите фудбалерки, постигнаа 12 гола, а избраничките на селекторот Александар Андов не упатија ниту еден удар во рамки на противничкиот гол за 180 минути.

Слично како и пред четири дена во Битола, мечот од квалификациите за пласман на Светското првенство против Унгарија беше решен уште во првото полувреме. Мајер во 21-вата минута погоди за 1-0, а Панева во 35-тата минута си постигна автогол.

Во второто полувреме Унгарките уште петпати ја затресоа мрежата на Панчурова. Серијата голови ја отвори Папаи во 47-мата, ја продолжи Мајер во 51-вата, а „петарда“ пукна Кајан во 68-мата минута.

Последните два гола за Унгарија беа постигнати во финишот од мечот, кога Наѓи во 88-мата и Савања во 94-тата минута стрелаа прецизно во мрежата на Македонија.

Нашата репрезентација останува на третата позиција во групата со само три бода. Пред нас се Унгарија со 10 и Азербејџан со девет, додека последна е Андора со еден бод.

МВР потврди: Навивачите на Охрид биле нападнати по историскиот пласман во финалето од Купот

Министерството за внатрешни работи и официјално потврди дека навивачите на РК Охрид, популарно наречени „Рибари“, биле нападна на враќање од Струмица по историскиот пласман на нивниот клуб во финалето од Купот на Македонија.

Иако претпоставките беа дека битолските навивачи, „Чкембари“, ги нападнаа своите ракометари по дебаклот кој го доживеаја и елиминацијата од Охрид, сепак од МВР стигна официјална потврда дека нападнатите биле навивачите на противничкиот клуб, а не ракометарите на Еурофарм Пелистер.

„На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница,  минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.“ – се вели во билтенот на МВР.

„Лавовите“ гледаат кон Втората лига, опстанокот сега е реалност за Пелистер (Видео)

Фудбалерите на Пелистер забележаа триумф од 2-0 над директниот конкурент за опстанок, Македонија ЃП, на домашен терен во 28-мото прволигашко коло.

Битолчани до победата дојдоа со два гола во второто полувреме. Најпрво погоди Мирко Ивановски во 49-тата миута, а вториот гол беше дело на српскиот интернационалец Милан Србијанац во 72-рара минута.

Македонија ЃП играше со фудбалер помалку од 59-тата минута поради исклучувањето на Гереро.

Пелистер сега има 29 бода, четири повеќе од Работнички во зоната за испаѓање и плус пет во однос на „лавовите“ од Скопје. Битолчани имаат заостанување од шест бода од Арсими, кој е седми и на позиција која носи директен опстанок во Првата лига.

Модриќ поставил три услови за да го продолжи договорот со Милан

Лука Модриќ во септември ќе наполни 41 година, но очигледно е дека Хрватот не размислува да се повлече од големата сцена. Еден од најдобрите играч во последниве две-три децениил, пред почетокот на оваа сезона пристигна во Милан и тоа како слободен играч од Реал Мадрид. Модриќ постигна договор на 1+1 сезона, а со игрите во изминативе неколку месеци покажува дека уште е меѓу најдобрите.

Сите чекаат Хрватот да го продолжи договорот, но тој има три услови пред да стави потпис за останување меѓу Росонерите. Како прв услов на Модриќ е тимот да се квалификува за настап во Лигата на шампионите. Милан е третопласираната екипа и е на добар пат да го оствари тој прв услов.

Вториот услов е Масимилијано Алегри да остане тренер. Модриќ има одличен однос со искусниот тренер и верува дека тој е вистинската личност за продолжување на проектот.

Третиот и најважен услов се засилувањата. Модриќ верува дека Милан мора да ги задржи своите најдобри играчи, дека Рафаел Леао треба да остане, а дека клубот треба да инвестира во засилувања. Пораката на Модриќ е јасна – Милан не треба само да биде учесник во натпреварувања, туку да биде конкурентен во секое од нив, што е став што недостасуваше на Сан Сиро во последните години.

Започнува НБА плејофот: Домаќините се фаворити, Хјустон ја брани честа на гостите (Фото)

Кошаркарскиот НБА маратон започнува во 19 часот по македонско време и ќе трае се до рано изутрина, а на програмата се четири меча од плејофот на кои се очекуваат три домашни и една гостинска победа.

Според квотите во Sport Life, најголем фаворит е Кливленд со квота за победа од 1.35. Следува Денвер со квота од 1.49, а тука некаде е и квотата за Њујорк – 1/52.

Единствената екипа која е фаворит на гости е Хјустон, со квота од 1.53 за триумф кај ЛА Лејкерс.

Во Sport Life може да се најде и специјална, проширена понуда за кошаркарите и најпопуларната игра „плус-минус“, која може да се одигра на поени, скокови, асистенции и вкупно тројки, но и збор од поени, скокови и асистенции. Комплетната може да ја најдете ТУКА.

Чуамени се закани: Ако тоа се повторно се случи, ќе го напуштиме теренот

Реал Мадрид сезонава многу веројатно е дека ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Откако беше елиминиран од сите натпреварувања, Кралскиот клуб останува само да се бори за трофејот во првенството, но и таму не е во поволна ситуација затоа што заостанува девет бодови зад Барселона.

До крајот на првенството има уште седум кола, а освен тоа да се фокусираат на натпреварите, играчите на Реал најавија борба и на друг план. Играчот за врска на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени јавно порача дека тој и соиграчите ќе се повлечат од теренот, доколку на некој фудбалски меч повторно слушнат навреда на расна основа за Винисиус јуниор.

Винисиус веќе подолго време е мета на расна навреда, а Чуамени вели дека посебно се вознемирува кога ќе слушне расистички скандирања од трибините. Кулминацијата сезонава беше на мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лига на шампиони кога играчот на португалскиот тим, Џанлука Престијани наводно го навредил Винисиус, но тоа не може да се потврди, затоа што играчот на Бенфика ја имаше покриено устата со рака и не може да се открие дали нешто зборел.

„Вини на тој меч беше наречен мајмун. Наш следен чекор кога повторно ќе се случи такво нешто е да престанеме да играме. Нема да дозволиме тие сцени да се повторат“, рече Чуамени.

Следниот меч на Реал Мадрид ќе биде против Алавес на „Сантијаго Бернабеу“ на 21 април, во рамките од 32 коло на шпанското првенство.